Знае некоја да каже како е во Гоце во В, таму примиле моја роднина, И ако знае некоја да каже можно ли е да се смени во ГУЦ (ја не знаев ни дека постои таков дом) некаде Тафталиџе бил, Гоце и е ептен далеку. И ова има ли паркинг во Гоце и ГУЦ да си паркира автомобилот, дозволено ли е.
Уште вчера имаше резултати, јас денес онака поминав откај Гоце за роднина ме интересира, имаше и деца што се сместуваа.
Здраво дечки, дали има некои што се примени во Гоце и поради одредени причини не планираат да седат или да знаат блиски другари/ки што би издале соба?
Dali ako se vrabotam so skrateno rabotno vreme, kje treba da plakjam vo studentski, a pritoa sum oslobodena?
Погрешно ме сфати, всушност јас не дадов доволно детали Оваа година сум матурантка и најверојатно од октомври ќе престојувам во дом, па ме интересираше дали може да се остане, дали воопшто работат домовите за празниците или пак сите мора да си заминат, во случај да не работат ..
Дали имаш информации околу тоа во кои може да се остане, за да имам во предвид за кој би поднела барање кога ќе дојде време..
Сместувањето во студентски дом согласно договорот кој ќе го склучиш трае од 01.09 до 30.06 или ако си бруцош од 01.10 до 30.06. За цело времетраење на договорот без разлика дали е празник имаш право и си седиш во дом. Мора да се иселиш на 30.06. Можеш и летото да го седиш ако имаш потреба само тогаш се плаќа друга цена не многу повисока од таа што ќе ја плакаш преку целата година.
Гоце Делчев може, може и Кузман и Стив но тие 2 дома моментално се во фаза на реновирање. Исто и во Пелагонија може.
Луѓе, од октомври сум прва година. Ве замолувам кој е запознат како стојат работите да ми каже, бескрајно би ми значело, какви се условите во Пелагонија? По колку се во соба? Дали има услови за учење во соба, за спијање навечер? Исклучително за учење се запишувам, не можам да кинам живци со некој на разонода што е дојден, а на стан не можам. Не познавам никого кого би можела да прашам. Слушам некои велат дека по студентскиве ништо не се знаело, секакви имало, услови за учење нула.. Ако е таква работата, идам во помал град. Затоа кој знае нека сподели.