Здраво. Има ли некој што знаете дека не бил примен во студентски дом во Скопје? Видов дека дури денеска има резултати за бруцошите и на пример некој да го нема на листата што ќе прави? И што прават сега првиве денови не одат на предавања? Јас знам дека отсекогаш било така ама сакам да знам како се справуваат студентите од прва година со тоа.
Здраво Дали има студент, што е примен во Пелагонија а од некои причини повеќе му одговара Сениќ и би сакал да се префрли?
Дали може некој што седи во Гоце и во Пелагонија да ми сподели искуства и дали има некакви информации за Стив?
Здраво на сите, Ве молам, доколку имате број од телефон од студентските домови Стив, Гоце, Кузман, да ми пишете. Може и во порака ако некој има број од мобилен телефон. Фиксните броеви кои ги има на интернет не се активни. Фала ви однапред.
Дали знае некој кај УППИ образецот што треба да стои кај делот ,,е запишан за прв пат во студиската _____ година". ???
Дали би ме примиле во студентскиот дом кој сум го избрала (Гоце) без врски, доколку се водам како дете на невработени родители (со минимални примања)?
Дали има објавено конкурси за упис во студентски дом за бруцоши или тоа ќе биде од кога ќе ги однесиме документите на факултет?
Оваа година требало сите да бидат примени или во Гоце или во Стив.( за разлика од минатата година кога имаше студенти кои исполнуваа услови но ги немаше нигде на листите) Ако не ти одговара Стив , а сакаш во Гоце ,т.е си аплицирала уште сега барајте некој, бидејќи не ги гледаат тие работи (а се знае кој е во предност ) good luck