^^ Па и јас минатата бев бруцош и си платив пола цена. Не ми се верува да зависи од дом,дека сите бруцоши почнуваат од 15.. А се вселуваат од 12,нема логика да плаќаат цел месец. А инаку,и јас слушнав дека сите се поскапени за илјадарка или така нешто.. Најубаво да си прашате одговорен за домот,ќе ви каже. Мене во Сениќ баш ми кажаа дека тој не бил поскапен,а дека другите биле. Затоа да не слушате рекла казала,прашајте си.
И Гоце си е иста цена Јас прво се вселив во Пелагонија, па правев смени во Гоце. Имав колешки, другарки, сите платија цел месец, (за Пелагонија и Гоце зборам). Имав врски и имав кој да ме спроведе и да ми каже како-што, ама за плаќањето знам дека цело време зборевме дека не е фер да платиш цел месец, а да го седиш пола, ама пак си плативме цел.
За стив е 3300 месечно, така да вие ќе платите околу 1700-1800 денари. Ангел со сигурност се плаќа пола месец, во Стив, Гоце, Кузман и Медицинар. За Пелагонија и Сениќ не знам.
Кузман и Гоце не ни примаат бруцоши, значи и да влезеш во нив - отпаѓа тоа за пола месец. А за Пелагонија јас лани си платив цел и не само јас туку сите што бевме таму.
Од десет поручек. Мала шала. Кога и да е,најверојатно од осум или девет сабајле би требало да се таму одговорните.
Се ќе си носите. Сега,сигурно имаат и даваат од домовите перница и ќебе,но ти секако ќе си земеш твои ( уствари како сакаш ) дека тие се Бог знае од кога. Ќе си донесеш се,се што ти треба за у кујна на пример,за во вецето..
Дечки има ли некој што е информиран за Партенија Зографски,колку е далеку од филолошки факултет и како-што е таму? било каква информација е добредојдена
Обавезително. Не знам во кој дом ќе одиш, но во Стив, а сигурно и во другите, имаш само кревет. Така да, носи си се.
Ќе мора да одиш со автобус до бит пазар, 45 ти е најчеста, можеш и со 50 ка, и нема многу 10-15 мин возење.
Ај јас не сум студентка, туку да си прашам ипак: Мислења и искуства- студентскиот во Битола? Што, како, хигиена, храна, цимери, едно, друго, трето-сакам да се информирам пред време? Anyone?
ај некој нека ми каже дали во студенскиот Гоце има теретана долу во подрумот или пак јас нешто погрешно сум разбрал
Моментално не сум сместена таму, ама имам живеано таму 4-5 години, а моментално имам и мнооогу познаници таму. Ти треба некоја информација да ти помогнам (се разбира доколку можам)? Едит: Нема во подрумот, барем немаше до јули туку има на 6 спрат во В-блок.
Во интернатот на ГУЦ, незнам точно како се вика, не се плаќа смештај.. Имам многу другарки и другари така да гарантирам дека не се плаќа.. Имам идено мн пати, и навистина е чисто, барем во холовите, пошо секој си средува во своја соба.. така да .. одлично е таму.. дури им завидувам на тие од провинција..
Дали има феминка што претстојувала или има некоја информација на интернатот во Велес по колку се во соба,хигиената,храната...