Да прашам студентскиот дом Пелагонија колку е оддалечен од Градежен фак. ? Јас обавезно планирам во Ск да си извадам месечна карта за автобус но разбрав дека од Пелагонија до Градежен имало само една бројка и ако ја пропуштиш , отиде факултетот тој ден ... Точно е ова ?
Преку седум планини и мориња е. Еве сега на Google Earth ги најдов и ги обележав. Ако го пропуштиш автобусот, тешко дека ќе се снајдеш.
^ Охоооо , јас и со автобус ќе треба 1 сат да патувам вака Не бива Пелагонија да седам , не фала сепак anneyy
Студенски дом во Охрид Здраво.Дали има некој студен кој што престојува во студенскиот во Охрид.Кај нас во училиштето имаше презентација за факултети и баш го исфалија студенскиот дека бил со 3 ѕвезди па ме интересира дали е така.
абе 24ка е мн честа, на 15 минути, а до факултет ти е оддалечена 20 минути преку сила, има многу шо седат пелагонија и се мои колеги, т.е. се на градежен, а една дури и секој ден иде пешки (спортистка) и вика одела околу пола саат-40 минути...можиш да си седиш пелагонија аку сакаш, ако ти замини автобусот ке го чекаш наредниот, нишо не е аку закасниш 15-20 минути не се секирај...ке видиш после првиот месец коа ке почниш и слободни денови да си даваш
Па, ств не ми текнува кога беа, али негде почеток на август мислам беа пријавувањата, па после истакнуваат тие листи со примени студенти. Али, не се секирај уште од сега, имаш време. За до каде ти треба?
Не ти ни треба автобус за до Филолошки, 15 мин ти е пеш, поарно да се рашеташ, отколку да плаќаш за автобус и да се буткаш во него. Али да, ти рекоа веќе, имаш 2, 2А, 50, 45 ... Сите застануваат на Бит пазар.
Сите што поминуваат покрај студентскиот Стив застануваат на Бит пазар,значи немаш утка,ма да поише време ке потрошиш за чекање бус и возење,отколку пешки да си отидеш
Речиси сите автобуси од Стив одат до бит-пазар, т.е. до Филолошки, ама повеќето луѓе што ги знам одат пеш, пошто многу блиску е (само 2 станици со автобус) и нема потреба за џабе да плаќаш билети.
Имам во план да се запишам на Филолошки факултет а поради финансиски причини не е возможно да бидам во стан па ме интересаат цените во студентските домови во Скопје... Ке може некој да ми објасни како одат работите таму ?? Благодарам однапред
Сакам да се запишам на Економски во Скопје на Св Кирил и Методиј па се двоумам измеѓу домовите Пелагонија и Стив кој е поблиску до факултетот и кој е подобар?
Јас сум на филолошки и бев Пелагонија оваа година, имаш 30-40 минути одење, се плаќа 3695 денари и ти даваат 4000 бонови, не е лошо, само што мензата отвора еднаш од 11 и е до 16.30 па потоа од 17.00 до 20.30 и кога отвора има многу голем ред и ќе треба да се истуркаш или да чекаш во редот за подобрите јадења. Но, главно е ок, читалната е супер, собите се ок и со вц се сите . . .