Женски, може ли некоја да ми ја објасни состојбата во Кузман. Знаам дека со врски примаат, ќе се снаоѓам некако. Ама не знаам ништо за домот. Колку креветни се собите? Дали има вц во секоја соба или по катови? Дали е безбедно за чување на пари, мобилни, лаптопи? И дали има интернет. Знаам дека делувам како размазена, ама ме интересира како е. Зошто подобро е да прашам, отколку после да се врткам наоколу и да барам ново сместување, а нема да најдам. И последно прашање, сакам на Филозофски да одам, колку што знаам Кузман в Центар е. Филозофски е далеку многу од Кузман?
Во Кузман собите се двокреветни и се претесни.ВЦ има заедничко за цел спрат, значи за едно десетина соби и е колку-толку солидно, т.е.чисто е.Доколку имаш доверба во цимерката и, секако, доколку ја заклучуваш собата се разбира дека ќе биде безбедно.Од филозофски оддалечен е 30-тина минути пеш.Поздрав и со среќа! Во врска со интернетот, има но е многу слаб.
Во стив женска зграда цената месечно е 3295 денари во машката 100 денари мислам дека е поевтино. Во гоце е 3445 (или тука некаде). Кузман е малку поскап таму околу 3600 е, а пелагонија уште поскап е. Во центаа е вклучена станарина и 4000 боневи. Со нив можеш да си купиш за јадење од студентската менза, бифе или продавница.
А состојбата во Стив каква е, мислам на хигиената во ВЦ, собите, мензата? И освен Стив најблиску до Филозофски кој е?
Стив ти е катастрофа. Тој ти е најблизок до Филозофски, но имаш и други. Мислам дека другиот е во Карпош (од другата страна на Скопје), ама не сум сигурна. Најдобро ќе ти биде да се распрашаш. И подобро е да бидеш во тој другиот отколку во Стив.
Де ај некој да ми го објасне зборот КАТАСТРОФА. Пошо сите зборуваат катастрофа, катастрофа, а никој не кажува како е таму точно. Што е толку катастрофично? И еве овде ве прашувам вас, белки има некој шо седела со дом. Кој друг да прашам, не познавам никој таков.
Машкиот дел е добар, но во женскиот вецињата немаат врата па ако сакаш да се тушираш ќе мора некој стража да ти држи. Кровот се лупи, па понекогаш кога врне пропушта. Креветите крцкаат и во едно мало собиче има околу 4-5-6 кревети. Има и други ситници и сето ова го знам од братучетка ми која нон-стоп се жали. Подобро ти е да даваш плус некој денар за во некој друг дом, но немој тука.
А нели го реконструираат? Јас сега ова го прочитав http://www.fakulteti.mk/news/11-12-25/p ... aumov.aspx Кој друг е најблиску до Филозофскиот?
Рекла-казала муабетиве се најлоши. Старбакс., слушај некој што бил во Стив и си заминал по прв семестар - Не мора никој врата да ти држи, оти тој дел кај што се тушираш, има ко рајбер и се затвара. Можеш слободно да се тушираш. Еден туш на цел спрат, за едно 100 души, ќе си чекаш ред. Вецињата се ужас, али тоа е, нема ти да спиеш во нив. Кровот не се лупи, не тропајте, може тоа да се дешава само на 5ти кат, никогаш не протекло кога врнело, јас бев на 3ти кат. Креветите зависи кој, крцкаат да, али има најмногу 4 кревети. Кај 5,6 бог да чува, со 4ри во соба не можеш да се разминеш а камоли повеќе. Имаш музика гласна од комшиите, зависи какви комшии ќе ти се погодат, али сите се скоро истите, сакаат забава во 3 сабајле. Нема никој да оди да им рече да се затнат, оти никој не контролира дали некој влегува и нема никаков ред од таа страна. Во соба имаш 4 кревети, или ако си среќна, само 3, 3 масички со столчиња, железни да не заборавам, не се многу препорачливи за седење. После, имаш само мал дел од шкафот за себе, јас повеќето работи ги држев во торба. Имаш мијалник, евентуално тераса, некоја закачалка и тоа е тоа. Откако ќе се среди собата е стварно пријатна, мислам на изглед, оти нели девојчиња се, јас во сите соби што имав влезено беа супер средени и шарени. Цимерките ако не ти се погодат, пиши пропало, немаш шанса да преживееш таму, кој ти вика спротивно - лаже, суши. Мензата и бифето имаат добра храна, се тоа е истото, али барем нема да се мислиш за јадење, јас кило се здебелив таму, а малце јадам. За тоа нема што лош збор да се каже, оти е единствена светла точка на тоа место. Читална немаш, нема ни да има, оти сите пари се одени за новата машка зграда, да фатат повеќе пари они, а баш ги боли кај ќе учиш. Ако можеш во спба да си учиш со 10 души околу тебе, тогаш повели во Стив. Ако си некоја што не може да трпи се од секој, и што си сака мир и приватност, не оди таму, џабе ќе ти бидат помалце парите, кога ќе паднеш у депресија ко мене. Ако си за дружба, да трпиш секаков карактер, да влегуваат додека спиеш, учиш, без да тропаат луѓето, оти сите се такви, оди слободно. Мене ужасно ми сметаше кога си идев преморена од факултет, станата од 7 сабајле, сакав да си легнам и да се одморам да за учам покасно, кога гледаш 7-8 души во соба, си пијат кафе, се смеат, а ти си претепан. Нема да спиеш, после тоа нема да можеш да учиш, и јбг. Секој ден истото се дешаваше и пукнав најискрено. За друг дом, Пелагонија е приватен, најнов, најдобар е, имаш читална, подалеку е од факултет, али тој е најпрепорачлив. За Гоце, тој е мнооогу подалеку не ти препорачувам ич, а за Кузман, тој е баш во центар, али ни таму не е нешто поарно во поглед на Стив. Или Пелагонија, или барај си стан. Толку од мене.
Јас кажувам каков бил домот пред 3 години. Денес не сум запознаена, може е нешто подобро. Не ни знам дека е реновиран, но сепак муабетот ми е дека имаш и подобри домови. А друг најблиску до Филозофски мислам дека нема.
Не е реновиран, тоа не. И јас кога бев прва, цело лето слушав демек го реновирале, па кога отидов имаше што да видам. Не даваат пари за реновирање, освен ако не падне кровот. Реков јас кој е подобар, поблиску нема, Стив е на 15-20 мин, Кузман малце повеќе, едно пола саат, Пелагонија уште повеќе, едно 40 минути, а за Гоце, таму не можеш без автобус да одиш, а за пеш не знам колку е, али тој е најоддалечен.
Стив колку што знам реновирана е само машката зграда а женската не. Далеку е домот и во не баш мирна населба . Друго не ми се допаѓа тоа со железните кревети , па не седиме во затвор бре. -Од искуство од близок што седеше во Гоце , видов и се уверив каква катастрофа е , се распаѓа домот, 2 дена во вц не бев појдена од што беше гнасно . А башка тоа што е далеку. -Остануваат само Пелагонија и Кузман.Сум била и во едниот и во другиот.Како Јинг и Јанг ми се Пелагонија е најдобар според мене ама е мнооогу далеку.А Кузман пак е в центар , ама е слично нешто на Гоце. Во Пелагонија се по 4ца во соба , со сопствено вц.Ако си ги одбериш цимерките мислам дека нема да има проблем.Ќе си се среди собата , да се гледа дека женски внатре седат , ќе и се даде живост.Инаку е доста празна и тмурна. Јадење спремно , само ти слези во мензата наручај се и врати си се.Има читална , фотокопир. Е сега далеку е.Ќе мора со автобус, месечна карта и ќе си се возиш.Ќе треба да станиш 1час претходно за да стасаш на време. Кузман е в центар. И само заради тоа треба подебели врски за таму ,сите се тепаат.Бруцоши мислам дека малце потешко влегуваат.Се ти е блиску ,пешки ќе се движиш. (Земам во обзир за мојот факултет).Двајца во соба ,која е тесна но долга .Вц нема,едно е на спрат ,заедничка тераса со соседната соба.Читална незнам дали има , но и да нема блиску ти е градската читална и од факултетите. Ете тоа е што јас го знам во врска со домовите.И јас сум од септември бруцош , и размислувам за сместувањето.Повеќе ми одговара стан , заради просторот и условите кои мислам дека на едно девојче ќе му бидат доста тешки во нашите домови , руинирани. Има уште малку време, разгледувам и станови а се интересирам и за домови, па во август ќе се знае што ќе биде.Важно дури да се средат сите овие работи уписи,запишувања, станови, домови .....
Море и двете машки згради се направени како хотел во споредба со женската зграда. Али бидејќи се знае што живее таму, за две - три години и тие ќе станат заникаде. На некои џабе им правиш убаво, кога не знаат да одржат нешто здраво. За економски, филолошки, филозофски и правен, нема поблизок дом од Стив. Не знам ти за кој факултет мислиш, али овој е најблиску до овие. А Автокоманда, си е Автокоманда, нема некој да шета во 3 саат низ населбата.
Моонлигхт наубаво ви опишала се. Собите во Стив се таман за 3 кревети, ама 4 се многу. Колку и да ти се погодени цимерките во една соба 4 девојчиња кај и да е ке пукне. Во врска со вецињата, чистачките чистат ама колку гнасен народ живее тоа е чудо. Да е се како што беше некогаш ке биде убаво ама вработените и сојузот си прават пари на наша сметка. Во машката зграда исто ги начукаа по 4 во соба а имаше празна соба со еден потстанар-КУЧЕТО на претседателот. Јадење скоро и да нема, со недели во бонската продавница само рафтови. Ако си од сабајле на факултет, можеш да учиш во читалните на земјоделски или шумарски факултет, но ако си напладне мораш во соба. За бруцош посебно ако е на некој од тие филолошки филозофски факултет, Стив е добар бидејки ке имаш многу колеги таму. Плус има многу бруцоши и полесно ке се снајдеш Интернет има платено од владата ама не го пушта студентската мафија за да можат децата во сајберот да одат да им прават промет. Околу реновирањето мора да искоментирам. Што е работено фушерски е, ама и студентите не чуваат. Зградите се од пред некоја година реновирани а веке се катастрофа. Се градат уште 6 згради, демек до септември ке биле готови ама не верувам
Бараки нема, урнати се. Уствари има едни кај медицина Невенка Горгиева-Дуња ама подобро да не ги знаеш. Во Пелагонија се по 4 мислам во соба имаат купатило во собата, не е лошо. Инаку девојки ако сте принудени да живеете во студентски немој да ве заплашат нашите постови. Јас имам услови да одам под стан па еве веке неколку години живеам во студентски и замисли уште сум жива и здрава, немам умрено ниту пак фатено некоја болест од нечистотија а и не познавам некој што се разболел од студентскиот. Ви реков, од лоши цимерки може живците да ти се сокинат, ама затоа па запознаваш студенти од цела Македонија. Јас скоро и сум заборавила како се комуницира со возрасни, цело време сум со студенти на моја возраст имаме исти проблеми, исти радости, исти теми на разговор...Какви забави сме правеле, играње карти до ниедно време, тропање по комшии, дискусии на различни теми до сабајле, фризури, шминкање , се за да се разбие досадата. Чистење се знае кога, за време на колоквиумска сите чистат се да се прави само да не се учи. Ако ти се погоди некој убав комшија ке чистиш секој ден Не ми се погодија цимерките годинава, на претежок факултет сум и пак се положив (додуша јас си знам ако). Тоа што уште го немав доживеано од студентски живот беше да останам без пари. И стално се жалев, ејј ке дипломирам а немам искусено како е да одиш по комшии да бараш лебче и ајварче да ти фрлат да каснеш нешто. Пред еден месец ги изгубив и личната карта и картичките од банка па не можев да извадам пари. Дома на моите страв ми беше да им кажам оти ова ми е 15о пат како вадам лична карта. И така 3-4 дена бев на јадење само со бонови и по комшии (после се смилува брат ми ми даде пари). Јадев паштета за доручек, ручек и вечера.
Ааа ке се караме, медицинаров мој сите го вреѓате! немојте бе луѓе, најубо на свет ни е јас лани (како бруцошка) седев таму , имам услови и јас за стан, а имам и врски за во друг студентски, ама не си одам бре од овде, НЕМЕТ шанси значи многу убаво минав годинава, ми се погодија цимерките, ја средивме и собата...незаборавни моменти минав е сеа еднаш отидов читална(патем една одѓнајубавите скопје) и пустата се заљубив е сеа имав малце проблеми со комшиите зашо нали изолација картон владее, па коа ке се “милувавме“ со глупчово мој, стваравме мала галама па утредента ми беше срам да се појавам меЏУ луѓето
Студентски дом најблиску до Филолошки факултет? Дали интернатот Сениќ е близу до Филолошки, отприлика колку е оддалечен? Дали во Сениќ примаат студенти - бруцоши и колку деца се во соба... ај кој сака малце да ми објасне