оо значи најпогоден ми е пелагонија , а и со условите добро стои, само што треба да се има дебели врски, а јас ги немам ама кешки мене на факултет да ме примат па потоа ќе му ја мислам за студентски
Здраво Феминки, на жалост морав да отворам нов профил ги заборавив податоците од претходниот после преинсталацијата на компјутерот Епа вака. Од септември и јас академски граѓанин но, имам еден проблем. Каде и како да барам стан ? Планирам да студирам во Скопје, на Фон или Американ. Стан барам центар, е сега незнам од каде да почнам ако знаете некој интернет страни некако да ми помогнете се чуствувам сосема изгубено незнам од каде да почнам. ве молам за помош
Добро, со цела почит кон тебе, ама девојка која дошла до фаза да се запишува на факултет, да не знае како да си најде стан.... Како да најдам стан? Така лесно, вртиш низ страниците и бараш, нема друг начин. Имаш пазар3, огласник излегува секој ден во весниците, заангажирајте се малце.
Какви се условите во студентскиот дом „ Гоце Делчев“ ? Лоши и добри страни на домот? По колку сте во соба ? Во секоја соба има купатило ? Најблизу е овој дом до факултетот за електротехника? И уште нешто, зградите на електротехника и на информациски технологии близу се ?
Јас седев зад Веро и одев до факултет околу 25-30 минути, зависи од темпото. А од кај мене до Пелагонија има уште салам пола саат за верглање, а и кратат сите што ги знам преку едни патчиња. Не знам со автобуси како е, мислам дека се наоѓа по некој, ако ништо друго до центар да стасаш. Плус Пелагонија е во едносмерна улица, имаш 5-10 минути до постројка само. Размисли си, види си, не е баш интересно кога ќе врне, ќе има снегови, мразови, да одиш по толку пат. Пиши на Гугл мапс Студентски дом Пелагонија, ќе видиш кај е.
НЕ Од пелагонија до нова желечка има 25 минути ако кружиш преку рампа. а од таму до Философски уште 20. Во километри незнам да ти кажам, ама не е ич блиску. Плус јас го мразам патот во Кисела Вода од Пелагонија до Рампа, мал тротоар, а многу коли фрчат. Баш размислувам сега и мислам дека до таму немаш ни автобус. П.С сегами текна дека патот преку пруги што е го направија и асвалтираа, и така е поблиску, едно 1о минути ти крати во одење сигурно.
Хмм, другарка ми ми вика 15-20 мин. одење. Знаев дека нема шанси за толку кратко да се стига. А, до Фармацевтскиот факултет е каде-каде поблиску, нели? Не знам што да правам, она сигурно ќе оде Пелагонија, јас можеби Стив, ич нејќам таму и плус сама ќе бидам. Автобуска карта, месечна колку е?
Дузи мислам дека малку претеруваш. Не знам колку позади Верото си живеела, но од Веро има една улица само да се премине, мостот и пешачките на Битпазар и ете го факултетот. Мене ми е преку сила 15 мин. А тоа дека од Пелагонија до факултетите дека е далеку, а настрана тоа дека Кисела Вода е катастрофа уопште патот, а и нема автобуси, тоа е друго 20.
Па исто е, еветуално за 10 минути да е поблиску. Фармација е на клиника горе, или јас незнам каде е точно, ама така имаш автобус да, 4 мислам и уште некој имаше. Карта е 1000 и нешто месечна, имаш и за 250 денари за 10 возења. Ама па Пелагоија е доста доста средена, искрено е најдобара од сите. Леле ич не ти олеснив извини П.с Сега гледав за автобуси и мајка ми вика дека немало од Кисела вода до Факултети директива, едино оваа опција ти доаѓа во предвид, со 4ка до рекорд, од рекорд со 50ка која те остава точно кај факултети.
Па не баш, и до Фармацевтски нема шанси да стасаш за 20 минути, мислам, нема теоретски шанси да оди она пешки до таму, треба прво да стасаш до Центар, па еве да скратиш негдека преку Градски ѕид и Рамстор да го минеш, па од задна врата на Клинички да влезеш. Минимум 45 минути и давам. Може ќе отидеш еднаш-двапати, ама ќе ти пукне филмот, нема секој ден да стануваш 2ч порано и да верглаш. Месечната ти е 1000 денари. Не се плаши, и да треба со автобус да одиш, не е страшно, голем град е Скопје. Само што јас мислам, а гледам и Хипстер така мисли, нема автобуси кои минат натаму. Евентуално некои 60ки, 50ки, кои минат низ Бит-пазар за да стигнат до некое село, мислам дека една колешка со тие одеше. Едит, Мистириус, епа јас толку време одев. Можда изгледа блиску, ама јас толку време одев. Дали јас одам бавно, не знам. Си кажувам од искуство.
Mоите другарки сите се во Пелагонија и сите одат пешки до факс, тие се а економски така да исто ти е како и на филозофски.Од Пелагонија нема автобуси или поретко колку јас што знам...24ка оди до карпош само таа ја знам.Инаку јас живеев кај државна болница во дворот на државана буквално и до веро има едни добри 40мин одење, знам јас кога одев пешки до Автокоманда ми требаа едно 45-50 мин, а од Клиничка до филозовски ти е исто време, мојата цимерка цело време одеше пешки и не и сметаше воопшто.Од Стив до фармација имаш 50ка што те остава директно таму пред влезот овој застанува и кај филозовски на битпазар.Јас ти препорачувам да седиш во Пелагонија ако си за филозофски, ќе стигнуваш за 20 мин сигурно, а од Пелагонија до фармација е подалеку отколку до филозофски, зошто јас кога им одам на гости едно пола саат ми треба обавезно. Ако сакаш пиши ми лп на што ќе се запишуваш и каде сакаш да седеш пошто незнам дали те сфатив како што треба и ќе ти објаснам зошто овие релации ми се познати доста.
Болдираното. Јас овоа не би кажала ни милион долари да ми дадат. Собите се огромни, а парната се само шест ребра. Многу им е ладно зима, и сите си носат греалки, ама знам и дека им прават и контрола по собите затоа што е забрането. Топла вода имаат само насабајле, и тоа не е жешка, него млака. И пример, ти одиш да трчаш на кеј или да спортуваш или што и да е поручек, и се враќаш и нема вода да се истушираш. За јадење чекаат по саат време, да ти се одјаде. И плус муабетот од погоре. Немаат автобуска линија до факултетите, децата одат пешки, по жешко, по ладно, по се. Нешто викаа дека оваа година ќе им стават, но кој знае. Во читалната е гужва и пол. Ако седнеш, амин станување. Не дај боже ако станеш, ти отиде местото. Јес дека е блиску до Центар, меѓу луѓе, се и свашта можеш да најдеш, но.. Сепак, ова е само мое мислење. Јас немам седено во Пелагонија. Имав прв братучед кој седеше таму оваа година, многу се жалеше и идеше кај мене да учи.
mysterious незнам дали си била во Кузнам ама не се става во иста реченица со Пелагонија. Сега знам дека уловите се далеку од идеални, ама јас само тие два ги имам видено и искрено од Кузнам немам човек што ми се пофалил. За кузман незнам, ама вами си има и билиотека горе на 6ти теретаната, т.е читална и има комјутери и интернет. Нема ништо како дома знам, ама државава мора да поработи на студентскиве домови, зашто е греота да се мачат така студенти.
Моите другарки скоро сите се во Пелагонија и милина им е.Баш зборевме за ова и тие велеја дека топла вода имаат секогаш, од јадењето не се жалеја, само од бонската продавница, а за учење па сите се со 9ки и 10ки така да се снаоѓаа некако.Единствен проблем и е автобусот ама тие не дека се жалеа и на тоа.За ладно може малку ама си најдат начин да се грејат, а контроли имаат доста ретко.Собите си ги средуваат како сакаат...што знам и јас немам седено ама ова ми е од блиски луѓе кажано и им верувам и јас сакам да седам ама мене ептен и е далеку од факс а немам никаков автобус па тоа ми смета.Јас дури барав некоја од нив да ми биде цимерка сега во стан и никоја не се даваше сите пак таму ќе седат.Искрено мислам дека Пелагонија е најдобар, јас ги имам видено и Гоце и Кузман, а од Стив многу поплаки слушам така да...сепак сум за Пелагонија.