Старбакс, види, ако почнеш така да гледаш, реалноста е дека на сите домови нешто им фали. И тоа многу им фали. Еден е далеку, ама е посреден, друг ти е до газот, ама е урнебес. Тоа е тоа, такви се. Биди среќна што барем имаш прилика некаде да седиш, некои ни тоа го немаат. Не знам каков карактер си, јас попрво би патувала отколку да седам во студентски, зш око нема да склопам. Сакам мир и тишина, не сакам собата/станот да ми биде автобуска станица. Ама ова го викам затоа што ене го кај е Скопје, не е некој проблем да патувам по еден час дневно ако треба. Во студентски никој не останал сам. И сите ми кажуваат дека како што има дружба таму, нема на никое друго место. Не се совршени, дури мислам дека некои се испод нивото на цивилизираноста и достоинството, ама секој преживеал што седел. Кога веќе мораш, немаш друг избор и имаш голема желба баш тоа да го студираш, мислам дека кај и да седиш, ќе истраеш. Знам дека е лесно да се каже, но немој да мислиш дека становите што ги рентаат газди за студенти се којзнае какви. Конкретно за мене, поради стара инсталација, во текот на зимото, секоја недела во период од месец и пол ни избиваше фаза и некој остануваше небањат додека се чекаше да се направи. Предноста е што си ги бираш луѓето со кои ќе седиш и што имате БАРЕМ уште една соба на располагање. Ќе ја прашам колешкава за сигурно, ќе ти кажам за автобуси. Месечната и шибај. Па нема само за на факултет да ја користиш, ќе сакаш да излезеш, па и до автобуска ќе треба да стигнеш со куфери/торби.
Пих, Кузман ми е последен на листата за добри студентски домови. Зборувам за мојот, за оној во кој јас поминав две години. Сениќ. Кој бил знае, кој не, нема да погреши ако отиде.
У врска со тоа дека на сите домови у државава по нешто им фали - им фали, да, и да бидеме реални им фали многу. Ко можат едни затвори по Холандија да бидат полуксузни, па каде сме ние со домовиве за студенти. Но гледано од друга страна, кога ќе најдеш луѓе со кои уживаш да го минуваш времето, тие работи ќе ти станат толку незабележливи, можеби и ќе ти недостига некогаш немањето топла вода ко сакаш да се бањаш, галамата од комшиите до тебе, смрдливите ходници со нефрлено ѓубре. Ова беше само да ве просветлам, а тоа дека некој не може да седи, не може. Не си може да си стекне таква навика да трпи галама и слично, тоа си е сосема во ред.
Има некои дваесетина минути. Сите што седат во Стив го поминуваат подвожњакот, преку саем и за некои десет минути си таму.
Јас како бивши станар во студентски дом,во период кога условите во студентските домови беа многу помизерни од денес можам да ви кажам дека вистинскиот студентски живот се доживува баш во студентски дом. Јас иако имав услови да живеам во стан,после првата година како студент кој живее под кирија во убаво средена гарсоњера ,избрав да живеам во студентски дом.Си купив место во Гоце,најмногу ми одговараше во однос на одалеченоста од мојот факултет.Јас се одлучив да живеам во студентски дом иако извесно време пред тоа тврдев дека јас не сум тип на студент кој би се адаптирал на условите во домот. И знаете што-не згрешив. Иако се паднав да живеам со девојка која првпат ја гледам во живот,ние поминавме многу убаво.Тоа пријателство трае до денес.Наредната година правевме рокади некакви за да можеме пак да бидеме цимерки. Никогаш,ама баш никогаш живеењето во студентски дом не се одрази негативно на мојот успех на факултет.Баш напротив,во студентскиот имаш свои колеги кај кои можеш да тропнеш на врата и во ниедно време за да позајмиш или побараш нешто што во моментот ти треба околу колоквиум,испит.Во студентскиот имаш постари колеги од кои можеш да добиеш полезни информации за некои испити или професори. Инаку факт е дека по студенскиот има и гужви и галами,има буквално се.Се можеш таму да сретнеш и видиш.Но,верувајте се зависи како ќе се поставиш.
Е да, со ова се согласувам. И најмногу ми е страв поради ова. Јас не сум таква да се истакнувам и да сум у центар на вниманието. Срамежлива сум и најчесто си молчам. Не знам како да се поставам на почетокот, но не сакам уште на почетокот да ме запамтат како некоја повлечена и што можат да ја искористуват, на некој начин.
Страв?Да постоел и кај мене на почетокот,но,тоа е страв од неизвесност-Што?Како?Кој? Мојата цимерка во моментот кога за првпат се сретнавме помислила-Лелееееееееееее со оваа собата нонстоп со гости ќе ни е полна
Hајточно ќе ти кажам дека е 25 минути одење пешки, сега зависи од одење, моето е релативно средно ни многу брзо ни споро. Cум стигнувала и за 20 со малку побрзо темпо на одење. Aвтобус, имаш две постојки тука најблиски, всушност 3 еве да речеме. Aма па и не е некое којзнае какво одење, ама ајде. Jас барем сум навикната и не ми претставува некој прболем освен кога се вакви жештини во прашање. Aма затоа има автобус. Aвтобуси: 58, 41, 31 и останати што одат на релација Драчево - Kисела Bода - Bеро па железничка. Oд домот до автобуската има 5 минути пешки дури и толку не е, автобуската е на локација `Чешма`. Oд неа до Bеро имаш 5 минути со автобус. Oд Bеро до факултетите е 10 минути одење, ја стварно не знам како за 20 минути стигнувате, треба ептен споро да се движите. И не се секирај, не е толку далеку колку се чини. Mоже за некој кој ретко го оди тој пат па му изгледа далеку, инаку воопшто не е. A за тротоарите, точно е дека се тесни, засега само од десната страна има тротоари затоа што се проширува улицата и ќе стане булевар, така да ќе причекаме.
За 15 минути си на факултет. Јас си мерев уште од скалите на 3ти спрат кога ги симнував до скалите на факултет. Али Старбакс, пред некоја недела ти пишав за Стив што и како. Тоа беше моето искуство да, али штом си мирна, повлечена, верувај, ако не знаеш да се поставиш кон такви луѓе какви што има, ќе те изедат. А штом немаш никој таму со кој можеш да бидеш цимерка, не знам навистина. Плус, немаш читална. Ебате студентскиот без тоа! Ако се мислиш меѓу ова и Пелагонија, мислам дека Пелагонија ти е подобар избор. Ниеден студентски не ти нуди мир кога ќе ти биде потребен, али сепак, сметам дека е подобар. Иако е овој 15 мин пеш, а овој другиов 40 мин.
Студенски дом во Охрид Да. Јас од лично искуство можам да ти кажам дека имаат многу добри услови за престој, собите се чисти со добар мебел (не како во другите домови), храната исто не беше лоша, си има и сала за пингпонг , пикадо. Ама сепак најубавиот дел е кога ќе излезеш на балкон да си пиеш кафе додека си гледаш во езерото (бидејќи се наоѓа на кејот), е тоа е нешто неопишливо. Му го препорачувам на сите што сакаат да студираат во Охрид, иако делот со студирање таму не го препорачувам воопшто
^^ Мене кога ме интересираше за домовите, ја исчитав цеееела тема. Пред 2-3 стр имаш пишано што и како за Стив. Читајте малце повеќе.
Немаат сите слободно време за извоз Инаку поконкретко ме интересираше во каква состојба е женската зграда, знам дека машката е реновирана
Дечки синоќа ги читав конкурсите од лани и полани, значи секоја година се различни дати за пријавување, па најверојатно и оваа. Значи ќе има конкурс, здравје ќе дознаеме, затоа сите дома имаме интернет . Јас ќе аплицирам за во Пелагонија, здравје се надевам ќе ме примат.