Како што ти немаш време да прочиташ малку поназад, така ни некој друг нема време по 3 пати едно исто да објаснува. Мoonlight е во право, темава има 60 страни, а за студенстскиот дом Стив Наумов се пола од постовите.
Еве информации за тоа кога треба да аплицираме . http://www.fakulteti.mk/news/12-07-13/k ... odina.aspx
Какви услови има во студентските домови? Кој е најубав? И какви се тие посебни апартмани за брачни парови ( ако добро разбрав ) ? Ќе ми одговори некој, please?
имате ли проблеми при регистрирањето. Ги пополнувам празните места и кога одам на регистрирај се не може...
На што се регистрираш? На страната за уписи за факултет без проблем се регистрирав ама рано е и не може да се испрати пријавата... На онаа страна за сместување се регистрираш? Ама не знам што брзате, во државичкава наша е максимално безредие, она што денеска важи утре ејј не важи, па ајде одновно процедури , па ајде ова да се смени, ова поинаку требало! Така да стрпете се малку, има уште точно еден месец до уписи на факултет и до упис за во студентски! Уште дипломите за завршено средно не земени, уште на факултет не запишани ајде во студентски ќе се вселуваме Секако ова не важи за постарите студентки кои пишуваат на темава
Најблиску ти е студенскиот дом медицинар , ама условите таму ти се мизерни . Би ти препорачала да аплицираш за во Кузман , кој исто така ти е на 5мин од фах. Поздрав
Може ли да се аплицира во повеќе студенски домови?? Не ми е мене заради дилема во кој да одам туку страв ми е дека нема да влезам во Пелагонија, оти како што разбрав требало врски за таму....
Во апликацијата за студентски дом во полето - предвидени испити до денот на подесување на електронската пријава треба да ги напишам вкупно колку испити се во годината или уште колку ми имат останато за полагање?
Да не има некој Прилеп во интернатот шо седи? Ај нека кажи информации за него нешто тој шо знај, колку пари е месечно и сл
Сакав да дадам еден совет до идните бруцоши кои планираат да седат во студентски. Да си направите копии од свидетелствата и дипломата, бидејќи после ви требаат за поднесување документи за во студентски. Јас така се зафркнав пред две години, па морав со молба да ги подигам документите од факултет, па пак да ги враќам назад.
Нели за нас рокот за електронско поднесување на пријавата е од 21-27август а кога се носат документите во студентски тоа свидетелствата,дипломата,извод,државјанство,потврди за плати...?
Значи треба само електронски да се пријавиме и ако сме примени тогаш носиме документи не е како за факултет и електронски се пријавуваме и + носиме документи?