Кај број на предвидени испити ќе пишеш колку испити имаш вкупно во претходните години (и положени и неположени). Пример ако си сега за втора, ќе пишеш колку предмети си слушала во прва, ако си за трета, ќе ги пишеш од прва и од втора заедно. За студиската година да не те лажам ич не ми текнува како требаше
Јас ја напишав годината која ќе ја запишувам (трета) и семестарот (петти) пошто така ми е логично, сигурно на тоа мислеле. Инаку цела грешки им е апликацијата, напишале дека приходите под член 14 и 14-а треба да бидат внесени во апликацијата, а соодветно поле за нив нема. Меѓутоа, ми кажа едно девојче што се јавило во министерството за да праша и и’ кажале дека е грешка. Епа чекај малку, студентите испогрешиле, многу истите приходи ги пишале како приходи по други основи од што не знаеле кај да ги пишат. А уште не се потрудиле да го сменат тоа.
После ова што го прочитав за Стив низ коментарите се разочарав Колкави се шансите да влезиш во Пелагонија без врски?
Зошто се разочара од еден лош коментар, јас живеев 2год. во Стив и во потполност го подржувам мислењето на Unfaithfull, кој отишол да учи, ќе учи, а на другото ќе се навикнеш, за сметка на привилегите кои би ги имала во стан овде плаќаш значително помала сума на пари, не се грижиш за сметките на 1ви, не треба да готвиш, има поголема забава. А во Пелагонија се влегува тешко, особено ако си бруцош за секој дом е потеско, а Пелагонија....
Мислам дека никогаш нема да се навикнам на неизживеани багабонти кои како кучиња кои си ги држел со години врзани, па сега си ги пуштил и се збеснати... Па и цимерките ако ти се погодат некои дојдени за да поминат се по список дури не најдат некој за мажење и да носат по 10 души во соба никогаш нема да можам така да учам... Со врева и џган... Знам после ова ќе пишите епа седи си дома или во стан, ама и тоа не е опција... Сериозно има некој (бруцош) кој без врски влегол во Пелагонија?
Бруцош во Пелагонија, без врски, нема шанси. Прочитај го мојот пост во темата студентски дом или стан кој се однесува за Стив, и види што е толку лошо во студентски. Е тоа е Маца најбитното од се, ама се додека друг ги дава парите, не размислуваат за ова. Ем им скратуваш на родителите од трошоците, ем автоматски ти се зголемува џепарлакот
Како викаат - ќе си ги пуштиш нозете колку што ти е долго чергичето Треба сами да сме свесни колкави се нашите можности, јас ниеднаш не побарав да живеам во стан, како така се навикнав на студентските домови бидејќи знам дека моите дома треба леб да не јадат за да ги покријат моите сметки. А еве сега да се вратам назад и да можам да седам во стан, јас пак би одбрала студентски дом. И тоа како бруцош не добив место во студентски, туку седев до дом за слепи (даваат соби и на студенти) па Пелагонија, па Стив, па Кузман, и од сето тоа имам само убави спомени.
Премногу си строга со коментарот. Ни била ни видела, а си дозволуваш да кажеш ваков невкусен коментар. А и не ти ја разбирам поделбава, овие во Стив - збеснати кучиња, а во Пелагонија (кај што сакаш да седиш) какви се ? Потполно се согласувам со тебе Маца. Еве ти секаде си престојувала, и можеш да потврдиш колкава е заинтересираноста за места во студентски, значи зборувам за тоа што многу студенти кои се финансиски доста моќни сепак избираат студентски дом.
Стан дефинитивно не е опција, за Стив кој сум го прашала се пожалил, а за Пелагонија пак само пофални зборови сум слушнала... Јас не ги ставам сите во една категорија, сегаде има секакви тоа е само моето мислење собрано од критиките на многумина кои биле виделе и ми кажале (луѓе во кои имам доверба)
А да ти кажам еве јас не толку многу пофални зборови за Пелагонија. Не тече ни таму млеко, уствари не тече никаде но многу се нервирам кога ќе слушнам како некој зборува за Пелагонија како да мислиш таму има и од пиле млеко. Населбата. Еден салам тротоар да имаше во таа Кисела Вода добро ќе беше. Цел втор семестар де нешто градеа цело време, салам неможеше по улица да одиш. Многу се раскопани. Немаш автобус за до Битпазар. Сето е тоа убаво да се движиш пешки и се, и јас најчесто се движев пешки, но зима не секогаш можеш да одиш пешки. Посебно оваа зима,која беше страшна и з со автобус а не па пешки да фатиш да одиш. Немаат избор Пелагониските деца, мораат пешки. Некогаш убаво е да знаеш дека можеш за десет минути да си на факултет,а не за пола саат. Собите се преголеми, а парното има шест ребра. Само шест ребра за соба, колку ќе му дојде тоа 4 на 4,ако не и повеќе. И сега,секој еден од Пелагонија ќе ти каже па шо може да си носиш греалка, ама така ако гледаме јас не плаќам за греалка да си носам. Прозорите многу им дихтуваат, зима е смрзнувачка. Братучедот мој кој седеше таму, буквално идеше за да уче и да се стопли кај мене. Четири души се во соба. Тоа ти се четири различни карактери, освен ако не се наместиш со некој. Ако не се погодат, да ми извините на израз, си го наебал ежот. Читалната е прича за себи. Место ако најдеш благословен си, но и ако станиш по мочање. Три минути работа, е тебе веќе ти е земано местото. Многу е гужва,премногу. Во кујната по саат време се чека за јадење, да ти се одмили и јадење и се. Јас скоро сите луѓе што ги знам што седат во Пелагонија, одат по станови кај другари за да учат или по читалните на факултетот. Знам дека човек на се се навикнува, но ме нервира тоа што се рекло демек студент и ај сеа се ќе трпиме. Едит. Овоа е само мое мислење,кое е искусено не за толку долго време, но за доволно да го сватам сето тоа. Познавам и такви на кои им е прекрасно во Пелагонија. И блазе си им на истите.
И мене не ми се допѓа Пелагонија, само во Гоце немам живеено, а од останативе Пелагонија ми беше најнепријатно искуство - далеку од факултет, - нема автобуси, - живеев во дуплекс - кај комшиките нон стоп имаше жешка вода, кај нас никогаш, - во читална место да начекаш - нема шанси - јадењето ништо посебно, а навистина многу долго време се чека ред, и ако не се лажам цената беше повисока отколку во останатите домови.
Собите се помали од другите студентски домови, 4 во соба, 2 креветчиња на спрат, храната е така-така (таму нема бонови и бонска продавница како во останатите домови) и е за малку поскапо од другите домови, не знам колку точно беше цената.
Јас. Веќе две години. И фала богу некој да праша за Сениќ. Не знам дали знаеш кај се наоѓа, еве јас ќе ти кажам. Во Автокоманда, Кај Фершпед, или вака некои десет минути подоле од Алкалоид. Тоа значи дека е далеку од Центар, до факултетите на Битпазар имаш точно половина час одење. Само право е патот. До Центар можеш да отидеш пешки, но некој саат време ќе ти фати. Затоа имаш 50. Имаш и многу автобуси кои ти одат накај Битпазар, ако те мрзи да одиш пешки или ти е ладно или такви ствари. За домот. Домот има две згради, едната е женска, другата машка. Домот е и интернат, што значи на втор спрат во женската и на трет спрат во машката има средношколци. Тие да ти кажам уопште не сметаат во ништо. Можеби дури и поинтересно да ти биде. Собите се најчесто со по три внатре. Има две со по четири, кои се огромни. Во секоја соба имаш веце, бојлерот ти се топли три пати дневно, што значи имаш топла вода кога и да сакаш. Парното кога е зима пука, ние по куси ракави седиме внатре, многу е жешко. И плус, големо е парното, сосема е доволно за да стопли соба, ако си переш алишта, во зимно време за една вечер ти се исушени. Во секоја соба имаш и шкаф нормално за тебе, и има и шкаф за чинии, шолји што и да е. Од кујната имаш појадок, ручек и вечера. Само кај нас има појадок. Тоа работи вака: Од 6:30 до 8:30, 9:00 часот ти е појадок. Тогаш одиш и си го земаш појадокот. Од 11:00 до 16:00 е ручекот. Од 18:15 до 20:00 ти е вечерата. Менито е ова,барем лани и полани беше: Понеделник: Појадок - или еурокрем со леб или паштета,мајонез и леб, не ме фаќај за збор, јас никогаш не појадував. Со ова имаш или млеко за еурокремот или компот за паштетата. Ручек - Грав. Еден понеделник е со месо, еден е со колбаси. Јас поубав грав од оној во Сениќ немам пробано. И секогаш имаш салата, дали свежа зелка, дали зелка со свежи краставици, дали марула, секогаш. Има и нешто десерт од Винчини, така нешто. Вечера - Пире со плескавица. И салата нормално. Да не ти го пишувам лебот на секое, на секој еден му даваат третина од цел леб,што е сосема доволно, но ако сакаш можеш и да одиш да си земиш репете. Вторник: Појадок - Банички со јогурт. Овие се внатре со кашкавал и шунка. Такви две ти даваат. Ручек - Во вторник, среда и четврток можеш да бираш помеѓу две јадења. Во вторник мислам дека беше ориз со копан и нешто стек во сос или така нешто, не памтам. И салата и леб, нормално. Вечера - Варени јајца со или пилешка или свинска шунка, каква сакаш таква и зденка. Среда: Појадок - Мислам дека мармалад и мед, не ме фаќај за збор. Ручек - Гулаш ( го прават со шпагети ) и мислам дека имаше летна манџа, многу вкусна. Вечера - Полани даваа и бурек во средите, оваа година даваа во зимски семестар, а во летен не знам зошто прекинаа и даваа од оние пиците округли со јогурт, не се баш вкусни, освен ако не се топли, но добри се, ќе истераат. Четврток: Појадок - Виршли со сенф. Овоа само еднаш го пробав во прва и од тогаш - не благодарам. Ручек - Мусака која е најубавата мусака која ја имам пробано и грашок мислам дека имаше во четвртоците. Вечера - Пржени јајца со сирење. Сирењето беше секс секој пат. Не знам од каде го наоѓаат, но многу бепе убаво. Петок: Појадок - Имаш банички со сирење или месо, по твој избор и јогурт. Во петок се тепавме за овие банички. Ручек - Грав, но посен. Грав имаш два пати неделно. Понеделник и петок, само што во понеделник е мрсен, а во петок посен. Вечера - Риби со компири. Можеш и кромид да си ставиш ако сакаш. Јас со душа го чекав петок за овие компири, мене ми е беа нешто многу вкусно. Да ти кажам, јас прва година кога дојдов во Сениќ се поправив 5 кила, не знам дали од јадењево или тоа што бев прва, но така беше. Цимерки даваат да се наместиш ако имаш со кого. Ако ти се расипе нешто, одма одиш му кажуваш на мајсторот, ти го поправа и сите среќни и весели. Една од најубавите работи во Сениќ е што има двор. Има клупички, има една печурка, тоа се клупа округла така поголема, може екипа да седне да ужива, да пие таму, таму се чека мај бидејќи има голем двор .. Се плаќа 4500 месечно. До десетти од месецот треба да ти е платено, ако не ти е, Мијалче ќе ти побамка малку али никому ништо. И тоа. Мислам дека се ти кажав. Мене Сениќ многу ме разгали, од него станав зимурлива, но во него имам запознаено феноменални луѓе за кои знам дека ќе бидат дел од мојот живот засекогаш. Нема да згрешиш ако го одбереш, само зависи на кој факултет сакаш. Мислам дека се ти кажав, но ако имаш некое прашање, слободно.
Брат ми е ученик, ама ако го внесам тоа во пријавата треба да вади потврда за редовен ученик, а професорите се по одмори ваму-таму и тоа ќе оди малку потешко. Сакав да прашам дали може да не го наведам како ученик и да ги избегнам тие нервози за вадење потврда? Има некој такво искуство?
Ти секако мораш да имаш потврда за брат ти, ако не како ученик ќе ти треба потврда од бирото за невработен. Ама воопшто не е тешко да извадиш потврда, одморот на професорите мислам дека заврши, сега секој ден одат на работа, само појдете порано сабајле и верувам дека ќе завршите работа.
Уопште ништо не треба. Во Сениќ има секогаш место слободно, само потполни ја пријавата оваа што е сега онлајн и немај гајле .. Уствари ако си бруцош, малку покасно се роковите, но ме сваќаш нели?