Фала на тоа што ми го кажа и уште толку ми се засвиѓа домот има многу толку работи што ги нема во другите домови. Јас ќе бидам бруцош на економски кај бит пазар па се надевам дека ќе ме примат тука
Рок за електронското пријавување на студентите од I година почнува од 21.08.2012 година до 27.08.2012 година.
Може некој да ми каже какви се јадењата во Пелагонија, колку пати на ден даваат во колку часот и кои јадења ги има?
aха благодарам инаку и јас планирам да аплицирам во Сениќ повекето луге ми кажуваат дека е добар дом, можеби малце поскап спрема другите но има и предности па затоа и парите си вредат.Јас планирам да одам на Филолошки па Сениќ ми е најблиску и стив, инаку колку отприлика е одалечено од Кузман до Филолошки ? половина час, повеке?
А овај Сениќ не е интернат? Таму построго е така? Со ограничено време на излегување исл.? Бидејќи прочитав и средношколци дека седеле а нив ги држат строго во интернатите ако не се лажам
Построго е за средношколците и за средношколците единствено. Има воспитачи и тие не ги чепкаат студентите. Инаку јас кога бев првата година, вратата не ја клучеа. Оваа година чат пат ја заклучуваа дека влегувале многу Албанци, многу албанци има таму, дека и Јахја е одма тука и нон стоп се вртат и затоа .. Инаку за студенти ништо нема проблем, немајте гајле. Да се дообјаснам. На средношколците во интернатите им е платен престојот од државата. Тие денар не даваат во Сениќ. Затоа на студентите, а и плус од многу други причини не може никој ништо да им каже. Мене ми се дешавало да ми идат другари гости во ниедно време или да останат на спиење, и тој на портирница ќе направи некоја фаца али кој го шиша, јас плаќам за престојот тука, не сум средношколец.
Од Стив до Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет колку време се оде пешки и има ли автобуси и колку време се патува ? Има ли студенти кои се запишани на овие факултети и живеат во Стив или послабо?
Автобуси има, 50 мине на булеварот пред Стив и те остава пред државна болница, возењето е околу 20тина минути (во зависност од сообраќајот). Јас годинава слушав предмети на медицински (2-3 пати неделно) и кога се подзатопли времето пешки одевме, околу 40 минути му доаѓа. Не е блиску, вака во време, ама со друштво кога си за час стигнуваш. Инаку најблиску ти се Медицинар и Кузман. Студенти на медицина во Стив нема којзнае колку многу, повеќето што ги знам се од Стоматолошки.
Таа изјава од факултет од потребните докумени се пополнува на студентски или сама треба да си ја пополнам па само да ми ја заверат?
Ме интересира за студентскиот дом Сениќ-во која населба е и колку се плаќа месечно? И дали имам шанси да ме примат таму како бруцош, без да фаќам врски ?
А од Кузман до Филолошки отприлика колку е оддалечено? знам дека Сениќ бил поблизу до Филолошки како што ми имат кажано околу 20 минути точно е ?