Потврда за остварена нето плата на вработените членови на семејството за месец мај 2012 година или доколку за овој месец не е исплатена нето плата, да се достави потврда за последната исплатена нето плата (а истата да се наведе и во електронската пријава) Пишува дека за мај треба, а ако и во мај не зеле плата тогаш последната која ја зеле... Одма ги даваат мислам јас таа со трите си викам да ја носам
Па ако не земале за мај, тогаш за април. Ама јас ти викам ако во мај има помалку плата од другите 2 носи ја таа, а ако и е иста платата секој месец, однеси ја оваа со 3те месеци.
ааа иста е иначе Друго што сакам да прашам, во овој конкурсов во делот каде што пишува доставување на документи ама никаде не се бара некој доказ за бруцошите дека се запишани на факултет освен во молбата каде се бара број на индекс (тоа доволно е?) 3. Потврда за остварениот успех во студирањето на студентот; 4. Потврда за редовност во студирањето на студентот; 5. Новозапишаните студенти од I-ва година, наместо потврда за редовност (точка 4), да достават копии од свидетелства за завршена I, II, III и IV средно образование. Точка 3 и 4 се за студентите од повисоките години, да не има некаква грешка овде?
Јас колку што знам конкурсот е за сите студенти, без разлика дали се бруцоши или не. Значи ние треба копии од свидетелствата да доставеме заедно со другите работи, а ови точки 3 и 4 се за студентите од повисоките години. Не важат за нас.
Девојки кој документ треба да го поднесам доколку еден од родителот е сопственик на фирма? Пошто слушнав дека не требало да се доставува нето плата туку некој друг документ. Ај некоја феминка ако има искуство со ова да ми одговори ве молам.
mysterious има многу убаво напишано. Јас само ќе додадам уште неколку зборови за Сениќ, бидејќи лани бев редовна гостинка. Позитивно е тоа што не требаат врски за овој студентски дом, поранешниот дечко седеше таму бидејќи не го примија во Стив и не се покаа, ем читална имаше а и 100 пати помирно од Стив е. Всушност за студенстки дом е многууу мирно. Единствена негативна страна според мене е локацијата, јас кога одев мораше да ме чека кај автобуската постојка бидејќи таму мене страв ми беше сама да одам, домов се наоѓа зад подвожњак. Голем плус е тоа што има ВЦ во секоја соба и има топла вода, не се пожалил барем за тоа а во зима леле колку топло им беше во собата, јас специјално идев таму да се стоплам овие шетаа по куси ракави зимата. . Во собава кај што одев беа 4 цимери, по 2 кревета на спратови имаше, малечки се собите и не е толку строго, овие си имаа донесено и телевизор, звучници абе ко дома атмосферата беше. Толку јас можам да кажам како гостин во домов, како што кажав mysterious многу убаво има опишано како е таму. За цена појма немам, ама медицинар се наоѓа веднаш зад фармацевтски факултет, колешка лани седеше таму и 3 минути до факс и беше . Јас медицинар го препорачувам како последна опција. Во бараки седат и јас кога и да одев цела барака мирисаше да не речам смрдеше, една барака со 10 соби внатре имаа по едно ВЦ, добра работа беше што си имаа бојлер и кога сакаа си го пуштаа, во соба имаше 3 кревети и една маса и кај нив беше многууу топло зимата. Е за мензата имам само пофални зборови, секогаш има убави јадења, меса во изобилство и во бонската секогаш има се` за разлика од другите студентки домови. Читална си има и тоа е исто предност.
Женски видете додале на странава од студентски уште еден документ изјава за идентичност на податоци тоа го немаше претходно http://smestuvanje.mon.gov.mk/apliciraj ... 4zn9moy1xf Значи за студентите од прва треба да носиме 1.молба 2.изјава за семејна положба 3.изјава од родител 4.изјава за неподигање на документи (сите четири ги има во word format сметнете ги и испечатете ги). 5.копии од свидетелства од прва до четврта и копија од државјанство 6.потврди за плата од родителите 7.потврда за браќа и сестри за редовни студенти или ученици
Леле а баш овај Медицинаров најпогоден ми е според локацијата, на фармацевтски ќе одам Ама ако е стварно најлош од сите домови, тогаш ќе си аплицирам за Сениќ, колку сака нека е далеку, ќе си вадам месечна автобуска карта.
^Потврда за остварена нето плата на вработените членови на семејството за месец мај 2012 година или доколку за овој месец не е исплатена нето плата, да се достави потврда за последната исплатена нето плата (а истата да се наведе и во електронската пријава)
Да тоа го прочитав и му правев длабоки анализи, ама не можам да сфатам дали доколку во мај не е земено плата мора тоа да биде за плата земена во април на пример, или може да се достави белешка за јуни и воедно таа да се наведе во електронската пријава?!
НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ...потребно е да ги достават следните документи: 1. Молба; 2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава; 3. Потврда за остварениот успех во студирањето на студентот; 4. Потврда за редовност во студирањето на студентот; 5. Новозапишаните студенти од I-ва година, наместо потврда за редовност (точка 4), да достават копии од свидетелства за завршена I, II, III и IV средно образование. 6. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото семејство; 7. Потврда за остварена нето плата на вработените членови на семејството за месец мај 2012 година или доколку за овој месец не е исплатена нето плата, да се достави потврда за последната исплатена нето плата... Повеќе можете да прочитате тука.
хмм не знам, најчесто ако нема земено плата во мај нема ни во јуни па земи и од април и од јуни потврда па таму ќе ти кажат.. или пиши им би требало да ти одговорат
Девојки од Пелагонија до правен, филозофски,економски,филолошки нема дирекна линија автобус нели? Ај наутро не е страшно, ама за навечер како си идите, не ви е страв?
Како не е страшно? Секакви будали има... А Теа, сметај дека во зима во 5 се стемнува, па комбинирај ти 40минути одење на студ, снег и мрак... Ај мислења од поискусните