И Гоце и Кузман ти се од прилика тука некаде. Ако си бруцош ќе ти требаат гоооолеми врски, затоа што нема ни да можеш електронски да аплицираш во нив.
http://www.mon.gov.mk/en/aktivnosti/119 ... -20122013- Еве ви резултати, да не чекате напразно на Smestuvanje.. Со среќа.
Честитки за сите кои ве има на прелиминарен список Спојлер Не дека е некоја голема работа, конечниот е битен, ама мене пред две години ме немаше ни на тој, да видете кои нервози се
Од кога до кога се носат документите во Кузман? Јас знам од 21 до 24 август, али на конкурсот сега гледам пишува од 15 до 19 .. И зошто сега на конкурсот пишува дека треба потврда за остварени приходи за месец јуни, претходно пишуваше за мај ... И државјанството оригинал треба или не ? Секоја година го правам истово и секоја имам прашања и секоја се нервирам ... Едит: Сум го гледала конкурсот за 2011, затоа сум се збркала ...
Годинава од 20 ти до 24 ти пишува дека се носат, а од колку го колку часот не пишува Спојлер уште една грешка Инаку 20ти е неработен ден, ама не знам дали има тоа врска
^^ Поднесувањето на документите ќе биде во периодот од 21 (Вторник) до 24 (Петок) Август во просториите во Студентскиот Дом „Кузман Јосифовски - Питу“ (менза), во периодот од 9:30 до 15 часот. Во истиот период ќе се поднесуваат и приговорите за студентите кои ги нема на прелиминарната листа. Oва е напишано на страната на Сениќ на фб. Па и лани беше така Unfaithful,само што мислам дека до 4 поручек беше, не до 3 али добро ...
На страната каде што се пријавувавме, пишува од 20.08.2012 до 24.08.2012 Фали уште некој да се крене од својот град да отиде у Скопје на 20 ти и да нема поднесување на документи
^^ Не, не 20 е неработен ден, Рамазан Бајрам и затоа е ставено од 21. А па и немора одма на 20 да ги однесеш, имаш 4 дена избор. Затоа не ризикувај на 20, отиди си во вторник или среда, најарно.
Брат ми го има во прелиминарниот список. Е сега ако го нема во конечната листа може да се поднесе приговор или не?
да ве прашам се регистрирав на странана за електронско пријавување за во студентски, ама кај презимете ми излезе името, како се менува дали знаете? ако знае некој нека пиши, ве молам??? излегува црвен знак кога сакам да го преправам како на сликата
За бруцоши електронското пријавување е од 21ви до 27ми, прелиминарните резултати се на 29ти.. ако те има на прелиминарен документи се носат од 30ти до 3ти конечните резултати се на 8ми.. вселувањето е од 10ти до 15ти