На градежен сум - геодезија ( имав 91 бод али ми скратија 3 несоодветен предмет сум полагал. Сепак ако не влезем у државна у приватна сигурно влагам , кузман искрено ми е најблиску али требаа врски за таму и тоа големи. За у стив и Гоце имам врски , ти си у гоце ?
Ми кажаа дека требало да извадам некој документ од УЈП кој требало да се чека 4дена. Во конкурсот ништо такво не се спомнува. Може нешто повеќе информации?
јас сега ќе бидам 1 год на факултет и мене најблиску ми е кузман ама врси треба за сите ќе аплицирам за сениќ а ќе се запишам на фармација многу ми е далеку, ама со автобус ќе патувам
Не знам од кој град си, ама во мојот град истиот ден ти го даваат. Претпоставувам заради гужвата Да, во конкурсот ништо не се спомнува ама јас мислам дека направиле пропуст, бидејки до лани требаше, па и оваа година ќе носам. Плус во тој документ стојат остварените приходи од земјоделска дејност, приходи по други основи и слично, што исто ги има и во апликацијата. Затоа логично е дека треба да се носи. Извади не те чини ништо, бесплатно е, а и не верувам дека толку дена се чека, па било од кој град да си
Се чека да, јас од Охрид сум и ми го дадоја после 2 работни дена. Значи ако го поднесеш во понеделник, среда или четврток некаде би требало да е готово.
Гледам дека во потребни документи за дом го нема оној документот со двајцата жиранти. Па треба ли и тој да се поднесе или не? Сеуште е рано за мене бруцош сум,но сепак да се информирам на време
И уште едно прашање за електронското пријавување за дом ми требаат само потрдите од платите и семејно материјално?И ништо друго?
Семејно материјално е уверение за остварени приходи на членовите од семејството кои се пријавени во управата за јавни приходи (за цела година) Служи за докажување на материјалната состојба пред оној орган кај што е потребно. Содржи приходи од лични примања, приходи од земјоделска дејност, приходи од имот, приходи остварени од вршење на самостојна дејност итн.
А нели ни стигна на email една порака дека приходи по член 14 таму во електронската пријава не требало да се пишуваат и на страната на електронското пријавување за потребни документи тоа не го пишуваше. Сигурна ли си за ова?
Да, ни стигна дека приходите по член 14 и 14-а не се внесуваат во електронската пријава, ама затоа пак има да се внесат приходи од земјоделска дејност, приходи од стопанска дејност и др. и без разлика ако немаш такви приходи, пишуваш нули ама треба да однесеш соодветен документ со кој ќе го потврдиш тоа. Затоа логично ми е дека треба семејно материјално а и изминатите години требаше. Мислам дека само направиле пропуст и го заборавиле во потребни документи.
Ајде ќе извадам и такво... И сега ако ме има на првата листа ги носам овие документи Копија од извод, државјанство, и свидетелствата од сите четири години (и дипломата ја фотокопирав) Молба Изјава за семејна положба Изјава на родителот за целосно подмирување на трошоците Изјава за идентичност на податоци Потврда за плати од родителите Потврда за редовен ученик/студент за браќа и сестри И еве последно семејно материјално Уффф еден куп документи. уште нешто да не заборавив? Благодарам Unfaithful18!