Студентски домови

Дискусија во 'Образование' започната од Unfaithful18, 28 јуни 2010.

  1. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    641
    ^Kaде се вадат овие изјавите или треба од дома нешто да напишат како изјава?
    Потврдите, една е од училиштето, факултетот на браќата/сестрите, другата е од работното место на родителите?
     
  2. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Да, потврдата за плати од родители се вади од соодветната фирма, доколку некој од родителите е невработен, потврда се вади од Биро за невработени.
     
    На Pocahontas.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. taznatajbg

    taznatajbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    и она изјава за двајцата жиранти мислам дека треба
     
  4. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    203

    Што е тоа? Од каде се вади?
    Лелее гледај сега не ги пишуваат сите потребни документи на нивната страна, само на некои нивни таму им кажуваат па за нив да ги примат, а нас да не не примат со изговор дека не ни се целосни документите и тогаш и приговор и се е џабе... Абе сето политики! Ајде кажувајте ако излези уште нешто. Подобро повеќе да им однесам отколку да фали нешто...
     
  5. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    И кажав на tajnatatajbg дека тој документот за жиранти се носи подоцна кога се уселуваш |(
     
  6. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Mене нешто не ми е јасно.Конечните списоци за студентите од повисоките години ќе излезат на 08.09.Лани вселувањето им беше до 10-ти септември, како што знам.Е годинава како ќе биде?Сигурно нема да биде вселувањето во два дена.Некоја информација околу ова...? :?:
     
  7. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    236
    Девојки, кај молбата што треба да се пополни тоа реден број од список да го напишам идентификациониот број или тој од списокот? Таму кај јас таа и таа од треба да напишам Скопје или општинаа во која што живеаам? И кај занимање треба да се напише родителите што работат моментално или тоа што им го пишува во диплома? :)
    И дали има некоја уплатница која што треба да се однесе бидејќи лани требаше?

    И таму кај таа потврдата со положени испити треба да ја пополниме ние и да ни стават само потпис или треба и индекс да носиме па тие да ја пополнат?
     
  8. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661

    Нема шанси толку касно да излезат конечните за постарите години. Нема теоретска шанса. Јас лани памтам, на први отидов да се вселам, за да си земам поубава соба. Нема сигурно да одам ако не бил излезен конечниот список. Или е некоја грешка или не знам.
     
  9. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Конечниот список за студентите од постарите години ќе излезе на 30 август. Вселувањето е од први до десетти септември.
    Прелиминарниот список за бруцоши ќе излезе на 29 август. Конечниот на 8 ми септември. Вселувањето е од 10 ти до 15 ти септември.
     
  10. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    236
     
  11. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Ти ја пополнуваш за да они не губат време ама носиш и индекс за да проверат дали е точно пополнето.
     
  12. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Како се вика документот од УЈП што треба да се извади?
    Потврда за семејно материјално...? :wasntme:

    А тој од биро за вработување за кој е вработен се вика потврда за семејна положба...? :^)

    Знам дека ви е смачено од вакви прашања, ама уште овие два документи ми фалат.
    Утре ќе одам да ги извадам па да знам како да им речам таму. :D
     
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    27.302
    Пол:
    Женски
    Документот од УЈП се вика Потврда за семејно материјално, треба за секој член од семејството посебно, значи ако сте 4 члена, треба 4 потврди.
    Документот од бирото за вработување се вика потврда за невработени лица, го вадат членовите на семејството кои не се вработени, а се пријавени под бирото. (И ова мислам дека лично треба да отиде лицето, ако сум грешка нека ме исправат). Вработените членови си вадат потврди со износ на плата од фирмата каде што работат. :)
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    хм да прашам, кај мене брат ми е вработен треба и тој да извади потврда или не? бидејки тој не ме издржава туку моите родители ?
     
  15. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    http://www.smestuvanje.mon.gov.mk/apliciraj/
    Јас се регистирав овде за да аплицирам,ама ми излегува дека нема активни конкурси. :?:
    Јас сум бруцош,нели за нас требаше од 21 Август......
     
  16. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски

    па почекај од утре :)
     
  17. An.N

    An.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    14
    Дечки да прашам за ова, потврдата за остверен успех. Имено еден предмет имам положено но немам земено оценка. Можно е да ми прават проблеми? :worried:
     
  18. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Не го пишувај брат ти. Во членови во потесното семејство напиши 3.


    Ќе го пишеш како неположен штом немаш оценка у индекс.
     
  19. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    203
    Семејно материјално за сите дома треба?
    Не само за мајка ми и татко ми?

    И ај уште еднаш за тоа жирантите кажете ми подетално што документ е тоа, од каде се вади, па јас не земам кредит :D
     
  20. tea19

    tea19 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    23
    На едното уверение во кое што ја пишува имотната состојба заедно со молбата која ја пополнуваш ти ги пишуваш сите членови во семејството, потоа ти даваат уверение за остварените приходи на секој полнолетен член одделно..