Не ги исфотокопирав сведителствата,државјанството и изводот,а ако одам во студентски дали ке можам да ги земам од факултетот да ги исфотокопирам и пак да ги вратам? Или неможе така?
Само за потесното семејство. Мајка, татко, ти, ако имаш брат/сестра студент/ученик пиши го, ако е вработен не го пишувај него. Документот за жиранти треба да излезе на интернет, кога ќе дојде време за вселување. Значи сега кога ќе се поднесуваат документи после прелиминарниот список сеуште НЕ ТРЕБА да се носи тој документ, туку подоцна. Кога ќе излезе го симнуваш од интернет, пополнуваш за два жиранти, едниот може и некој од родителите да биде, друг некој роднина/пријател, било кој кој ќе се нафати да ти биде жирант. После тој лист го носат тие на работа, таму да им стават потпис и печат, ти го враќаат и завршена работа. Истото и мене ми се случи кога бев бруцош Ќе отидеш на студентски прашања во факултетот и таму ќе ти кажат која е процедурата. Кај мене на ПМФ требаше само молба да напишам, да отидов до секретарката на деканот, таа ми го одобри барањето, ми ги даде документите, ги копирав и и’ ги вратив. Другарка ми пак на Филолошки уплати некои 100денари на уплатница и исто и така успеа да си ги повлече документите од факултетот. Спојлер иако кога се јавивме прво телефонски ни кажаа дека не можело Не знам на кој факултет си, ама би требало да може, само прашај на студентски.
И јас сега проверував и мене исто ми излезе дека нема активен конкурс,и јас сум бруцош..Би требало денес да излезе
Гоце и Кузман не примаат бруцоши(освен со ептен јаки врски)и затоа ги нема во електронското аплицирање. Јас знам така од сигурни извори па ако сум случајно во грешка се извинувам за дезинформациите
Поднесувањето на документите за домовите во Скопје ќе биде во периодот од 21 (Вторник) до 24 (Петок) Август во просториите во Студентскиот Дом „Кузман Јосифовски - Питу“ (менза), во периодот од 9:30 до 15 часот.
Добро девојки ФИНКИ е кратенка за Факултет за информатички науки и компјутерско инжињерство, така? Зошо го нема во листата на факултети?
Аплицирав електронски за во Стив Наумов за во првата и втората зграда,а тие биле само машки згради.Незнам колку е точно,може ли некој да ми каже.И дали ќе можам повторно да аплицирам за во третата зграда,ќе имам ли некој проблем околу тоа?Фала однапред
мора електронски да се пријавиш бидејќи ќе има прво една листа па ако те нема на неа поднесуваш приговор а ако те има ги носиш документите и чекаш да излезе конечната листа иначе јас аплицирав за во пелагонија како и многуууу други па сега што ќе биде нека биде
Ајде некој кој си ставил интернет во соба (во студентски) ако може да ми каже преку кој оператор и колку го чинело сето тоа месечно. Совет ве молам...
и јас аплицирав во пелагонија,а од мојот град има уште 8 јас што ги знам што аплицираа во пелагонија ќе не има многу,густо ке биде околу 100 души бруцоши примаат во пелагонија или грешам
Како сме сите запнати за Пелагонија можеби е најубаво ама па и најдалеку е И сите се 100% сигурни дека ќе ги примат Сите се со најјаки врски Кој знае што ќе биде