Да не знае некој дали ќе прават проблем ако аплицираш во Стив во прва и втора зграда..дека нели тие се водат како машки??
Хм сите аплициравме во Пелагонија но кога ке примат, богами има жестока битка за таму како и секоја година
Е таман де, од 10 града од прилика по 8 души, чак и 20 места слободни ќе има Какви весели математики си правам, а ќе плачам ако ме нема на списокот.
Сериозно луѓе колку е далеку Пелагонија од УКИМ? Сигурно само 100 бруцоши примаат? Ако ме нема на прелиминарната листа кога каде и како поднесувам приговор?
Ако те нема на прелиминарна листа приговор можеш да поднесеш во деновите кога се носат документите, исто во Кузман.
А приговорот го има некаде на интернет да го сметнам испечатам и пополнам? Или? А документите во Кузман ли се носат? Не знаев
дечки може ли некој да ми каже кој студенски е најблиску до факултетот за безбедност-криминалистика и дали заврши рокот за пријавување? фала
Прашањево ме насмеа (не сакам да се навредиш). УКИМ ти е универзитетот а факултетите ти се расфрлани, има во карпош, автокоманда и на други места не знам. Пелагонија ти е во кисела вода. Е сега колку е оддалечено врска немам, некој поупатен може да ти каже ама мислам дека е дискутирано околу тоа. Приговор поднесуваш кога сите одат да ги остават документите мислам. А и од нашиот град има доста заинтересираност за во пелагонија .
бруцош - студент 1 година на факултет ми стана смешно бидејќи и јас како тебе кога се запишував лани незнаев, сите бруцош, бруцош а јас појма немав што значи зборот економскиот е најблиску до Стив
Јас сега ја прибирам документацијата и ако може некој да ми каже уште што ми фали.... Свидетелства и диплома. Потврда за плата од мај за мајка ми. Потвдра за татко ми дека е невработен. Потврда за брат ми дека е ученик. Семејно материјално. Државјанство и извод од матична книга на родени. Се’ ова имам прибрано.Разгледував низ темава и мислам дека ова е тоа,ама сепак ако може некој да ми каже дали треба уште нешто.