кога ке биде вселувањето на студентите од погорните години на 1ви или на 3ти ?? прашувам бидејки први е во сабота
кога ги носевме документите тие кажаја дека и на први ке имало вселување и не знам дали е баш за верување
Има ама речиси сите се со врски. Затоа и предложив да си аплицира одново, зошто голема е веројатноста да не ја примаат.
Им пишав меил ми одговија “Мислам дека нема да има проблем“ ..секако таа би требало да знае не да мисли .. прво аплицирав во третата и потоа ја сменив апликацијата па ќе видиме што ќе биде
Девојче јас не те разбирам тебе. Ти сакаш да седиш во машка или нејкеш? Ако нејкеш не знам зошто не си аплицираш за во женска - трета зграда Спојлер токму тоа не те разбирам, сега пишуваш дека си аплицирала прво за во трета, па си сменила апликација додека сеуште е активен конкурсот ? Ако немаш врски нема шанси да те примаат во машка, плус бруцош си. На кој меил ги исконтактира, ако сакаш пиши ми го, пошто и јас треба нешто да ги прашам.
Па добро ама не секој што завршил средно ќе продолжува на факултет. Јас кога бев бруцош вадев, можеби сега смениле.
Точно, ама така пишуваше на страната за сместување + тоа не е така лесно да се излаже, година на раѓање, датумот кога се поднесуваат документите (за бруцошите ќе биде сега, за студентите од погорните години помина), во кој период си аплицирал... итн
Кога, кое време ќе излезат резултатите од преелиминарните листи и каде да ги барам, каде ќе ги истакнат?
Јас не сфаќам каква врска има годината на раѓање со тоа дали си студент. Ти можеш да паузираш 1-2 години па да се запишеш. Добро, можеби годинава не треба, само, и кај нас еден документ не го пишуваше дека треба, и после кога требаше да се носат документите го напишаа. Па после трчав да го барам.
a koga kje ima preeliminarni za brucosite za studentskite domovi? koga kje bide objaven konecniot za 2,3 i 4ta ?
Ако сте прва година прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 29.08.2012 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на интернет порталот http://www.smestuvanje.mon.gov.mk/apliciraj. Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 08.09.2012 година на огласните табли во студентските домови, за каде што конкурирал студентот и на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk/apliciraj.
Знам дека УКИМ е универзитетот и дека факултетите се насекаде ама отвори еве и на гугл мап, целиот комплекс од економски филозофски филолошки и правен факултет ќе го најдеш под името УКИМ зошто така им е направено не знам ЕДИТ: Утре е државен празник, ќе има ли резултати? ...не видов, девојчето над мене напишало tnx
Имам едно прашање, оваа потврда за остварен успех во студирањето треба да ја поднесеме ние бруцошите ? Доколку треба, како да ја извадам ? Фала однапред.
Девојки за секој случај проверете си ги податоците, јас отворив случајно и гледам место ФИНКИ ФЕИТ сум одбрала по грешка.