се блокира цела страна сериозно ако утре нема резултати јас а и многу други кои утре ќе се запишуваат ќе треба два пати да идат во Скопје а тоа се ТРОШОЦИ! ама на никој не му е гајле!
ако вака продолжат страшно,никаков ред. чекав да излезат документите за запишување на филолошки и немаше па немаше,сабајлево уплатив 750 и 6125 отидов во осум а се вратив во 12 страшна гужва беше,а инаку сум од мал град и се аглеам требало и за такса пак треба да одам до пошта.се во последен момент,треба малку да имат обзир со ова документите сто ги стават на нет да се стват порано, во помалите градови се чека по 2/3 саата не пак во скопје. сеа можеби ќе ги стават некаде после полноќ или дури утре па во петок пак за скопје мали екскурзии ке си правиме
Дечки тоа е тоа... знам дека сега ви изгледа невозможно, ама хаос се. Нив не ги интересира дали вие идете од Дебар или од Делчево и дали сте патувале 4-5 часа од сабајле и дали едно идење ве чини две илјадарки... Нив плата им стига на први секој месец, па он за тебе ќе мисли, како да не. На никој не му е гајле, и знам дека ви е тешко сега, ама ќе се навикнете. Можда тоа е лошо, оти сите се навикнуваме а никој ништо не менува. Те сфаќам за на филолошки, лани ноќта кај 2, 3 ги објавија, па сва среќа што се знаевме меѓусебно однапред некои колеги и по брза постапка се печатеа. Гледајте да најдете уште некој од вашиот факултет, макар и аднувајте ги од листите на фејсбук, снаоѓајте се за информации, така само, иначе сами, многу тешко. Вака овој разбрал едно, овој друго, ќе се снајдете на крај. Исто гледајте ако имате некоја тетка, чичко, братучетка, роднини во Скопје што можат да остават документи, оти секако тоа е само оставање, не треба ваше присуство. Пари однапред спремете си, имајте настрана и резерва, секогаш испаѓаат непредвидени трошоци, никогаш не е, пример, само пет илјади. Не знам што друго да ви кажам, битно чувајте живците, не се нервирајте...
потврдата од ујп, мора секој да ја зема или само оние чии родители се невработени а примаат пари? не ми е јасно... и на овие изјавите, мора да се става некоаков печет? пошо нешто така слушнав..
не пишува дека треба да се носат потврдите од ујп каде го прочитавте тоа. не ми е јасно само ако имаш дома пензионер тие чекови што ги донаса поштарот со пензија ли треба да се проложат или нешто друго е тоа чек-уплатница
Абе вие за пензионерите праќате?! Намерно ли сакате да не ве примат со изговор на вишок трошоци Јас баба ми и дедо ми ги исклучив, секако тие не ме гледаат! Само јас мама тато и бато ги напишав како членови на моето семејство
нели вака имаш вака поголеми шанси да те примат? имаш поголем приход дома. иначе од ујп вадец само за нас 4 а за пезија ке го земам чекот па ке прашам
Потврдата од ујп мора секој да ја носи. И за изјавите што се симнуваат од страната, тие се изјави од тебе и од родителите, значи не треба печат. Не треба да бидат заверени кај норат, оригинали си се тие Како бе поголеми шанси да те примат? Некои и браќата и сестрите си ги кријат ако се вработени не ги пишуваат, а не пак пензионерите
Ако имате дома пензионер го сметате за член на семејството значи ако живее на иста адреса ко вас тогаш треба да ги доставоте тие пензионерските потврди , чекови што и да се , а не ако имате баба и дедо
овие што не стваат прелиминарен список не ставаат, некако не им се многу брза ,но во домот сигурно ке има истакнато список.иначе во кузман треба да ги носиме документите и ние бруцошите .на страната не пишува за нас само за погорните години
^^ Во студентски имаат предност оние кои немаат приходи дома. Инаку, која е логиката? Тие може да ти кажат, според приложеното, вие имате доволно средства да седите и во стан. Затоа што во домови многу луѓе седат затоа што навистина немаат пари. А ако кажуваш така, дека имаш повеќе пари, за тие да бидат сигурни дека ќе им плаќаш на време, не се секирај. Си имаш жиранти, ако не платат твоите, ќе одат кај нив, битно тие ќе си наплатат. Така да, пишувај само мајка ти и татко ти и толку, никакви други приходи и бакрачи.
За резултати малку ќе причекате, или накај полноќ или утре, никогаш на време не ги даваат. Документите од УЈП мора да се носат. Без разлика дали твоите се невработени, тоа ти служи како доказ дека немате приходи од ништо. Тоа што не го пишува во потребни документи е само нивен пропуст, инаку сите години до лани требаше да се носи, а и лично пред мене вратија двајца што не го носеа документот. Во членови на потесното семејство не ги пишувајте бабите и дедовците. Ниту пак брат/сестра ако се вработени. Така само си ги наголемувате приходите а намалувате шансите да бидете примени. Сега веќе е касно зошто пријавувањето заврши, ама за друга година да си знаете. Бруцошите исто ги носат документите во Кузман. Во исто време и место се поднесуваат и приговорите ако ве нема на прелиминарен список. Значи ако ве нема, одете, поднесете приговор (од таму ќе ви дадат лист) во кој ќе напишете дека замолувате вашата пријава повторно да биде разгледана, дека не сте во можност да си дозволите стан и слично. Внимавајте документите да ви бидат уредно и точно пополнети. За некој што спомна - не, не треба никаков печат. За студентите од погорните години, уселувањето би требало да почне од 3ти септември. Јас од 3 ти ќе одам за да не ризикувам џабе одење.
Како бе поголеми шанси па нема тоа логика тие што немаат услови и мали примања седат во студентски кој те лажел вака ако имаш поголеми примања фино лепо ќе ти речат терај маткај имаш ти пари за на стан! не се будали такво нешто за баби дедовци да носиш! резултати уште немааа....аман!
Unfaithful18 да те прашам дали листот за семејна положба што го има на страната на сместување треба да се носи или не?
Извини не те сфатив баш Ако мислиш на изјавата за семејна положба на студентот, да, треба да се носи. Треба да се носи се што пишува дека треба.
Нема проблем, ама стварно сте ми чудни. Убаво си пишува на страната дека треба да се носи. И од каде ти истекна тебе дека можеби не треба Носете ги сите документи што пишува на страната. Носете и документ од УЈП, бидејќи треба да се носи. Ако го немате испечатено идентификациониот број носи го запишан на ливче. Пополнете си ги документите од дома за да не дојде до несакани последици како на пример: да си заборавила да земеш матичен број од мајка/татко или број од лична карта. Не верувајте на никој што ќе ви каже ова не треба, она не треба. Носете се, ако не ти треба ќе го вратиш, а ако ти треба а не си го понел ? Кој носи не проси
бидејки една др ми речи дека не требало овој за семејна положба само од УЈП ама ајде сега ние што си додаваме ова треба она не треба..