При вселување се носи само образците за жиранти, фотокопии од личните карти на жирантите, три сликички, и меница од 100 денари што може да се купе во книжара. Остатокот од документите од таму се земаат, без пари се.
Од книжара се купуваат или можеш од интернет да ги симнеш и испечатиш ако ги најдеш. Два жиранти треба да имаш.
Ме имаше на прелиминарниот список и денес ги однесов документите во Кузман. Па има ли некоја бруцошка што поднела документи за Сениќ?
луге со овие приговори што ги поднасаме ние што не сме примени на студентски колкави ни се шансите да не примат? Колку можат да го прошират преелиминарниот список, + колку можат да додадат?
Ловли ти си бруцошка така? Со приговорот треба да ги однесеш сите документи кои се бараат, исто како да те има на преелиминарниот список, само плус приговорот. А за кој дом аплицираш?
на фејсбук на станата од гоце пишува дека вселуванјето за поголемите години почнува од утре знаете ли вие некоја информација????
да бруцош сум, аплицирав за во Пелагонија, и денеска ги предадов документите со приговорот, само не ми е јасно, сите ли приговори ги читат...ги имаше мноооооооОгу...
Знае некој во кој термин ( за датуми знам, ама за час ме интересира ) е вселувањето, никаде нема информации...
Најчесто референтите се до кај 15:30, 16:00, така да отприлика тоа време... Кај нас во Сениќ се случува и по цел ден некогаш да останат, но мислам дека отприлика тоа време би требало да биде ...
утре ке има вселување 100% ни кажаја... а час не се знае точно ама од сабајле се почнува од кај 9 до кај 15
Јас денес поднесов документи за Пелагонија и искрено мене ми се чини дека имаше повеќе студенти кои поднесуваа приговори него документи.
Не знам за кој студентски си конкурирала, но бидејки братуцетка ми оваа год ке седи во студентски па кога се јавила да праша за датумот на сместување и кажале дека од понеделник почнува вселувањето.
Мислам дека може секое вработено лице, треба потпис од раководител и сметководител и печат од фирмата.
А може двајцата родители да ти бидат жиранти(секако ако се вработени)? Слушнав нешто дека можело само еден од родителите и некој друг да бидат жиранти демек не можело двајцата родители
Не знам, не сум многу упатена, некоја поискусна феминка нека сподели искуство. Ама би требало да може..по моја логика