Јас мислам дека не може, затоа што финтата со жирантите е во случај да вашите родители не платат, касната со плаќање, да се обратат кај жирантите. Вака ова нема логика.
значи може еден од родителите на ти биде жирант. јас најдов еден ми фали втор значи може еден од родителите ако може вака навистина е добро бидејќи тешко е да се најдат барем во мојот случај а мора ли копии од личните карти на жирантите
а дали копиите од личните карти на жирантите се морални ке ми прават проблем ако не ги однесам. на страната на пелагонија не пишува ништо за тоа
А може ли едно лице или фирма да биде жирант на двајца студенти кои аплицарале за различни студентски домови?
Може, без разлика дали станува за ист или различен студентски дом. Нема ограничувања за бројот на лица на кој може едно лице да биде жирант.
Едно прашање. Вртев по темава и само Анфеитфул има за тоа напишано. Каде можам да најдам обрасци за жиранти? Ги има ли по книжарите?
http://www.dsdpelagonija.mk/dokumenti/Z ... uvanje.pdf Можеш од тука да ја испечатиш. А меница од 100ден. има во банка или по трафиките.
Девојки , дали предавањето на документите за студентски дом се до 3-ти т.е до утре за прва година, или до 6-ти (четврток ) како што пишува на страната за прелиминарни листи. Благодарам однапред
ај ако може некој поупатен да ми каже потребни документи за сместување во пелагонија на нивниот сајт нема ништо сега читам по другите форуми требало и да се плаќа за културен живот,оштета на првиот ден ли се плаќа тоа и на сметка или таму
1. Обврска за жирантите (и копии од нивните лични карти) 2. Меница од 100ден. 3. Копија од твојата лична карта 4. 3 твои слики со големина како за во пасош (3.5х4.5 мислам дека е) За општа штета се плаќа 250ден. За културно забавен живот 250ден. За документи 200 ден. И секако пари си носиш за прв месец да платиш сместување. Последниве 3 ги болдирав затоа што не знам дали се плаќаат во секој студентски дом и дали е иста цената секаде.
Ги пополнувам овие молбите, изјавите за во студентски и некои работи не ми се јасни. - во молбата горе кај квадратчето да напишам во кој студентски дом аплицирам и бројчето од електронската пријава или да оставам празно во тој дел? - потврдата за остварениот успех во студирањето на студентот бруцошите не ја доставуваат така? - кај изјавата за семејна положба кај делот од табелата каде се наоѓа сродство што да напишам за мене? - на изјавите на местото на датум да го напишам датумот кога ќе ги доставам документите заедно со приговорот или ништо да не пишувам? - дипломата треба ли да се носи? Во потребните документи пишува само свидетелства а гледам сите ги носат и дипломите..
Тие што вселуваат се крајно безобразни. Од кај ги поминат сите соби и си изберат најубавите за нив, па се прават и шерифи. "Ве наместивме заедно, а не сакате ни нешто благо да донесете. Абе дај им ја таа собата што ја напуштија тие дечките сега.". Уште штом сппомнат дека некој ја науштил знаеш што те чека, ама не губиш надеш. Им викаш: "Се седи во собата што ни ја давате", а тие ти се смешкаат од мустаќ. Повремени влегуваат луѓе со пива, сокови, во зависност од тоа што им се пие во моментот, а гтебе, ете не ти текнало да земеш ништо. Ти даваат нефункционална соба во која треба со кофи да исфрлаш вода кога врне и да не спиеш цела вечер, затоа што водата ти тече на глава. Кревет нема, има само импровизација некоја, стол нема, полици нема, бирото донесено којзнае од каде, не се ни вклопува во собата, ламбата над креветот искорната, останале само жиците. Абе убавини. Одиш се буниш, бараш нешто подобро. И нормално, нема да седиш во соба која минатата година не ја ни вселуваа. Влегуваш и вртат очи, "Пак тие" - викаат. Сега кога се врати пак не ти даваат ни да прашаш за соба."Која да им ја дадеме?" - се мислат тие. Без да проверат дали е слободна или не - како од пушка ти даваат соба, значи ги знаат на памет која соба како изгледа. И патем не забораваат да те потсетат што треба да им однесеш, ако веќе не си им однел...
^Денџел за кој студентски дом станува збор ако не е тајна или ова општо за сите А јас пак да прашам за нас бруцошите на 8ми треба да излезе конечната листа, ама нели на 8ми е државен празник и сега кога ќе излезе? 8ми или порано?
^ 8ми е државен празник и е сабота, наредниот ден во недела да ги објават не ми се верува и изгледа ќе си чекаме до понеделник