Јас ќе сум во Пелагонија, но ме интересира во кој друг студентски дом има за секоја соба посебно веце. И по колку души се во соба по другите домови? (сум слушнала за Гоце по 2)
Во Стив има во секоја соба посебно вц ама само во машкиот дел што беше реновиран и во Сенич. Во Кузман се по 2 во соба, Гоце исто по 2, Стив по 4, за Пелагонија си знаеш по 4.
Да прашам кога се плаќа за студентски? Кога ќе одеме да се вселуваме и уште нешто тоа за жиранти мајка ми може ли да ми биде и кога треба тоа да го однесам?
Сега кога ќе се вселуваш се плаќа. А за жирантите, јас мислам дека не може родителите да бидат, но ете Анфеитфул вика дека можело, дека таа така праавела, така да ... А инаку и тоа треба да го однесеш на денот на вселувањето. Сите документи се носат тогаш.
Се вселив во Стив во понеделникот и уште другиот ден ни донесоа уште две цимерки. По четири ќе седат и оваа година, бидејќи има многу студенти кои со врски се вселуваат. Еве конкретно моите две цимерки што дојдоа кажаа дека ги немало на список, туку се со врски. Собата си ја избрав сама, сакав да бидам прва во соба, за да си го зафатам најубавиот кревет и шкаф. Слободни соби сега останале само на приземје. Инаку од годинава треба и фотокопија од лична карта. Без неа не вселуваат. Уште еднаш ќе потврдам дека родителот може да ти биде жирант. Во Стив можеш да си кажеш во која соба сакаш да те сместат, секако ако е слободна. Во Кузман не можело, однапред биле направени списоците кој со кој ќе седи. Бруцошите ќе ги посоветувам ако им е сеедно во која соба ќе седат, нека си прашаат прво дали има соба каде што ќе бидат трети по ред, оти четвртите во соба немаат шкаф и полица.
Може да биде родител жирант-мене ми е, може и пензионер. Битно да остварува приход. И јас се вселив вчера. Еве сигурно што дкументи требаат: -Обврска за жирантите, меница од 100ден (непоплнета, ако треба да се пополни таму ќе ви кажат), и копии од нивните лични карти. -Копија од личната карта на студентот и три слики (3х4 цм) -Платено КЗЖ 250 ден. -Платена киријата за 1 месец. -Документи што таму ги купувате и поплнувате, картон, договор, домска легитимација- се на се 200ден. Тоа е тоа мислам.
А ние што сме бруцошите плаќаме за пола месец т.е. пола рата или целата си ја плаќаме?(за Сениќ сум) Од тие што ги прашав некои ми рекоа пола рата некои цела и сега што е точно
Ќе ги прашате референтите за најточно. Мислам дека и за вас важи дека се ќе плаќате, односно цел месец, но не бидете нестрпливи, најубаво ви е ништо да не плаќате однапред, ќе отидите да се вселите, ќе прашате што и како треба и ќе си уплатите.
Јас платив цел месец, но во Гоце сум. Слушнав дека лани бруцошите во некои домови за септември плаќале пола месец. Ќе прашаш таму, ќе видиш како ќе биде за во Сениќ. Инаку во Гоце и во Кузман нема пола месец плаќање, пошто бруцоши не примаат. А и да се снајдеш некако, мора порано да се вселиш со повисоките години иако бруцош, така да цел месец се плаќа.
Во стив има ли теретана? И уште нешто каков документ треба да имам ако ми е жирантот пензионер,од каде да го најдам за пополнување или може истиот овој што е за вработени само без печат од фирма и сл.?Незнам колку успеав да објаснам
^^ Нема теретана во Стив. А документот за жиранти е тој истиот само треба пензионерот да го однесе во пензиско да му удрат печат.
Абе изгледа само јас и ти сме бруцошки за Сениќ на форумов, а и општо многу малку има пријавено јас повеќе очекував
Која е постапката доколку ме нема на конечниот? Дали може да се поднесе приговор и колкави се шансите да ме примат со приговорот?
Вака не бев примена во прелиминарна листа,поднесов приговор, во конечната повторно ме нема јас мислам дека шансите ми беа 0 Инаку можеш пак да поднесиш приговор и ако повторно те одбијат тогаш е крај, така читав во еден прирачник за студентски домови