Аха. Мене ме имаше на прелиминарната, сеа глеам ме нема на конечната. Ако е ова точно што велиш, кога и каде се поднесуваат приговорите? Во Кузман или домот за кој си аплицирал?
Зошто кога идам на линкот ми вели server not found? Не ми отвора и не можам да си видам дали ме има Едит конечно ми отвори и ме имаааа во Сениќ
Ако му треба на некој место во Стив женска зграда нека ми пише ЛП, може ќе успееме да направиме нешто. Ама да напоменам во прашање е само 1 место.
А кога ќе се вселите во студентскиот останувате таму,не се враќате одма дома?На пример ако се вселите во понеделник ке останете таму додека да почнат предавањата па после тоа дома ,или како?Сакам да знам оти некој ми вика треба да се остане,некој да се врати дома и незнам како да правам
Да се пофалам и јас! Ме имаше и на прелиминарната и на конечната во Пелагонија! Сега само соба да се најде некоја така подобра и да бидеме 4, а не 5 и се ќе биде супер! Барам цимерки бубалици како мене :geek:
и мене ме има на конечниот во пелагонија ,а можат и 5 во соба јас мислев дека се по 3 или 4 ау па многу е вака,инаку јас и моја школска исто така сме бубалици и малце не фака страв шо цимерки ќе ни се погодат, ние две сакаме да сме во иста соба ама ако одат по тој список во конечната не можеме да бидеме заедно, кога ке ни даваат соба тогаш ли да им кажам на чичковците дека сакаме да сме во иста соба...
Девојки потребна ли е потврда од матичен лекар за тоа дека сум психички и физички здрава за вселувањето во студентски?
Немам никој кој да прашам за студентските домови зошто сите познати живеат во стан, затоа се надевам дека некоја ќе ми одговори на прашањава. Се мислев, пегла за алишта, фен си купивте заедно со цимерките или секоја сама? И за испраните алишта, си ги сушите всоба ли или има некое место за тоа? Леле немојте да ми се смеете, се пакувам пополека и незнаам уште што да земам
од утре започнува вселувањето во студентските домови за бруцошите нели? страната нешто не ја отвара кај мене
Дали може да ми кажете колку се плаќа во Стив при вселување, заедно со документи, меница и др трошоци?? Планирам да одам утре да се вселувам но, се уште не сум упатена како одат работите. Меница има таму, или треба да се купи од напред? И уште нешто: Собите имаат посебно купатило или..???
Бидејќи си бруцош и се вселуваш подоцна, ќе платиш половина, т.е. 1650 денари.Меница има во тоа кафулето, 100 денари е.Документите за вселување се 200 денари и се земаат на портирница.Собите за жал немаат купатило, едно е за цел спрат, околу 15 соби.