Јас сакам да прашам дали треба да отидеш со уплатени уплатници или пак таму кје ти кажат што како бидејки не се дадени жиро сметките , меница од каде треба да се земе и дали само ние од домја да понесеме пари тие за жирантите и три сликички прашувам за во пелагонија
Во Стив си ги сушиме на тераса. За во другите студентски не знам. Инаку за другите работи со меѓусебен договор, една ќе донесе пегла, друга фен, трета решо, која што е во можност... и ќе ги користите заедно. Значи се со меѓусебен договор, инаку кај се ново ќе купуваш
Јас оваа година носев се, пегла, фен, решо имавме, леѓен и позајмував, тоа уопште не е голема работа, едно големо сестринство е во студентски ќе видиш. И тебе ќе ти треба нешто некогаш, барем знаеш дека имаш минимун 20 соби на располагање за да го најдеш истото. А инаку за алиштата, кај нас во Сениќ, пр. ги перам од вечер, веќе до сабајлето се суви, на парното. А кога ќе се стопли може да треба ден за да се исушат. Ние ги сушевме или директно на парното, или на корнзите горе, на закачалка. Така па уште побрзо се сушеа.
Вие што се за КЗЖ,општа штета и за документи треба секој месец ли да се плаќаат во Пелагонија или како и ако има некој да ја каже жиро сметката за во мојот град да си уплатам
Сега за вселувањето се плаќа само КЗЖ, општа штета НЕ, таа се плаќа на крајот со последната рата, кога се иселуваме. Исто така истите се плаќаат само еднократно како што спомена некој, само ратата се плаќа секој месец.
Пишува на уплатниците, пополнети се. Ти треба да напишеш само твое име, презиме, ЕМБГ, месецот за кој плаќаш (кај цел на дознака), износот и да се потпишеш. Друго се пишува на уплатницата.
Се сместив во Пелагонија . Морам да признаам дека се вчудоневидив. Постојано слушав и читав дека сите студентски домови исто како и Пелагонија се катастрофални, им фалело ова, она... Отидов таму во собата фино лепо, си гледам соба која и не е така лоша . Собата беше голема, е сега вистина 4 сме всоба, но сите ги познавам така да не ми е тоа никаков проблем. Има маса, столови, шкавчиња и вц во соба. Вц то не е ни најмалку лошо со оглед на фактот дека е студентско вц. Собата ќе си ја исчистиме, ќе ја "фарбаме" во убава боја, пердиња си зедовме и некои ситни работи ќе си земиме за да си ја украсиме. Значи идни студентки не слушајте многу што ви зборуваат другите за студентските домови. Најубаво е да си одите и сами да си видите. Јас се скапав од прашување и читање по форуми, за на крај да видам една сосема поинаква слика која и не беше така лоша
Меницата од 100 денари празна што треба да е треба од тука да си ја купиме или таму ја даваат со другите документи што чинеле 200 денари и се земале од портирницата од домот?
Посебно се купува меницата, од некоја книжара, а можеби ќе се продава и во студентскиот, ама секако не спаѓа во тие документи од 200 ден.
Јас се сместив во Пелагонија. Ни ја дадоа најголемата соба. Не е лоша собата. Со малку работа ќе можеме да ја средиме супер. На осми спрат сме. Среќа што има лифт, инаку не знам како ќе се искачував. Од вецето сум разочарана, не дека е толку многу лошо, туку проблемот е што имаше глушец. Ептен голем беше. Најжално од се беше, што кога спаднавме доле да се жалиме, тие ни се смеат. Искрено јас тука ништо не гледам смешно, повеќе би требало да им биде срам, што дозволиле вакво нешто да се случи. А и јас 4500ден не платив да бркам глувци низ собата. Да не смее човек да влезе во вецето од страв да не му падне врз глава.