девојки имам едно прашање мозеби има некоја информација за ова во темава но многу страни се неможев се да прочитам,дали во студентските домови тука во Cкопје има соби само за еден,поточно за Cтив ме интересира но може и за другите ве молам ако некоја е информирана да каже,значи за по двајца знам дека има,но само за еден во соба дали има??
Tи благодарам за информацијата,јас прашувам за еден другар,сега е апсолвент,но ќе го фати уште една година со испитите,па сака да седи тука во Cтив но сам во соба,а дали знаес колку такви соби има,какви се условите дали има во самите соби купатило и дали многу врски ќе треба за да се земе таква соба
Не знам колку соби има, само знам дека за да се зафати апсолвентска треба многу јаки врски, уште од јуни ги земаат.ВЦ, како што знам 2-3 соби имаат заедничко и тоа со клуч.
Дали Кузман е добар? Во план ми е таму да седам.. Ги замолувам оние што се студенти да ни објаснат што документи треба и слушнав дека требало некако електронски да се пријавиме. Ви благодарам
Дечко ми седи во Стив, во апсолвентска соба. Мислам дека има многу малце апсолвентски соби (мислам дека се 4 ама не ме фаќај за збор бидејќи не сум сигурна и не сум многу информирана околу тоа ) , ВЦ во собата немаат. Имаат посебни ВЦ-ња за апсолвенти и само тие од апсолвентските соби имаат клуч од тие ВЦ-та, таму имаат неколку вц, топла вода во секој момент ( што е мн битно ) и чешми да измијат нешо.. и то. Толку знам јас, ако сум грешка во нешто нека ме поправи некој. Инаку ме понудија да седам ја во апсолвентска доколку сакам годинава, но нема да седам пошо си сакам со цимерките јас, не ми се свиѓа сама. ( добро е само за учење кога ептен ти е се на куп. )
Кој студентски дом е најдобар Јас сум идна студентка па затоа сакам да ги прашам сите оние кои имале искуство во студентски дом какви се условите во сите наши студентски домови. Кој е најдобар (иако сите знаеме колку добри можат да бидат македонските домови) во кои домови се седи со помалку цимери. Ме интересира колку пари месечно се плаќа во домот и колку одприлика троши еден просечен студент од студентски дом. Посебно ме интересираат условите во Кузман и Пелагонија. И уште едно прашање... дали некој знае каде се наоѓа Факултетот за Ликовни Уметности? Ајде девојки ве молам за информаци многу ќе ви бидам благодарна
За најдобар не можам да кажам сите ми се исти. Зависи до собата каква ке ти се погоди. А за на ликовно, знам дека имаат предавања секаде, и во чаршија и на педагошки. Во домот се плаќа од 3200-3500 зависи во кој дом. Со тие пари ти даваат и бонови за јадење. Месечно студент може да помине со минимум 8000 (јадење, смештај, излегување), иако знам студенти што поминуваат и со помалку. Им подавам рака и им честитам, мене 10 000 не ми стигнуваа последните години со инфлацијава.
Девојки јас од сите студентски домови највеќе ви го препорачувам Гоце. Седев таму 4 години и не можам да ви опишам какви се спомени не ми остави. Дружење, учење, нови познанства, абе сите суперлативи за Гоце. Стар е, многу работи треба да се поправат и далеку е од се( освен од комплексот технички факултети и педагошкиот факултет). Јас сум на филолошки, а во прва седев во Пелагонија каде што се беше ОК, чисто беше, убава храна добра читална, но бевме 4 во соба. А верувајте не може така да се живее, колку и да се познавате со цимерките , ќе се најде нешто што ќе ви оди на нерви и така настануваат кавги. Во Гоце се по две во соба, пријатно е за учење и во соба, и плус така се направени собите што секој си има свое „катче“. Јас слушав секакви муабети пред да аплицирам таму за првпат, дека е депресивен, стар, грд, темен, оддалечен од се и што уште не, но сега не можам да ви опишам какви чувства ми се будат кога ќе влезам внатре! Таму ги поминав најубавите четири години од мојот живот. Журки во вторник или петок(во дотраеното диско за кое и не и е галје кога си со добро друштво), редици во менза во 3 кога има стек и помфрит( во меѓувреме правиш бош-муабети со симпатичните тетки од менза кои ти се обраќаат со „маци“), читална за време на сесија( во која понекогаш те фаќа смеа поради чудната тишина) и многу други ситници кои прават да ми недостигаат бетонските кули во Гоце и да ми е криво што завршив и морав да се вратам дома. Најубаво беше на пролет кога малку поднапиени или зашеметени се качувавме на терасата на четиринаесетти кат и ни се чинеше дека можеме да го видиме цело Скопје. Во тие моменти бев благодарна за секој миг поминат во Гоце и со друштвото си велевме дека кога би се родиле пак, пак би седеле во Гоце .Му посакувам на секој студент да помине некоја година во студентски дом, тоа ќе значи дека ја поминал академијата на животот запознавајќи секакви луѓе, од кои со половина сигурно ќе остане во контакт и понатаму. Со сите четири цимерки кои ги имав во Гоце сум во најдобри односи, со комшивките исто така. Се изнапишував, но не можам да ви ги опишам предностите кои би ги имале доколку седите во некој од студентските. Ајде еве ви една статија од уште еден носталгичен станар на Гоце http://mitkoto.blog.mk/2012/08/04/goce/
Ве молам кој може од оние од повисоките години, нека ми одговори. III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ Студентите, кои ги исполнуваат условите по конкурсот и се избрани на прелиминарниот список, потребно е да ги достават следните документи: 1. Пријава; ( Од каде се купува, ја има таму или што како ? ) 2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава; ( Тоа е она од како се пријавиш електронски ти стигнува тој код, или ? ) 3. Потврда за остварениот успех во студирањето на студентот; ( Како ова за оние што сега ќе бидат прва година ? Има некој друг документ наместо ова или не ? ) 4. Потврда за редовност во студирањето на студентот; 5. Новозапишаните студенти од I-ва година, наместо потврда за редовност (точка 4), да достават копии од свидетелства за завршена I, II, III и IV средно образование. ( Слушнав дека требало и кај нотар да се заверат копиите од свидетелствата , дали е точно или не? ) 6. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото семејство; ( Што се спаѓа во таа изјава и од каде треба да се извади таа? ) 7. Потврди за остварените приходи на вработените членови на семејството за месец јуни 2011 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата; за пензионираните членови на семејството испратница од пензија; за невработените членови на семејството да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат – не примаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат); за починат родител да се достави препис од извод на умрените (или испратница од пензија); за разведени родители да се достави доказ за разводот, додека за учениците и студентите (сестри, браќа) потврди од училиштето, односно факултетот; ( Сево ова треба само за најблискиот круг на семејството - мајка, татко ,брат/сестра? Баба ,дедо - не. Или од сите се потребни документи? И што доколку братот/сестрата завршил/а со образованието, се вади нешто друго пример потврда од биро за вработување ако се пријавуваат или ништо тогаш? ) 8. Изјава од родителот – старателот за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот; ( Ја пишува самиот родител таа изјава, или што како ... ? ) 9. Уверение за државјанство на Република Македонија. ( Фотокопија или оригинал ? ) Можда глупи се прашањава, ама немам кој да прашам. Ќе ви бидам многу благодарна доколку некој ми одговори.
Знам дека и јас ги поставував истиве прашања кога бев бруцош збунета до бескрај Вака:некои од документите ги има на страната за аплицирање, оттаму се симнуваат, а другите сама ќе ги набавиш.Ти одговарам по ред: 1.Ја има на страницата 2.На крајот од пријавата на Интернет ќе ти го пишува идентификациониот број, треба да го испечатиш или запишеш на лист 3.Не важи за бруцоши 4.Се носат фотокопии од свидетелствата до четврта година 5.Да, треба да се завери за нотар, за тоа платив 800 денари 6.Се вади од УЈП, мислам дека 150 денари еден документ, а треба за сите членови 7.Вработените членови од семејството вадат потврда за износ на плата од работното место, невработените потврда од биро за вработување дека не се вработени, учениците/студентите потврда од училиштето/факултетот дека се редовни, потврда од починат родител или потврда од развод. Ова се однесува само на мајка, татко, брат и сестра. 8.Ја има на страницата 9.Фотокопија од државјанството 10.И можеби најважно-потребни се двајца жиранти, а тој документ не е спомнат. Го има на страницата од студентскиот дом Пелагонија, се носи кога ќе се вселуваш и плус фотокопија од личните карти од жирантите. Ако има уште некое прашање, бујрум
Се продаваат ли бонови за храна во Пелагонија? Јас повеќето време нема да бидам во домот, значи така за џабе би ми пропаѓале боновите па се прашував дали има студенти кои бараат да купат бонови и ако се продаваат за колку пари?
а има ли некоја што седи во Кузман? искуство, совет, нешто....?? викаат дека таму најдобро било, по двајца во соба, бла, бла...па баш ме интересира дали некоја седи таму, за совет да каже.
Излезен ли е конкурсот за пријавување во студентски домови? Ако е излезен ќе ве молам за линк бидејќи не можам никако да го најдам