Брат ми ќе биде сега трета година и седи во студентски дом во Битола. И сега нели во пријавата се пишува број на членови во семејството, дали има друг студент или ученик и сл. Јас сега завршив средно и ќе се запишувам на факултет. И прашањето ми е дали во пријавата мене да ме напише дека сум студент или ученик или пак воопшто да не ме брои во членови во семејството? Ако мене ме пријави јас ќе треба да извадам потврда за редовен студент/ученик, а тогаш нема сеуште да бидам запишана на факултет, а дипломата од средно ќе ми биде веќе земена. Дали некоја можеби била во ваква ситуација и како ја решила?
Досадна сум со домовите но што да правиме,мака си имаме мора да си прашаме. Каков е Гоце студентскиот и дали е премногу тешко да земеш апсолвентска соба.
^Од утре започнува електронското пријавување за домови за учебната 2013/2014. Може ќе ми се смеете ама Спојлер дали важи тоа и за бруцошите?
Дали некој се сеќава лани кое време излегоа прелиминарните листи за небруцоши и кога требаше од прилика да се однесат документите во Кузман?
Девојки, овој конкурс утре што ќе излезе, важи ли и за бруцошите? Пошто не е нагласено за кои студенти е, само се зборува за 3те категории.
Брат ми ќе биде сега трета година и седи во студентски дом во Битола. И сега нели во пријавата се пишува број на членови во семејството, дали има друг студент или ученик и сл. Јас сега завршив средно и ќе се запишувам на факултет. И прашањето ми е дали во пријавата мене да ме напише дека сум студент или ученик или пак воопшто да не ме брои во членови во семејството? Ако мене ме пријави јас ќе треба да извадам потврда за редовен студент/ученик, а тогаш нема сеуште да бидам запишана на факултет, а дипломата од средно ќе ми биде веќе земена. Дали некоја можеби била во ваква ситуација и како ја решила?
^Извади за редовен ученик додека не си ја зела дипломата. За студент не можеш да бараш додека не запишеш семестар, а тогаш ќе биде поминат рокот за аплицирање во студентски. Ај пак, било кој да се сеќава отприлика кога се носат документи. Човек да не може на одмор раат да си појде...
А јас сакам да прашам нели треба да извадам потврда за редовен студент за мене, затоа што брат ми сака да аплицира за дом, а поима немам дали студентски прашања работат во август, знам дека е глупо прашање, ама сигурно работат нели?