Девојки ако има некоја што планира да седи во Гоце Студентскиот а нема цимерка нека ми пише ЛП ќе се договориме. Планирам таму да седам ама немам сеуште најдено некоја
Дали ќе има прелиминарни резултати за студентите од 2, 3 и 4 година? На страната на министерство пишува студентите да ги поднесат потребните документи од 12 до 20 август. А, аплицирањето завршува на 10 август. Нема шанси за 2 дена да изготват прелиминарна листа. Ќе има само конечна листа оваа година?
Слушнав дека оваа година бруцоши ќе примале само во Стив и Гоце. Има некој друг добиено ваква информација? И какви се условите во овие домови?
Ако сака некој/а да пише кои се разликите помеѓу државен и приватен студентски дом? Благодарам... ако евентуално има одговор
Од домовите во Скопје, само Пелагонија е приватен, сопственик е Албанец.Другите сите се државни.Најголема разлика е тоа што Пелагонија е построг во однос на дисциплината и редот.Порано бил хотел, па таков му е и распоредот, со голем хол и е почист, а инаку за сите ти требаат врски за да се сместиш.
Брат ти треба да аплицира сега електронски. А документите ги вадиш и ги носиш во студентскиот дом во кој има аплицирано, од 12-19 незнам до кога беше. Не треба да чекаш прелиминарни реултати. Семејно материјално треба да се извади од сите членови од семејството, за да се потврди вашата финансиска состојба. Документите можиш да ги испечатиш и да ги потполниш од страната на министерството. За положени испити треба да ја потполни брат ти и да појди во студентски прашања на факултет да му стават потпис и печат, дека е валидно. мислам дека бев јасна позз
Дали ако изменам податоци во електонската пријава, ќе бидат валидни и ќе бидат така сочувани? И уште нешто:за молбата до студентскиот дом треба да се уплати таксена марка.Знае ли некој на кое име, сметка и сето тоа?
Во електронска пријава при тековна година на студирање треба да се пише годината која изминала или годината во која ќе седи во дом(пример втора од септември) и исто на прашањето дете на невработени родители, дали треба да се одговори со ДА ако едниот е невработен, а другиот вработен родител?
Во апликацијата полето за просечен успех не ми е јасно како треба. Имам положено 5 од 8 предмети и просечниот успех треба да ги поделам оценките со положените предмети или со сите 8 ?? ако ги делам со сите 8 предмети 4,7 ми излегува просек
На сметка на буџет. Исто како и за испит кога пријавуваш, административна такса нели се плаќа, е исто и за ова. Податоците за валидни и се рачунаат тие од последната измена. На 19 август мислам. Се пресметува само за положените и се дели само со бројот на положените. Просек 4,7 не може да ти излезе, мислам скраја да е. Дете на невработени родители е само ако двајцата се невработени.
Годината која ти е запишана. Ако сеуште немаш запишано семестар, тогаш и на уверението ќе ти ја пишува поминатата година. На пример јас сега ќе бидам четврта, ама семестар ќе запишам дури од септември, па кога отидам на студентски да извадам потврда - ќе ми пишува дека имам запишано 6ти еместар, што е трета учебна година.
^ Ако е така можам ли да однесам од лани потврда, а тука да пишам дека сум прва ? Да не плаќам одново кога посекако претходниот семестар ќе ми го пишува...
Девојки јас сакам да аплицирам за Прилеп за во интернатот, е сега ќе бидам 2 година, шо документи треба да однесам, треба електронски да се пријавам? Јас од ова ништо не сум упатена, не знам ни шо документи се носат.
Да прашам нешто . Брат ми сега ќе биде четврта средно и е полнолетен, дали ќе ми треба за него потврда од школото или од ујп уверение пошто е полнолетен