kaj tekovna godina na studiranje treba da se napise godinata shto ja zavrshiv ili shto ke pocne od septemvri? Jas od septemvri ke bidam vtora godina i vo prijavata napisav vtora godina mene logicno mi e toa...shto mislite?? se izvinuvam za latinicata nemam kirilicen font
И јас прашав тоа, ама напиша брат ми прва, односно онаа која ја завери, зошто прашавме и други и сите така имаа пишано па што знам.
Во еден од потребните документи, оној за користење лични податоци се вели дека даваме согласност за користење на личните податоци за доделување стипендија по грешка е ставен документов тука или така треба?Не ми штима некако... И она за плаќањето на административната такса не ми е јасно пак.Како тоа на буџет?
Не е по грешка ставен документот. Тоа значи дека твоето име и презиме можат да бидат објавени јавно (на интернет, на список по домовите и сл) откако ќе се обработат податоците и тој мора да стои. А што те чуди за административната такса? Сите такси се уплаќаат на буџет.
Бруцош сум, па малце збркана... Сите копии од свидетелства, извод и државјанство треба да се на нотар заверени? И откако ќе се пријавиме електронски кога треба после да ги поднесеме документите таму? А и да, ако не примат некого на факс во прв уписен рок што се случува со истиов понатака за конкурирање во студентски?!
Да, знам дека се` се плаќа на буџет ама која е сметката и банката?Сигурно не на оние пополнети уплатници кога уплаќаме за испит. Заверени се носат само свидетелствата.За бруцошите конкурсот е подоцна, исто и носењето документи.Се` ќе биде објавено на страницата за сместување.А ако некој не е примен на факултет, ќе си го чека вториот уписен рок, а местото во домот ќе му стои, престојувал таму или не.
^ Истите се. Фактички и за испит плаќаме административна такса. http://bg.convdocs.org/docs/index-163551.html Еве пример.
На 29 август конечни (за повисоките), а на 6 септември за бруцоши. А прелиминарни дали ќе има уште не се знае.
Сите различно кажуваат за тоа што да се напише кај тековна година. Некој ако знае како е точно нека пише. Брат ми сега ќе биде трета и така напиша.
дали би имала некаков проблем доколку просекот што го имам напишано на електронската пријава и оној што ќе ми биде напишан на потврдата ми се разликуваат за 0.2-3 бидејќи немам една оценка земено??? не знам дали ќе успеам да го најдам професорот оваа недела за да ја земам, а на студентски прашања доколку немам оценка во индекс ке ми го сметаат како не положен предмет иако ми е положен и различен просекот ке ми дојде... некој да има такво искуство??
И мене истото ми се случува-немам земено оцена во индексот, па заради тоа ќе морам да го напишам предметот како неположен.Направи и ти така, не го сметај тој предмет во просекот затоа што податоците во апликацијата и на документите мора да се исти. Кај редовност-повторувал студентска година што штиклиравте?
Не мора да се заверени на нотар за во студентски, ама пожелно е да си направиш заверени копии пред да ги предадеш на факултет, пошто таму ќе ти ги задржат, па да си имаш кај тебе заверени копии. А документите се носат откако ќе заврши електронското аплицирање, не знам кога точно е за бруцоши ама сигурно ти пишува во конкурсот.
Мислам дека нема врска ова со земените оцени во индекс, во студентски кога ќе ви дадт уверение за положени испити ги има и предметите за кои не сте зеле оцена во индекс. Нема врска оцената во индекс. Иначе за тековна година на студирање, мене ми е логично да е годината што сме ја завршиле во јуни, пошо нели уписите за погорни години сеуште не се започнати....вака е логично, не знам.
При доставувањето на документацијата, секој кандидат треба да достави молба во два примерока, каде ќе се евидентираат сите доставени документи од страна на надлежните служби. Дали некој знае каква е таа молба? Дали е таа што е во потребни документи или некоја друга?
лани цимерките мои имаа проблем со еден таков предмет со го имаа положено а немаа оценка во индекс па на студентски праѓања не им го сметаа како положен и затоа не знам што да правам со просеков