во изјавата за согласност што е каде што се наброени студенските домови...го нема студенскиот дом битола....што да правам што да заокружам????
а де некој знае ли за приватните студентски домови во Битола како оде пријавувањето.... колку приватни домови има и кај се наоѓаат, за овој Пелагонија знам дека е кај железни4ка, ама нешто слушнав и друг да не имало...
Планирам, а како ќе дознаеме дали сме примени бидејќи не ќе можеме електронски да аплицираме. Не знам што ќе правиме, на што ќе се запишеш ти?
^ Навистина девојки, како планирате да седите во Кузман кога не можете да аплицирате за таму... ај објаснете ми...
Девојки сакав и јас во Кузман. Ама ми кажаа дека не примаат бруцоши во Кузман, така да не ќе може сега - здравје, од следната година.
Лани кога читав по форуми, разговарав со некои познаници, со добри врски примаат и во Кузман. Секако како и се во Македонија, за жал и во студентски да престојуваш ти требаат врски. Да не се лажеме јас не познавам некој кој оставил на среќата а притоа влегол во студентски без проблем. Секоја чест на исклучоците.
Дечки ви ја отвара ли страната за електронско аплицирање? Ми требаше да ги симнам документите и да видам од кога до кога се носат, ама никако да ми ја отвори од вчера наваму... Стално вакви проблеми има со страниве
Само МОЛБАТА ли треба да се копира во повеќе примероци или и дугите документи?И копираната молба треба да се завери кај нотар нешто ова она или?
Значи, за у Кузман нема опција да аплицираме елктронски ? Баш сакав таму, затоа што планирам на медицина да одам а и ми се допаѓа што е за двајца собата и затоа што мислам дека има посебно купатило, што не е случајот со Стив. Е сега слушнав дека оваа година било многу тешко, дека врски немало да има, но планирам да се потрудам,да се снајдам со врски, на таков начин да влезам, па што биде нека биде... п.с-Со среќа на сите, да ве примат каде што посакувате
^ Нема посебен тоалет во Кузман , туку заедничко вц на спрат , а каков хорор е во тие тоалети не би да коментирам
Зошто да се копира молбата не разбрав?! :/ Иначе, ај ако знаете сигурно вие што веќе сте поминале низ тоа дали изводот и државјанството треба да ги заверувам??
Нема посебно купатило, на спрат е. И јас слушнав дека многу тешко оваа година. Познавам дете кое 1-2 години е во Кузман со врски, оваа година не палат.
На страната на МОН пишува дека молбата треба во два примерока да се однесе. http://mon.gov.mk/index.php/aktivnosti/ ... movi-13-14 Изводот и државјанството не се заверуваат, само обични копии се носат.
Да но втората да биде копија или пополнета како првата?И за двете треба таксена марка да се плаќа или не?Колку глупи прашања поставувам, ама мајке ми овие стварно не се јасни.
Посебен тоалет во соба има во Пелагонија, Стив (машките згради), Гоце (В и Г блок) и Сениќ. Кузман, Стив (женска зграда), Гоце (А и Б) се со вц на спрат, а медицинар е едно за една барака. Вака функционираат тоалетите (некои се вон функција ).