Треба да имаш два примероци од молбата, едната ја оставаш во Кузман со другите документи а другата си останува за тебе. Зошто останува за тебе не знам, валда да имаш некоја потврда дека ги молиш да те сместат. Плус треба за таа молба да уплатиш 50ден за административна такса. И оваа информација што ви ја кажувам сега е 10000......% точна, не е некој вика така, друг онака. Збирајте документи и носете оти ако не ви се комплетни, нема да ви ги разгледуваат. И ај малце подетално за проклетата декларација, новитет ли е од оваа година или ја имаме носено и претходно? Аман веке од тие документи. ЕДИТ:Не треба извод, ниту повеќе примероци од другите документи, само молба во два примероци со административна такса, ништо не се заверува кај нотар.
^Тоа е декларација за прием на плата во случај некој од родителите да работи во приватна фирма. Се зема и таква покрај потврдата за остварена плата. Ако работат во државна установа треба само потврда за плата. Мењаа министер и се наопаку, до лани колку што памтам ни такса не се плаќаше, ниту молба во два примероци требаше, ниту декларација и си имаше прелиминарни плус, да си знаеш предвреме на што си. Не сега во 5 до 12 ти кажуваат дали си примен. Догодина ќе треба да носиме потврди дека не сме од Марс паднати.
Луѓе јас сум малку досадна ама може ли некој да ми ги пише сите документи кои се потребни, зошто страната не се отвора, а јас глупава не запишав никаде, само тие шо требаше да се спремаатги спремав, ама не сум сигурна за сите па да не утнам...а и не сум сигурна државјанство дали треба?
IV. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ Студентите, кои ги исполнуваат условите по конкурсот и пополниле електронска пријава, потребно е да ги достават следните документи: 1. Молба; 2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава; 3. Потврда за остварениот успех во студирањето на студентот; 4. Потврда за редовност во студирањето на студентот; 5. Студентите запишани за прв пат во I година, наместо потврда за редовност (точка 4), доставуваат копии од свидетелства за завршена I, II, III и IV средно образование и копија од дипломата за завршено средно образование; 6. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото семејство; 7. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец јуни 2013 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави потрда за плата како и заверена декларација за прием на платата); за пензионираните членови на семејството да достави документ за висина на пензија-чек; за невработените членови на семејството да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат – не примаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, колкав период го примаат); за починат родител да се достави копија од извод на умрените; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку прима алиментација истата како приход да биде прикажана под други приходи, за корисници на социјална помош да се достави решение или последен чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за учениците и студентите (браќа, сестри) потврда од училиштето, односно факултетот или др.; 8. Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот; 9. Копија од уверение за државјанство на Република Македонија; 10. Изјава за користење на личните податоци; 11. Потврда за кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби, со која ќе достават писмен доказ за нивниот статус; 12. Изјава за согласност (за дополнителен избор на студентски дом); 13. Изјава за идентични податоци Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се лица со посебни потреби ги доставуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 9, 10, 11и 12. Горенаведените документи се доставуваат до студентскиот дом за каде се пријавува студентот, од 12.08.2013 година до 20.08.2013 година, а студентите од Iгодина документите ги доставуваат од 26.08.2013 година до 30.08.2013 година. Документите на кандидатите кои се некомплетни, ненавремено доставени и не се идентични со податоците кои се внесени во електронската пријава, нема да бидат разгледувани.
пишува заверана декларација за примена плата од каде да се земе и каде треба да се заверува на нотар ли? Ај ако има некој информација или ако ги однесол документите нека каже
Интересно, но во конкурсот не пишува така. Знам дека до сега се носеа во Кузман ама од сега не е така.
Спојлер Во УЈП мислам ги вадат овие, ама различни се од уверението за приходи (семејно материјално). Едитирам: Не се вади од УЈП, туку од фирмата каде што работат, а е слична на таа од УЈП пишува остварувања од цела година, здравствено и други осигурувања и слични ствари... Сега прашав за посигурно, и на студентите што лани аплицираа за стипендија, а имаат родител во приватна фирма вработен им ја барале истата. Инаку во Кузман се носат документите за скопските студентски домови, а во другите се носат во домот каде аплицирале студентите. http://www.fakulteti.mk/news/13-08-13/p ... omovi.aspx
Ние што ме за 1ва година до кога треба да сме пријавени електронски? И дали само мене не ми ја лоадира страната?!
Електронското пријавување мислам дека започнува од 21 до 26 ако сум грешка некој нека ме поправи. И страната не ја отвара кај мене
Женски, семејно материјално треба за 2012 или 2013 година? И дали знаете дали се чека или веднаш го даваат во ујп?