и мене ме чудеше тоа да,дека податоците можат да бидат објавени јавно на интернет,но зошто пишува за доделување стипендија ?
По двајца во соба се, но до лани не примаа бруцоши. Го немаше и како опција во електронската пријава. Најверојатно така ќе биде и оваа година.
Знае ли некој каква е таа декларација за плата што треба да ја предадеме од каде се вади? Лани не бараа таков документ а годинава ги враќале студентите кои го немале истиот.
Јас лани престојував во стив во машката зграда многу сум задоволна , се надевам дека годинава ке ме примат пак
Здраво феминки. Ме интеересира дали треба уверение за положени испити во склоп на документите за апликација во студенски?
Документи за сместување: Изјава на кандидатот Изјава на старателот Изјава за семејната положба на кандидатот Молба Потврда од студентски прашања Обврска на жирантите Девојки овие документи ги пишува на страната за студентскиот дом Пелагонија. Ве молам кажете ми дали треба уште некој?? Имам слушнато дека треба и копии од свидетелствата и дипломата заверени на нотар?
Ја вадиш од УЈП, доставуваш твои податоци и на членовите за кои треба да извадиш (може еден да отиде со личните карти на останатите) и за ден-два ја даваат.
Мислам дека овие се потребните документи за апликација...И сега колку што сфатив, -не треба жиранти, -не треба уверение за положени испити (од факултетот) туку во потврда бр 3 ја пополнуваш за оценки, -не треба потврда од УЈП туку ја пополнуваш изјавата за сенејната положба на студентот. Сестра ми аплицираше во Кузман се работи, ако некој однел документи нека пише дали ова е тоа Студентите, кои ги исполнуваат условите по конкурсот и пополниле електронска пријава, потребно е да ги достават следните документи: 1. Молба; 2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава; 3. Потврда за остварениот успех во студирањето на студентот; 4. Потврда за редовност во студирањето на студентот; 5. Студентите запишани за прв пат во I година, наместо потврда за редовност (точка 4), доставуваат копии од свидетелства за завршена I, II, III и IV средно образование и копија од дипломата за завршено средно образование; 6. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото семејство; 7. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец јуни 2013 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави потрда за плата како и заверена декларација за прием на платата); за пензионираните членови на семејството да достави документ за висина на пензија-чек; за невработените членови на семејството да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат – не примаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, колкав период го примаат); за починат родител да се достави копија од извод на умрените; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку прима алиментација истата како приход да биде прикажана под други приходи, за корисници на социјална помош да се достави решение или последен чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за учениците и студентите (браќа, сестри) потврда од училиштето, односно факултетот или др.; 8. Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот; 9. Копија од уверение за државјанство на Република Македонија; 10. Изјава за користење на личните податоци; 11. Потврда за кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби, со која ќе достават писмен доказ за нивниот статус; 12. Изјава за согласност (за дополнителен избор на студентски дом); 13. Изјава за идентични податоци
Тие документи од ујп за сите членови колку што знам се за сите остварени приходи на годишно ниво на повеќе основи а не само платите.
дали некој знај дали треба да се носи семејно и материјално бидејќи никаде не пишува а лани носевме...
Дипломата и свидетелствата не треба да ви бидат заверени на нотар. Обични копии доставете во студентскиот. И јас имам некое прашање Изјавата што треба да ја пополниме со оценките и положените предмети треба да ја носам на студентски да ми ја заверат? Од кај знаат они таму која фирма се води како приватна, која како јавна? На мајка ми и дале само потврда за плата без декларација демек потписот и печатот е декларацијата. Таа оди посебно или? Што треба да пишува на неа?
1.Жиранти се носат кога се вселуваш. 2.Документот што ти е за положени испити го носиш на студентски прашања да ти удрат печат. 3.Ти треба потврда од ујп, за секој член од семејството се уплаќа по 100денари. 1.Да треба да го однесеш на студентски. 2.Декларацијата ти е посебен документ, различен од потврдата за плата што треба да и го дадат од фирмата, со тој документ докажуваш дека родителот навистина зема толкава плата и дрн дрн. И разберете сите: Никакви документи не се заверуваат кај нотар.