Да, малце е збунувачки, затоа и прашав. И во успех од диплома не знам што да внесам, оти е задолжително..
Јас го напишав просечниот успех од средно. Изгледа треба просечен успех од отценките од сите четири години и отценките од матура. Дај некој од постарите кажете.. Какви се условите во студентскиот дом Гоце? Има само двокреветни или и трикреветни соби? Тераси, бања...?
Има само двокреветни соби и еднокреветни (апсолвентски). Два блока се со купатило во соба, а другите два на спрат. Тераси има само на 1 кат.
Се мислев дали мслењето да го пишам во Испукајте се или тука, ама ај, и без тоа оваа ми е најактивна тема. E па веќе ми е преку глава од ‘‘социјалните‘‘ случаеви во државава. Како прво, не постои таков студент што ако има вишок пари ке седи со бубашвабите во студенстки. За 5 години влечење по студентски запознав само два три студенти што стварно имаат мноогу пари ама седат у студентски оти им е поинтересно. Е сега, за некои како мене што се средна класа некој ке каже што прави оваа во студенстки, ама со два студенти дома, и со болезлива мајка и тоа како студентскиот ми дојде како 1 на 10. Значи јас оти имам 5000 повеке месечно од другиот , ти мене ме дискриминираш да не го искусам животот во студентски дом. Бре!! Второ, нека си го средат заводот прво, кој е вработен кој не па после вакви правила. Другарка имам со еден родител вработен а непријавен, плус вадат над 10 000 евра годишно од земјоделие, плус брат и е во странство, ама она се пишува социјален случај. Не за друго, уште и на приватен факултет студира, ама ете асоцијален тип не нашла цимерки па ај у Кузман блиско и е европски. Друга пак, нејзините пријавени со минимални примања, ама се водат вработени, има помали шанси по новото од оваа "социјалниот случај‘‘. Трето, колку и да звучи дрско, реалноста е таа пред десетина години еден куп деца не одеа на факултет оти родителите немаа пари . Е сега дојде помодарството, секој на факс да оди, и да има пари и да нема и да е јак и да е слаб ученик. Порано знам, у фамилијата едно дете им учи, и сите работат за да го школуваат него.Зарем стварно мислите дека некој што е социјален случај ке си ги пушти истовремено двете деца на факултет во Скопје ?? Моите се со добри примања, па кога се погоди двајца студенти у Скопје да сме, не у студентски, и на улица ако сакаш живеј, парите не стигаат. Уствари дали имаат тие воопшто видено како изгледа социјален случај на семејство во Македонија, сиротите се мислат утре што ке јадат а не планови за факултет да прават. Побогу, секој нека си ги пушти нозете колку што му е долга чергата. Сум пишувала на форумов, моја најголема желба е студирање во Германија, ама ете моите немаат пари за до толку. Треба ли да чекам државата да ми плати?? Не!! Ете се вработив, ке зберам некоја пара и ке одам, ако не соберам не одам. Џабе што ме бива, џабе што досега сум плакала курсеви германски, што имам јак просек и се. Немам пари и толку. Па фала Богу, факултети има во секој град, ако не можеш да си дозволиш во Скопје дозволи си таков факултет ама во помал град. (дрско да, ама многу реално) Четврто и најважно, нема потреба од вакви егзибиции, од искуство ако се иселат сите што не се студенти, а седат во студентски место ке има за сите. Ееее ама тука на никој не му е гајле за социјалните случаи, оти има деца студенти, две сестри студентки спијат на еден кревет оти едната не добила место (без разлика дали се социјални случаеви или не) , а некој си вработен во МВР гајле нема со години си има соба сам си се шири. Се знае студенстки за кој е , за студенти. Последно, годинава за чудо нема список од партиите пуштено за легла во студентски. Нема избори, нема списоци. А уствари тоа не се списоци за да ти заврши партијата работа туку за да си го изброи членството и да ви земаат бројчиња за кога ке им требате (пред избори). И што е најтрагично, те пишат на таков список, си добиваш ти легално место со просек си со се, и они после ти викаат ‘‘Гледаш, место у студенстки ти дадовме‘‘ Една година детето што ги пишуваше списоците од мојот штаб не доби место, и која е логика ете ако е партиски, јас што сум се пишала ради реда на список да добијам легло, а он што трчкал за сите (воедно и за мене) да не добие ??? Врски помагаат, да, ама партија не !!! Ја знаеме ситуацијата во Македонија, јас ако се прашувам, 70% се социјални случаи. Разбрав годинава ке е тешко за влегување, ви посакувам на сите среќа дај Боже да ве примат со лесно, оти сите што студирале знаат, колку нервози имаш на факултет исто толку имаш и со сместување.
Здраво, ми треба ваше мислење, ќе студирам на филозофски факултет и се мислам дали да аплицирам за стив или пелагонија, знам дека стив е поблиску, ама слушнав негативни критики за него, ме интересира дали пелагонија е подобра опција и колко е одалечена од факултетот, а воедно и дали тие муабети за стив се точни?
Здраво феминки. Пробав да аплицирам за во студенски дом ама има некаков проблем. Значи мајками и таткоми не се вработени и единствени примања ни се од земјоделска дејност. Извадов од УЈП уверение за отстварени приходи и износот на пари од тоа уверение ко ќе го пишам во пријавата не ми го прифајка ми вика Невалиден внес за Годишни приходи од УЈП образец: Земјоделска дејност, внесете целобројна вредност Дали и некоја од вас има ваков проблем.. и како можам да го решам. фала ви
Да не ја пишуваш бројката со точки или со празно место, на пример 12.345 или 12 345?Треба целосно споено да биде напишан бројот.Ако не е тоа, не знам што би можело друго да е.
Девојки да ве прашам дали знате ... дали студентите кои се во приватна квота ги примаат во студентски или нема врска тоа ? ??
Нема врска, примаат и од приватните универзитети ако има место. А во просечен успех од диплома треба средниот успех од сите 4 год. нели?
Здраво сакам да прашам нешто за електронското пријавување за студентските домови. (месечна нето плата, пензија, социјална парична помош) - овде треба го напишам тоа годишното шо го извадија за 2012 пример 200 илијади , или треба за 6 месеци од 2013 или за еден месец од 2013 за 6ти, или треба она 200 илјади поделено па просечна плата да напишам? стварно појма немам која бројка треба. И за Просечен успех (од диплома) требат поените како за запишување на фекултет или пример само просек од прва до четвра 5.0 ?!
Едно прашање ако може да ми одоворите........ Брат ми сака да аплицира за студентски дом Стив е сега не знае во која зграда прва и втора, или трета ??? Кај е најубаво ајде од искуство некој да ми каже ??
бидејќи не поминав на приемен сега ги чекам вторите приемни и ќе се запишам на друг факултет, но кај што аплицирав за во дом ми стои името на првичниот избор за факултет па сега незнам дали треба да го сменам ?? хелп