ДАли тој документ за жиранти се носи и во битола студенскиот бидејќи немаше никаде спомнато за таков документ? дали знае некој.... и ако треба како се вади тој и каде штотреба да се прави?
Не е спомнат во потребни документи ама се носи во сите домови. http://www.dsdpelagonija.mk/index.php?o ... Itemid=243 Од тука можеш да го симнеш. Го пополнуваат двајца жиранти и при вселувањето го носиш заедно со копии од нивните лични карти и твојата.
а што треба да се прави со неа? ај ако може некој да ми објасне оти не сум запознаена незнам што да правам?
Ништо посебно не се прави со неа, само се предава заедно со документите.Ни треба да се пополнува ни ништо, така и се вели во документот-непополнета меница од 100 денари. Лани кога дојде време да се вселувам, немаше меница ни во една книжара во градот, туку имаше по домовите на лице место да купиш.
По една година помината во студентски можам да кажам дека најубавите месеци ми биле таму. Читав насекаде и се распрашував. Сите ми велеа дека е катастрофа, дека условите се ужасни. Искрено ако си се погодите со цимерките во било кој студентски да сте ќе би биде убаво. Јас лани од Пелагонија се префрлив во Медицинар, имаше во министерство грешки па морав во Медицинар. За Пелагонија имам пишувано некој ме имаше цитирано па можете да видите. По 4 се во соба, вц во соба има, голема е собата. Голема маса за сите со 4 столчиња. Ама за да правите забава морате да кажите во управа инаку следува опомена, постојано проверуваат дали ви се чисти собите и вецињата, ако не пак опомена следува. Греалицата не смее да е пуштена. Инаку јадењето е вкусно, бонската е полна скоро секогаш со секакви продукти. Со боновите кои ги добивате таму можете да јадете само во мензата во Пелагонија. Има долу теретана (приватна е), инаку има нешто како диско долу, мислам дека секоја среда работи, не сум сигурна. Има рецепција на влезот. Значи како место е супер. Но дружба многу, многу нема. Од тоа што јас и моите роднини го забележавме. Кузман има најубава местоположба, 10 мин од центарот е. Собата е мала. 2 седат во соба, од 2ри кат има и тераси. Вецињата се на кат исто како и тушовите. За забави во соба и такви чуда не знаам како одат работите, ама мислам дека треба да се пријави во управата. Јадењето е вкусно, со боновите од таму можете да јадете и во другите студентски (со исклучок на Пелагонија, зошто е приватен). Исто има и таму нешто како диско, секоја среда работи. Убави забави се прават таму. Бонската беше полна скоро секогаш. Мене само местоположбата ми се допаѓа иначе ми е многу затворено. Собите се могу тесни, тешко дека ќе можам да живеам во такво место. Медицинар пак има ужасна местоположба.Опкружен е со болници, од тоа го добива прекарот . Собата е голема. 3 се во соба. Една маса, како биро е и полици има за секого. Вецињата се 2 во барака. И тушот исто. Во една барака седат 30 души, приближно. Е сега собата можете да си ја уредите како сакате, греалицата може да е пуштена 24 часа. Топла вода има секогаш. Во мензата има убави јадења, бонската не е секогаш полна, ама од Кузман ќе можите да земате, бидејќи е блиску. Забави можете да правите кога сакате и во која соба сакате, никој нема да ви прави проблем. Дружба има секогаш. Има и клубче, можете кафе да пијате таму, има пикадо, такви игри. За Стив и за Гоце, не можам да кажам многу, бидејќи само имам одено неколку пати. Нека кажат девојките кои седат таму. Е сега многу е важно, во било кој студентски дом да сте. Немојте да очекувате мед и млеко, ниту пак некоја катастрофа. Не е розево, ама човек се навикнува на условите. Секаде вецињата се исти во Кузман, Медицинар и во Гоце ( во блоковите во кои нема вц во соба), морате да се навикните. Нема да ви дава никој ништо на златен послужавник. Првите денови ќе ви бидат најтешки, но со тек на време ќе се навикните. Пред се дружењето е бесценето. Има луѓе постојано и никогаш нема да сте сами. Ќе научите многу работи за самите себе . Ви посакувам среќа каде и да сте аплицирале да ве примат. И уживајте, ве очекуваат прекрасни мигови
Дали некој знае кога ќе има резултати од конечната ранг листа за примени во студентски и каде може да ја најдам ?
Јас Пелагонија не ја доживеав така розово како што опиша, можеби некогаш така било, но последниве 2 години беше лошо. За јадење се тепавме пред хармониката, како овци трчавме и на крај ќе те истуркаат машките ќе се пикнат сите напред и пак ќе јадеш тоа што ќе остане. А бонската ја полнеа да, секој ден ама во 9 кога ќе ја отвореа до 11 веќе беше празна бидејќи носеа мн малку роба. Вода топла исто така ретко се наоѓаше. Јас искрено од Пелагонија сум разочарана, единствено за дружење ја бива, цел спрат се знаевме. Кузман ми беше подобро дека бев со една цимерка, помирно. Јадењето е најубаво од сите студентски, во центар е... проблем се вц-ињата бидејќи се за цел спрат. Во другите студентски не сум седела не знам како е
Добро а резултати од сместување има ли?Не за бруцоши, јас како што разбрав до сега требаше да има, а страната не ми се отвора, може некој инфо да ми каже што како.Фала.
Треба да има на станицата на којашто аплициравме http://www.smestuvanje.mon.gov.mk/ Но, блокирана е и којзнае дали денеска ќе дадат резултати. Лани дадоа наредниот ден.
Абе луѓе вистина ли е ова што го пишува на страната на факултети дека од утре нов конкурс за пријавување во студентски...демек 45 посто од студентите фалсификувале документи. Па тие здрави ли е што си играат со нас како сакаат. Сега документи и се на ново малтретирање, трошоци и на крај пак ќе ги примат тие нивните.
ПИШУВА: Со повторниот оглас за сместување одбиените имаат нова можност да аплицираат зашто речиси половина од пријавите на првиот оглас доставиле неточни информации за семејни примања што не се совпаѓаат со податоците од Управата за јавни приходи. т.е. 55% ќе бидат примени најверојатно
Значи, на прв поглед се изнервирав со новиов конкурс, ама одпосле ми стана полесно. значи утре планирам да носам документи...башка шо е последен ден за бруцоши, си мислев дека нишо нема да биди. Добро е ако не е за сите конкурсов, зошо више ми е смачено од собирање документи и фрлање пари преку прозор
Чекај сега, сакаат да кажат дека од ново треба се да се носи?Нови документи или што?Нормални ли се овие, ако е така, каде енос ќе се носат, еве 30ти е веќе.Или само оние кои однеле лажни документи ќе треба одново да аплицираат?