Не ми се верува мене дека денеска ќе ги објават, и лани доцнеа. Инаку, Џинџер, за бруцоши ќе има посебна листа.
Eх бруцоши, бруцоши. Плукам на идните академски граѓани што се запишаа годинава на факултет. Посебно на тие што денес носеа документи во Кузман. Дива лига ќе речев не знам како ве воспитале родителите така, ама па и родителите беа исти. Се туркаат ко без пари да го даваат местото, па себични, да ги прашаш нешто, ќе ти свртат грб, оти ако ти кажат може ќе влезеш пред нив. Урлаат, се туркаат, викаат, пцујат. Излегов ко искубана кокошка. Мислам, свесни ли сте вие уште колку чекања ве чекаат и шалтери ве чекааат? Изгледа не...
Кај никој не се отвара, затворена е страната, инаку сега ми казаа дека е можно околу 23:30 да има резултати
Со среќа нека им е на сите што се примени. Документите сега што треба да се носат се само фотокопија од лк на жиранти,листот со жиранти, сликички, меница има ли нешто друго? И да не знае некој од кога е вселувањето, пошто секоја година е од 1ви септември, а сега нели повторно ќе распишуваат конкурс.
Исто ќе биде и оваа година од 2ри најверојатно ќе почне вселувањето засто 1ви е недела а за тие што се од вториот конкурс понатаму ќе биде вселувањето. Инаку каде можам да го најдам листот со за жирантите?
Брат ми е бруцош годинава, и аплицираше за во Пелагонија, денес и ги однесе документите во Кузман, му ги примиле, се по ред. Ама детето сега се предомисли, сака во Стив да се смести. Премногу доцна е нели? Има ли некаков начин да се премести?
Moже па ќе ја има таа среќа да нема место во Кузман и да го сместат во Стив Инаку, сега веќе не може многу да направи, барем додека не го примат. После од кога го примат може да проба да најде некој ѓто сака д се семни од Стив во Кузман, а такви ги има доста
Правото за ослободување од плаќање надоместок за сместувањето се остварува со поднесување барање и соодветна докумнтација. Кој се ослободени да плаќаат за студентски некој да не ги знае критериумите ? познавам многу што се ослободени оваа година ама за овие студентски во скопје не пишува ништо дополнително
Ве молам ако знае некој да каже дали оние студенти што се деца на невработени родители се ослободени од плаќање надоместок и ако е така која е соодветната документација што треба да се достави ? Ви благодарам однапред.. Поздрав..
Кај резултатите пишува: „Студентите со обоени идентификациони броеви се ослободени од плаќање за сместување и исхрана во студентскиот дом во кој се сместени, согласно одредбите од законот за студентски стандард.“ Дали некој знае според кои китериуми е одредено тоа, бидејќи лично видов личност која не е загрозена на таа листа, а исто и личност без примања која не се наоѓа обоено со жолто.