Здраво, дали студент, дете на инвалидски пензионер со пензија во износ од 6900 ден. и мајка невработена и никакви други приходи од семејството може да биде ослободен од плаќање. Кои се условите за да биде еден студент ослободен од плаќање ? Исто и каква документација бараат ?
Вака да прашам: жиранти може ли да биде мајка ми и тетка ми? и освен меница што друго се носи при вселување? Сега за септември треба ли да платеме или не, како беше??
Тетка ти може да ти биде жирант, а и родителот кој не го пополнува документот за подмирување на трошоците.За второво не сум сигурна, ако грешам, нека ме поправи некој. Се носи копија од твојата лична карта, копии од жирантите и 2-3 твои сликички. Бруцошите плаќаат пола септември бидејќи се вселуваат подоцна, а повисоките години цел месец.
Ај кажите ми во овој дел како правилно да потполнам ?? Никако не ми ги прима податоците “ Останати членови во потесно семејство (месечна нето плата, пензија, социјална парична помош)“
Значи ако имаш брат/сестра и доколку е вработено лице пишуваш износ на плата. А доколку не работи, пишуваш само 0.
Оние фамилии кои имаат приходи само до 8000 ден се ослободени од паќање.Кај мене мајка ми е само осигурана на 8000, татко ми си работи приватно, изработува мебел и не е осигуран, се води како невработен.Други приходи, змјоделски и сл. немаме така да брат ми е ослободен од паќање. Исто мислам и дека се оние деца без родителска грижа, без родители, ги има некаде по страниве критериумите. А јас сметам дека овој нов закон е добар, затоа што јас лично знам деца чии родители пукаат од пари, ама не и се седи во стан оти поинтересно било во дом е така не фер, има студенти кои со 500 ден караат со недели затоа што не ги имаат примано во дом, зошто треба врска, а тие немале.Оно точно дека има такви што заработуваат многу, а не се пријавени(сега може ќе речете што ломоти оваа, само што пиша дека татко и работи приватно)ама тоа е многу малку платена работа, сепак малку се тие случаеви и мило ми е што барам дел од децата на кои стварно им е потребен дом и помош ќе го добијат годинава. А дали знае некој оние кои се ослободени од плаќање дали треба да носат жиранти и такви ствари?
Значи го имам напишано износот. Ама ете не ми го прифаќа, дали плус треба да додадам нешто, да пишам дали е пензија и сл ?? Или само износот ?
Јас знам една личност што е ослободена од плаќање, месечните приходи им се околу 20000 работи само таткото а се 4 члено семејство и има просек 8.5. А исто знам и друга личност што е сместена во студентски а мајката е доктор со приватна ординација и таткото е со добро работно место што платата не му е помалку од 30000. Така да незнам по кој основ се сместени и по кој критериуми е ослободувањето од плаќање на станарина.
Само износот без точки, запирки или празни места. На пример ако е 20 илјади денари се пиши 20000- споено.
ajde ako znaete pisete koi dokumenti trebaat za useluvanje ,, ziranti kopija od nivna licna karta, od moja licna karta, 2-3 slikicki... mislam taka bese ili???
Дали некој знае дали може во Кузман да им кажеш со кој сакаш да си в соба или тие таму веќе си имаат одредено?
Истите прашања се поставуваат по сто пати.Нека не ве мрзи да прелистате 3-4 страници поназад, лично јас имам детално објаснувано. Плус празна меница од 100 денари. Можеш да си одбереш цимер, да отидеш таму со него и заедно да се вселите.
Да во право си. Но има многу случаи каде што одредени личности се занимаваат со земјоделие и зимаат многу пари од тоа, но сите приходи ги пријавуваат и ги поминуваат преку баба или дедо. Потоа се знае дека во потесното семејство секако дека нема да ги пријават нив. Со самото ова заземаат место на некој друг студент, кој навистина е со мали примања во семејството. И јас сум ослободена од плаќање и би сакала да прашам дали треба да се поднесат некои дополнителни документи и доколку треба кои би биле тие ? За меница, жиранти и сл. по некоја логика не би требало да носиме.
Дали може да ми кажете кога ќе ги објават резултатите за прием на бруцоѓи во студентските домови ?? И некој линк кај што можам дА ги проверам ?? Фалаа..
Девојки, беше некоја да се всели во Кузман.. Како иде, се си е по старо, ти даваат и соба и цимер да бираш..?