За бруцоши кога ќе има резултати, мене страната сместување не ми се отвора а сакавме да провериме за брат ми.
Според мене подобар е Гоце, бидејќи собите се за 2ца, и неговата локација ми е подобра помирно е во Тафталиџе/Карпош за разлика од Автокоманда. Е сега кај Стив знам дека некои од зградите се реновирани така да може и да е убаво ама немам одено после реновирањето.
Девојки, јас сум на Правен, и се двоумам дали да седам Гоце или Пелагонија. Пелагонија ми е мн поблиску али по 4 се во соба. Знам дека во Гоце се по две, али ај препорачајте ми каде е подобро? Има вц во собите во Гоце?
И јас исто сум на Правен, бруцош.. па сега подадов документи за во Пелагонија, затоа што ми кажуваат дека бил најдобар од сите, поуреден. Па сега тоа што се 3 или 4 во соба, тоа е. :/ Нема што да се прави.. прво да видам дал ќе ме примат, ако не во стан Што мислите вие како е во Пелагонија ( поискусните што биле таму )
Хахаха, и сестра ми исто. Баш сега ми кажува дека на целата неправда што се прави во студентските домови многу е радосна што ме примиле.
Искрено, јас секоја година се нервирам дека секогаш или ми даваат никаква соба, или девојчето што треба да ми е цимерка не е примена, или јас се вселам па ме иселат без мое знаење... Само оваа година поминав без нервози, и прва сум на списокот од мојот град. Најголемите ВМРО-вци не се примени, па се нашол некој на мајка ми да и каже, демек колкав удел имала партијата, јас прва сум била... Гледам луѓе што со години биле во студентски - сега не се... Најреално сместување до сега, барем според мене...
Имам едно прашање.. Дали треба да носат меница и 2 жиранти, оние кои не треба да плаќаат за во студентски ? .. Јас мислам дека не би требало, затоа што се ослободени од плаќање моите другарки. :/ И дали треба документите од Кузман каде што ги подадовме да ги земеме и да ги однесеме во Пелагонија ? Позз.. фала однапред (=
И јас го имам истото прашање како QuewOw примена сум,честитки на сите што се примени и дали има некоја шо си учи така повеќе и сака да ми биде цимерка во Гоце ))?
Брат ми е примен па за вселување не знаеме што е потребно, кога јас седев во студентски го имаше на интернет листот за жиранти, сега не го најдов, па оние кои имаат поднесено документи потсетете ме што требаше?? Меницата од 100 ли беше? Документот за жиранти каде да го најдеме и што уште нешто е потребно?
http://www.dsdpelagonija.mk/dokumenti/Z ... uvanje.pdf +копии од личните карти на жирантите+копија од личната карта на брат ти+меница од 100 ден.
anneyy баш ти фала во конкурсот не ги пишува па мислев да не е нешто променето, ама нелогично беше да не се внесуваат, а пишува само вселување од таа до таа дата.