Е не сум сигурна баш дека треба на нотар да ти бидат заверени. Моите беа, ама кога ја прашав таа што ги собираше документите за дипломата дали мора да е на нотар, ми рече не мора, и затоа и ја дадов само копијата од дипломата, бидејќи носев и копија само и заверена на нотар. А штом е така за дипломата мислам дека е и за свидетелствата исто. Инаку моите свидетелства едно кошташе по 150 денари, а за сите четири 600 денари. Ама ова во мојот град не во Скопје, ама сигурно е секаде исто.
Сега баш видов на страната во потребни документи никаде не пишува дека треба да бидат заверени кај нотар. Само пишува копии од свидетелствата и дипломата. Па најверојатно не треба, инаку зошто не напишале? Сакам да ја прашам Форевр Јанг од каде и е таа информација дека треба заверени и колку е сигурна? За да не се зафркнам утре и да лупнам толку пари а да нема потреба 250-300 по лист Е добро што прават тие Имам уште едно прашање. Дали кога треба да завериш кај нотар документи мора оригиналите да ги носиш?
Мислам дека нема потреба да ги носиш. Мене ми побараа 2 копии да направам. И иако јас носев заверени свидетелства, мислам дека не треба да се заверени, како што напишав погоре и за дипломата. Ако на некој лично му побарале за да е сигурен, нека пише за да знаеш за сигурно.
Анфејтфул, слушај сега ....... Тебе сигурно нема да ти ги дадат оригиналите од факултет за ти да одиш да ги копираш, па на нотар бла бла ...... Ќе ги замолиш да ти направат само копии и директно во Кузман ќе ги носиш и нема што многу да се замараш. Мислам дека не треба да се заверени на нотар и затоа ни оригинали ти се потребни ни ништо. Само копии ......
Стварно не знам што да ти кажам,не сум сто посто сигурна.Јас ги заверив моите оти видов дека сите заверуваат а и прашав едно девојче што седе од лани во Пелагонија она ми рече дека треба. Еве и тука прочитав. http://forum.kajgana.com/showthread.php ... %B8/page24 А ви бараа ли потврда за редовен студент?Оти едни ми викаат треба други не треба.Јас денес се зафркнав бев до ск ама сум ја заборавила потврдата за семејно материјално и си се вратив Па утре ке одам пак,ама последен ден е па ме страв да не ми прават проблеми нешто и со тоа па сега?
Епа да ти кажам баш така и ќе направам. Ако на крајот на краиштата не признаваат не заверени кај нотар, ќе ги тужам што не напишале на страната нивна, туку стои само копии
Не мора да се заверени на нотар,доволни се само копиите. Инаку би напишале на страната дека мора и заверки ,а нели пишува само копии. Јас завчера бев во Кузман да се пријавам и однесов само копии од сведителства,од диплома и од уверение за државјанство и други документи кои се потребни.
Нема врска информацијата дека треба да се заверени кај нотар. Јас 5год седев по студентски, ниту еднаш не ми побараа заверени. Еве сега додека земам диплома (уште ми се на факс документите) за работа ми требаше диплома-дека имам заврсено средно, па и тука можеше да се даде копија.
Еве јас да се пофалам дека денес бев за Скопје и се заврши во најдобар ред, ми ги дадоа документите, ги копирав и ги однесов во Кузман. Е малку ме шетаа натаму-наваму од врата на врата, и бааги се изначекав ама барем се исплати Значи отидов, ги замолив културно, ми дадоа барање да пополнам, па го носев кај секретарката на деканот, па таа го одобри, ама само посебно да ми ги дадат, прво дипломата да ја фотокопирам и да ја вратам, а потоа свидетелствата(подоцна жената во студентски прашања ми ги даде одеднаш да ги носам ). И ич пари не ми зедоа, додека на другарка ми на Филолошки и земале 200 денари. исто и за потврда за редовен ученик, мене не ми зедоа на Пмф ништо, а на другарка ми 100 денари Битно сега сме помирни
Не знам како ги распоредуваат девојките по студентски - дали од прва година ги ставаат во една соба или пак може да се погодам со некоја од 2, 3 или 4? Ги мешаат годините или не?
Да се мешаат. Постарите години ги распоредуваат по 3 во соба до 10ти, а потоа кога се уселуваат бруцошите ги ставаат како 4ти во собите. Имаат дрвени кревети, мали шкафчиња... до лани немаа ни шкаф ни полица, ама вчера кога се уселував видов во собата моја, има направено полица и шкаф, што секако е предност. Многу ретко да се паднеш со уште една бруцошка, може само потоа да се договорите меѓу себе да си ги промените собите, ако сакате. П.С. За во Стив зборам
Да, Лолипоп за Стив и ме интересираше, таму ќе седам ако ме примат и на конечната листа . Значи ептен тешко можам да се погодам со уште некој бруцош ...... Леле, уште од сега ми се превртува во стомакот
Да, Лолипоп за Стив и ме интересираше, таму ќе седам ако ме примат и на конечната листа . Значи ептен тешко можам да се погодам со уште некој бруцош ...... Леле, уште од сега ми се превртува во стомакот [/quote] Ako имаш некоја другарка можеш да пробаш да се смениш, пр. нејзината цимерка да дојде во твојата соба, а ти во нејзината
Ако не ме примат ке биде интересно.Нели е малку касно бе тогаш да ги објават резултатите,ако ги објават како секогаш ден покасно,а од 15ти почнуваме,значи за два три дена мораш да најдеш стан