Да праШам Татко ми е невработен,а мајка ми е вработена. На тоа прашање дете на невработени, би требало да одговорам со не?
Женски да ве прашам нешто, јас лани ко аплицирав не запамтив ни пасворд ни ништо, како да се логирам сега? Треба нов маил или како?
А мене ме интересира ако брат ми ги внесе податоците само за мајка ми и татко ми, кои се невработени, а не напише ништо за мене во пријавата, можно ли е да ме пронајдат мене некаде во системот како негова вработена сестра? Тој и лани седеше во дом, беше во Пелагонија а сега аплицира во Стив. Ама лани јас бев уште студент и тогаш ме пријави како член на семејството, а сега се мислиме што да правиме.А сега аплицираше со нов мејл и нов пасворд оти тој од лани го заборавил. Ај ве молам пишете ми што побрзо, да знаеме дали да ги промениме податоците во пријавата додека има време. Фала
Happy ако си пријавена под бирото како вработена, сигурно ќе те најдат.Мораш да извадиш од работа потврда за плата и декларација, ако си у привата фирма.Нема шанси да им промакне такво нешто.Обавезно смени го тоа и пиши си сума за примана плата за јуни.
Ауф, имав неколку пати прилика годинава кај колеги од факс да одам во Студентски и е - страшно... Сликата која ја затекнав таму беше буквално како на хорор филм. Од излупени ѕидови, до простории преполни со лебарки. Пукнатини, како на ѕидовите така и на подот (уште еден канал за премин на гадните инсекти). Сума сумарум - катастрофа! Врв беше кога снема струја и наеднаш сите спискаа. Па оттука сфатив дека покрај другото имаат проблем и со електричната енергија. Патем сите мислам дека знаеме каква е таму состојбата, ама нема таков јунак што на овие кутри студенти ќе им овозможи попријатен престој преку реновирање и санирање на штетите кои ги направиле генерациите пред нив. Жално...Како да живеат во некое сиропалиште, само по своја воља.
Здраво феминки. Мене ме интересира доколку имате помал брат/ сестра матурант што документ треба да приложиме бидејки и уписите за факелтет се од 15?
И јас бев фрапирана од состојбата на студентските домови, конкретно јас бев во Кузман. Не дека условите за живот не зе мизерни, ама не влегол некој од страна, па така да ги уништи собите. Факт е дека има лебарки, смрди од вецеата, ама виновни се и студентите кои престојуваат таму. Во собата во која влегов јас, секој сантиметар беше приказна за себе. Во еден дел имаше зелена тапета, понатаму имаше профил на девојка, до неа некоја градина со шарени цветови... На ѕидот одспротива имаше бела дупка во форма на круг, а околу неа дупчиња- претходно таму стоело пикадо... Секој студент си зел за право да ја уреди собата по свој вкус, па се добива сплет на бои и идеи... Ама тоа го направиле идните академски граѓани, како да очекуваме од нив во иднина да придонесат за развој на државава, кога тие наместо да ја варосаат собата, играле пикадо таму? Или, на пример вратата... Рачката не функционираше сама, се затвараше само кога ќе заклучиш. А кој го направил тоа? Секој што влегол во собата по малку... Ама, еве и мојата влезна врата е веројатно толку стара како и оваа, ама не е уништена до тој степен. Да не должам, не дека на студентските домови не им треба реновирање, ама не можеме да обвиниме никого, освен самите студенти кои престојуваат таму... Инаку, не би рекла дека живеат по своја воља, туку немаат избор. Во Скопје, за 3000 (колку што плаќаат месечно во студентски) не можеш да си дозволиш кревет, сметки и јадење во приватен стан...
Добро сега да не претеруваме, еве пр Пелагонија не е така лошо.Јас имам брат кој седеше лани таму, воедно и другарки веќе 3та година по ред седат таму и не дека немаат можност во стан туку позабавно и секако поевтино им било во дом.На брат ми собата беше убава, ама тие машки како машки не ја ни тимареа, а на другарките мои беше чиста и многу убаво уредена, со чисто ново вц и убави кревети.Исто и во Стив во машката зграда, средена е и чиста, има вц во секоја соба.Јас лично не седев не поради ентериерните услови, туку поради мирот кој го нема.Јас не можам да се сконцентрирам да учам во читална, ниту пак се осеќам удобно со уште 3 лица во соба со мене, конкретно за во Пелагонија зборам.Исто јас порадо си скратував од џепарлакот за да седам во стан.Ама ете велам брат ми не го мени домот, има храна, треба да чисти само една соба, секогаш има некој да му прави друштво за кафе и така, јас не сум толку дружељубив човек па не ми одговара. Инаку во другите домови се согласувам дека има полоши услови, но во голем дел како што кажа Јовановска и студентите се виновни зошто не знаат да сочуваат.
Не е точно дека ако е бруцош неможе да аплицира во Кузман. Лани моја другарка која беше бруцошка аплицираше и влезе и тоа без никакви врски, а и го има во електронското како опција. А еве и во самиот конкурс пишува http://mon.gov.mk/index.php/konkursimon/1824-konkurs-za-domovi-14-15, само што малку студенти примаат од прва година.
Дали копијата од изводот и државјанството треба да бидат заверени на нотар пред да се предадат во Студентски за пријавување?
Aбе не треба извод и копија од државјанство, нели прочитавте во конкурсот, убаво си има кажано дека Министерството само ќе си ги обезбеди.
Абе дечки јас пријавата не ја зачував....тоа на почеток податоците кога се внесуваа. Го зачував само бројчето на крај. Сеа?
Соопштение за прием на студенти во студентските домови Поради технички проблеми кои настанаа на 10.08.2014 година, електронското пријавување на кандидатите на Конкурсот за прием на студенти во држаните студентски домови ќе биде овозможено и на ден 12.08.2014 година, почнувајки од 00:01 до 24:00 часот (24 часа). Во периодот од 24 часа на кандидатите ќе им биде овозможено: • Електронски да се пријават; • Да ги проверат (или корегираат-доколку констатирале грешка) веќе внесените податоците; • Да ги проверат и запишат идентификациските броеви; • Да ја испечатат електронската пријава (документ бр. 4 од Конкурсот). Благодариме за разбирањето. МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА Ми се допаѓаМи се допаѓа · · Сподели
Moze li potvrdite od ujp da bidat kopirani a ne originalni? I koi drugi kopii od dokumenti treba da bidat zavereni kaj notar?