За бруцошите ке има конкурс кој започнува на 19 Август. Мене ме интересира дали треба и свидедтелствата од прва до четврта година да го носиме со документите.
Потврдите од УЈП мора да се оригинал. Јас лани имав копии и ме вратија. Аплицираш со сите оригинални документи, никакви копии.
Значи оваа година документите треба да се достават во Министерството за образование и наука, а не во Кузман како до лани така (на кој кат да не знае некој?). И уште е дно прашање. Уверението за положени испити дали се пополнува и плаќа или од студентски го даваат? Благодарам
Да таму треба, вајда на 11 кат.Уверението секако го даваат од студентски, на некои факултети се плаќа околу 500 ден, на некои не.
Kако треба да се испечати електронската пријава кога ги внесуваш податоците? Никаде не видов опција за печатење.
ај некои можеби знае вака имам брат сега заврши четврта и не е заверен под заводот за вработување. Прашањето ми е дали за него треба да вадам документ од ујп или само потврдата дека е редовен студент?
За сите полнолетни членови од семејството треба да се извади документ од УЈП. И некој ако знае дали почнале да издаваат потврди за приходи од 2013 год. нека пише.
Значи ќе треба да извадам и за него, фала мн. Иначе јас веќе извадив потврди од ујп за 2013 за мене мама и тато
Здраво сакав да ве прашам има ли некој што е на постдипломски , а што има аплицирано за студенски дом или да знае некој таков да ми пише Поздрав
Уверението за положени испити од факултет се зема за неколку дена, конкретно на Филолошки и се плаќа 600 денари, а на другите факултети може да се подигне уште истиот ден. И јас имам едно прашање. Дали доколку родителите се невработени, од УЈП се вадат документи, односно потврди за остварени годишни приходи за 2013 година за сите полнолетни членови, или пак, има уште некој друг документ? Значи зборувам за НЕвработени родители. И кажете искуство како денес си поминавте во МОН
Здраво дечки оваа година сум бруцош и планирам да аплицирам за во пелагонија.Ме интересира кои документи освен дипломата треба да бидат заверени на нотар и каде треба ад се достават тие документи во министерството за образование и наука или во самиот дом?
На Филолошки го даваат за 4-6 дена. Го однесов во понеделникот и појдов вчера да си го земам заедно со образецот и ми кажаа дека образецот не е заверен и ми го дадоа само уверението, а на една моја колешка ништо не и дадоа. Ми рекоја за в понеделник дека ќе биде готов образецот и да си го подигнам. А на Градежен знам дека истиот ден се зема
Знае некој дали е вистина дека од оваа година во Новите бараки во Стив Наумов ќе се плаќа поскапо? А не како сите студентски од 3000-3800 ?
Јас планирам да аплицирам во Пелагонија, ама има мал проблем. Во документите се бара и копија од диплома, а јас заборавив да ја копирам кога аплицирав за на факултет. Дали можи некако од факултет да ја земам да ја копирам или па од училиштето ако има друга. Знае некој?
Потврда за невработените родители треб да се носе или не? Сите различно кажуват, ај некој што бил нека каЖе за сигурно да знам.
Декларација треба ако работат твоите во приватна фирма, за државна незнам. И мислам дека државјанство не треба, тие би требало да обезбедат, барем така разбрав.