Треба изјава за семејно материјална положба, мислам дека за тоа прашуваш. Исто така, ми рекоа дека требало тој лист да се завери во општината, денес бев да ми ударат печат имаше многу деца за истото.
Има опишано предходно што како е во домот, пролистај.А нема шанси толку да е скапо зошто во стан може и поефтино да ти испадне седењето. Него јас имам едно друго прашање.Татко ми денес извади од бирото потврда но во неа му пишува дека е управител и основач на фирма.Точно е дека е управител, но има покренато постапка за стечај и сите придонеси му се стопирани, тој од таа фирма не прима веќе 3 год плата, значи тој е невработен, но во потврдата рекоа дека не можеле тоа да го пишат.Во документите од УЈП нема никакви приходи од стопанска дејност и лични примања за годинава, ниту за лани, а ако примал плата како директор треба да има, значи тоа е доказ.Исто сметководителот му издаде потврда за покрената постапка за затварање на фирмата и во неа е наведено дека тој не прима плата и од 2012 година па наваму.Не знам дали ќе ми ги прифатат вака документите како доказ дека тој е невработен или не, има ли некој што бил во слична ситуација или пак што е запознает со правилникот од оваа област да ми помогне.Фала
Од каде ова пак сега, на кој документ треба печат?Мене девојче што ги носеше документите пред некој ден не ми кажа дека барале такво нешто, а знам и лани не требаше.
дали некој може да ми даде линк од овој конкурсот за електронско пријавување на студенти од прва година бидејќи знам дека почнува електронското пријавување од 19.08.2014 и истата би требало да биде поставена на интернет порталот smestuvanje.mon.gov.mk но не ја вчитува страницата дали има некој друг начин?? Благодарам однапред .
I kaj mene ne ja otvara a razbraf se javi edna drugarka vo ministerstvo i tamu i kazale deka nemozi prijavuvanje zavrsil konkursot za elektronsko prijavuvanje... sea?
На изјавата за семејно материјалната положба. Документот го имаше на страната за електронското пријавување кај потребни документи. И јас знам дека лани не требаше, ама сега така ми кажаа деца и отидов и имаше и други што чекаат за истото. Не паничете, можеби и без тоа се може. Штом имате од УЈП уверенија тие че видат кој е невработен кој е вработен. Тоа всушност и се пишува нели во изјавата за семејно материјална положба. Не е голема работа.
Сакам да прашам дали некој успеал да се најави електронски за сместување во дом?? Јас се обидов неколку пати но не успеав.
Девојки, навистина, како да ја испечатам електронската пријава, и сите страни ли треба да бидат испечатени? Можам да пробам со PrintScreen ама не ја фаќа цела страна, треба на пола+пола, а така не знам дали ќе биде испечатено... Чаре?
И уште нешто, аплицирам сега ќе бидам 1 година, а има две прашања * Студент кој го нарушил куќниот ред во домот и за што им е изречена воспитна мерка забрана на користење на услугите на домот, за време определено во изречената воспитна мерка ДА НЕ * Студент кој не ги подмирил обврските за сместување кон домовите повеќе од три месеци ДА НЕ И сега, да стиснам НЕ? или пак грешка пријава е ова?? Офф колку сум загубена