Ако имаш причина да се сомневаш дека нема да те примаат, подобро почни да бараш Се шалам, ама сигурно си знаете дали сте ги доставиле сите документи и дали ви е исправни.
Aко ти се ок сите документи-се што ти било напишано при аплицирањето ти е исто во документите кои си ги дала немаш причина да се секираш дека нема да те примат.
Не е се до документите ...... Какви работи се прават тоа е чудо, само ако имаш врска ептен јака може да си сигурен за до 10. Сега на конечна сигурно ќе излезат и особи што ги немало на прелиминарна, а може и документи што немаат дадено. Се си има во државата наша.
Факт е дека на конечната листа ќе има многу личности кои не постоеле на прелиминарната, секогаш има такви фантоми. Но ако документите се во ред не верувам дека може да не те примат, мене лично не ми се случило тоа ниеднаш, а не сум имала врски, а ниту на некој од студентите што ги знам од домовите.
Кои се тие од сојузот, со врски добиваат така?Ќе можеш да ми објасниш ,секако ако не те мрзе да пишуваш?Знам дека сум досадна.
Сојуз на студенти - престедателот на сојузот и сите останати кои се околу него. Без да си во блиска врска со некој од овие личности нема теорија да добиеш двокреветна соба. А ако имаш врски тогаш не е никаков прблем, пример- знам еден дечко што има 28год, веќе не е студент а сам си држи соба во Кузман, без цимер.
Не сум била во Студентски дом, но како што кажуваат сите УЖАС владата има пари за глупости а нема пари да ги среди барем малку од малку домовите низ МК
Не ми се верува да дадат до вечер конечни резултати за бруцошите што се примени, ама ако ја истакнат листата нека стави некој линк овде оти интернетот ми го достигна максимумот на забавеност
Oк мунлајт...Нема да ги истакнат,и јас така мислам,дека два дена не се работеше..Ама ако истакнат,ќе оставам линк! .*
Знае ли некој, конкретно за во Стив, колку пари треба да платиме кога ќе се уселиме? А за конечната листа, кој успее да начека и да ја отвори, да го замолам да ја снима страната, па потоа ќе му кажам име и презиме да види дали ме има Пошто за прелиминарниот список, не успеав да ја отворам страната цели три дена, среќа што една познајничка ми кажа дека ме имало.
Мене една страна чекам 2 минути да се отвори ке си пукнам . Кај баш сега најде да ми се забави ептен овој глупавиот интернет Белким ќе ги дочекаме резултатите ...... и кој ден планирате да одите тие што сте примени, да си земете соба?
Јас планирам во понеделник да одам, ако ме има и на конечна. Пишува дека уселувањето за бруцошите е од 11 до 15 Септември, ама не знам дали и сабота и недела може. Па затоа во понеделник најубаво, да не се зафркнам. Ти Мунлајт кој ден ќе одиш?
Јас сакав недела, ама само да одам да видам во која соба ќе бидам, а после во вторник да одам да се вселам. Ако не може недела, тогаш не знам, бидејќи да одам понеделник па пак да се враќам дома и пак да одам во вторник, нема шанси. Мислам дека ќе може недела, штом пишува од 11 до 15.
^^ Девојки,јас знам дека е од 12 до 15..И на страната,распределба,а и на онаа за конкурсот така пишуваше...
V. РОКОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ Студентите од повисоките студиски години се вселуваат во студентските домови од 01.09.2010-10.09.2010 година. Студентите од I година (бруцоши) се вселуваат во времето од 11.09.2010-15.09.2010 година. Еве Мистириус, од 11 до 15 пишува тука, значи можеш од утре, ако ги дадат резултатите до утре
http://www.raspredelba.gov.mk/Pages/stu ... Final.aspx da da ..i jas sum primena..ajde 3stitki do site koi se primeni