Од дипломата оцените ќе ги собереш ( 3 екстерни, 1 интерен и + оцената од проектната) и подели ги со 5.
Луѓеее помагајтее Како да ги симнам ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ и ПОДАТОЦИ ОД АПЛИКАЦИЈАТА нема никаква опција за симнување?? Се нервирам, враќале назад без тие документи..
Девојки може ли да ми каже некој кои се документи се потребни за во студентски.Бруцош сум и прв пат аплицирам во студентски затоа и ми е малку нејасно.Значи треба електронската пријава да биде испечатена,документи кои се преземаат од порталот за електронско пријавување(вкупно 7 документи)копија од диплома заверена на нотар,извесштај од УЈП за остварени приходи за 2013 за сите полнолетни членови на семејството,за помал брат/сестра потврда од училиштето за редовен ученик,извештај од последната плата за татко ми т.е за месец јуни 2014 и копија од диплома заверена на нотар.Тоа ли е се или ми фали уште некој документ? Ви благодарам однапред
потврда од факултетот а некој ке може ли да ми каже на уплатницата што е за дом 50 ден на крајо како пополнивте 313 или 330?
Дечки ние што ќе се запишуваме на втор упис, можиме да аплицираме? ( електорнски имам аплицирано, прашувам за документите што треба да се однесат во министерство до 29.08.14 )
НЕ ВИ ТРЕБА НИ ЕДЕН ДОКУМЕНТ ЗАВЕРЕН НА НОТАР!!!! Зошо бе сами си ги отежнувате работите? Никаде ниту ви пишува заверен на нотар, ниту бараат. Читајте како што пишува и нема да ве вратат.
Сакав само да прашам, стрикно за во Пелагонија (но може да споделат искуство и оние од другите студентски домови), за оние кои не јаделе во мензата и си правеле јадење сами... каде ја чувате храната која треба да стои во фрижидер? И можно ли е доколку нема, да се однесе некој мини фрижидер за таму?
Дали ние што сме ПРВА година студенти мора да носиме студентска потврда? Затоа што ќе се запишувам на втори уписи..
Да мора, јас кога бев, повеќето не носевме... некои ги вратија, останатите ни дадоа е-маил адреса за да ја пратиме скенирана потврдата за да не се враќаме по 2 пати.
Дали некој знае дали листот за жиранти е ист како и претходните години, бидејќи сакам навреме да си ги средам тие работи. Благодарам однапред
^^Лани исти беа, би требало и оваа година да се. Претходните години бруцошите не носеа потврда за редовен студент...што им текна од оваа година.
Да, една од моите цимерки имаше донесено такво мини фрижидерче. Обично кажуваше дека најдобро е тие работи (телевизор, фрижидер) да се внесат во недела навечер кога рецепционерите скоро „спијат“...