РЕЗУЛТАТИ! http://www.fakulteti.mk/news/14-09-01/r ... odini.aspx Приходите од образецот од УЈП, вкупно за сите члениви дома, да се под 8 000 ден.
Дали знаете од кога почнува вселувањето во студентски дом? Лани беше од 2 септември Кои документи се потребни при вселување? Слушнав дека требало потврда за тековно запишан семестар што нема логика бидејќи семестар запишуваме околу 15 септември...
И брат ми е примен во Стив, 1и 2 зграда. Е сега имам едно прашање. Лани тој седеше во Пелагонија, и не плаќаше ништо бидејќи и мајка ми и татко ми се невработени. Оваа година не е во таа група што доби бесплатно сместување, па ме интересира дали некако може да стане дел од истата? Некаде треба молба да поднесе? Во студентскиот, или во МОН? Дали некоја од вас имала вакво искуство? Моите се се уште невработени, единствени приходи кои ги прикажа брат ми во документите е мојата плата од 5400 ден. која ми одеше преку банка од претходното работно место. Колкав треба да е приходот во семејството за да добие студентот бесплатно сместување?
Хепи изгледа нешто многу смрди, многу деца не се примени во таа група што вистински треба да бидат, ете и брат ми не е, а ние имавме само 8000 приходи прикажано, со еден невработен родител, а лани плаќаше.Демек можело приговор да се поднесе, ама мислам дека нема да се смени ништо со тоа.Тоа е масло на Министерството и Владата да си стават нивни луѓе во таа група.
Лани немаше врски, ниту оваа година бидејќи искрено немаме вистински луѓе, а и верувавме дека нема да има потреба затоа што ги исполнува сите услови за да биде во таа група. Ми кажаа дека треба да поднесе молба во МОН и имало шанси да го преместат, па ќе видиме.
Хепи во втор рок пријавете без тебе во апликацијата, како потесно семејство три членови. Или пак, може не се точни податоците што ти ги дале од УЈП. И мене не ми е јасно зошто не сум бесплатно, ама ете. Може ли некој сите услови да ги напише, да знам барем дали молба да поднесам?