Дали некој од тие што не се примени во никој студентски е бил денес во министерството и знае дали треба да се поднесе приговор/жалба за повторно разгледување на документите?? Некои велат дека треба повторно да се најавиме електронски да однесеме молба и да уплатиме 50ден. административна такса.
Дали некоја од вас може да ми ја пише жиро сметката на стив бидејќи неможам да ја најдам нигде на интернет, и дали е точно дека во новите бараки ќе биде 6000
На никоја страна нема утврдена цена, а неможе да биде 6000 затоа што на приватно е толку. не слушајте секакви муабети, најдобро е да се јавите лично во домот и да си прашате.
Има ли истакнато списоци во Стив Наумов кој е за 1ва машка,а кој за 2ра машка зграда за втора и другите години и во колку креветна соба е? За конкурсот што објавија резултати во понеделникот прашувам Благодарам однапред
На конкурсот за сместување пишуваше 10 дена по истакнувањето на резултатите, и доколку во тој период не се вселиш го губиш правото на престој.
http://www.dsdpelagonija.mk/dokumenti/Z ... uvanje.pdf ова ли е тој документ за жиранти или ова е само за во Пелагонија? Родителите го потполнуваат јас само треба да го доставам така, или некој друг треба ? Поим немам како одат овие работи, немојте да се смеете
Од Пелагонија ваков даваат. На овој документ жирантите треба да ги дадат своите лични информации и треба да има на листов печат од фирмите каде што работат. И секако треба копија од нивните лични карти и меница. Јас така знам, па ако сум грешка нека ме поправи некој.