1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студентски забави

Дискусија во 'Слободно време' започната од Enko1, 8 јануари 2017.

  1. Enko1

    Enko1 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2016
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    38
    Каде има најдобри студентски забави и случки спoделете нештo...
     
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    6.784
    Пол:
    Женски
    Уште од септември сум сместена во студентскиот "Кочо Рацин" - Битола.

    На студентски забави не сум била често, но општо е катастрофа.
    Што сè не сум видела таму..90% излегуваат за да бидат видени, за некој да ги части пијалок.Мене тоа ми е ептен ниско и одвратно.Не се чувствувам вклопена, па едвај чекам да дојде крајот на мај и да се отселам.

    *криво ми е што исполнував услови да седам без пари, а внатре има еден куп што преку врски (покрај големите приходи) седат без да плаќаат :clap:
    *кога сум кај делот со отселување, мака мачев да се преместам и ништо.Прво кога одев во студентски, кога гледав ситуацијата (додека да поднесам документи), пречекување, однесување..после-ужаси.
    *башка и цимерки ако не ти се погодат.. :clap:

    Кога сум кај делот за јадење во ресторанот - никаква култура.
    Слободно може да те извалка кога ти го дава јадењето.
    Па уште ако и сама си јадеш, кога ќе почнат да те малтретираат од кај си, што вака сама..8-|(facepalm)
     
    На Priroden и Victorian им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.371
    Пол:
    Женски
    Од дома пари им даваат да учат во друг град, а тие бараат најдобра забава и авантура кај имало (facepalm)
     
    На GirlRose, LUCI 99, "Zoki" и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.169
    Допаѓања:
    57.157
    Пол:
    Женски
    Секаде ти е исто, пијанчење, озборувања кој која ја легнал, непотребни драми, како животни држени во синџири па ги пуштиле на слобода и не знаат што попрво да направат.
     
    На celineparis, "Zoki" и Victorian им се допаѓа ова.
  5. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.904
    Допаѓања:
    6.291
    Пол:
    Женски
    @Enko1, секој студенски си е приказна сам за себе. Како е да се живее, епа заебано. Посебно ако ти се погоди да живееш во бараките во Стив, или во медицинар. Опаа... Се надевам не ти пречат шумови од стаорци.
    Инаку ако фатиш соба во Гоце или Кузман, на којн си.

    Забава... секој ден во студенски е забава. Треба да си доста упорен дечко/девојка за да можеш во студенски да најдеш време и мотивација за учење. Посебно во домови како Стив/Пелагонија каде има по 4ца во соба. Нон стоп има движење ни собите, ама да се здрави и вечни читалните. (y)

    Сепак ти прашуваш за забава.
    Абе ти запиши се на факс, оди во било кој дом, потоа ќе се збирате, ќе си одите низ другите домови на гости. Како на пример секој петок во Гоце 8)
     
    На celineparis и Victorian им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.169
    Допаѓања:
    57.157
    Пол:
    Женски
    Што е тоа што е лошо во бараките? :)
     
  7. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.904
    Допаѓања:
    6.291
    Пол:
    Женски
    Колку што знам, барем во мое време бараките беа во многу лоши услови. пред 5-6 години.
    Од секаде капеше вода. Плус многу влага. Лош мирис.
    Другарките/Познанички кои ги имав многу се жалеа од условите. Ги лепеле прозорците за да не им се отвараат зимно време. :(

    Сменети се сега?
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.169
    Допаѓања:
    57.157
    Пол:
    Женски
    Јас мислев за новите бараки дека е муабетот. :) Новите функционираат од пред 3 години, од 2014 година. Условите се добри, но има некои соби каде што прокапало од дожд, се створила влага, се оштетил мебел, wc-то фатило бигор... кој како одржувал но за неколку години ќе се покажат поголеми штети, така очекуваат дури и вработените таму, заради тоа што се од гипс и пропуштаат вода при обилни и силни врнежи. Но засега, покрај Гоце Делчев, таму има најдобри услови.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.904
    Допаѓања:
    6.291
    Пол:
    Женски
    постара сум јас @Bitter-Sweet, не сум толку update. Не ни знаев дека бараките ги реновирале. (facepalm)
    Може и веке студенската забава во Гоце е сменета во друг ден :lol:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.169
    Допаѓања:
    57.157
    Пол:
    Женски
    Не се реновирани, сосема нови се овие. Многумина мислеа, кога се спомнуваа бараки, дека се работи за реновирање на старите, но ова се нови, изградени се на друго место, погоре. :) Старите бараки, викаат, многу hardcore биле. :)
     
    На Victorian и Momichka им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.411
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Машки
    Мене Стив ми е најкул студентски дом. Баш е она во кампус стил, простран, широк, не е зградиште како Кузман, Гоце и Пелагонија. И бараките повеќе ми се допаѓаат, овие новиве сега се разбира. Кога прв пат отидов таму на роденден кај еден пријател, мислев дека идам на некое летувалиште. Однадвор многу убаво изглeдаат, осветлени се, опкружени со зеленило, убав дизајн на патчињата, скалички... абе уште едно езеро и мала плажа да имаше и топ :)
    А во диското никогаш не сум бил, ама сум бил во Пелагонија и Кузман како студент. Атмосферата не ми се допадна, многу „пазачи“ стојат од страна и манијачат, некои женски па и машки ептен се трескаа од земја на песните центар пажња да бидат, чудна атмосфера, се осетив ко да сум и импровизирана дискотека у Пустец :) Ок, убаво беше тоа што пијачките беа 20-30 ден, а и сега мислам текила е 40 ден
     
    На Bozica1980, power11 и Victorian им се допаѓа ова.
  12. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    907
    Допаѓања:
    4.936
    Пол:
    Женски
    Не знам каков е животот во студентски дом затоа што таков карактер сум не сакам многу гужва, па си седам на стан. Сепак од она што го имам слушано од другарки: „Ако сакаш да учиш оди во Пелагонија/Кузман, ако сакаш забава одиш во Стив/Гоце.“
    Секако ова не значи дека во Гоце/Стив не се учи или дека во Пелагонија/Кузман само се буба. Имаш читални во сите и диско во сите, ти си бираш како ќе си го трошиш времето.

    Од она што имам одено кај другарки, ако имаш врски гледај да влезеш во Новите бараки во Стив или во некоја од апсолвентските соби таму, или земи соба во Гоце (најдобар распоред на собите има) најсредени ми изгледаат. Кузман е во центар ама собите се ептен мали, па не би ти ги препорачала. Ако ти е за забава, според она што го имам видено, „највесеЉаци“ се во Стив, само би ти препорачала да гледаш и колку близу ти е до факултет :)
     
    На Priroden, biGirl и EvAngelos им се допаѓа ова.
  13. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.750
    Пол:
    Машки
    Vo Stiv se imam pijancheno i zhurkano po sobi. Vo Goce - ta imam ideno bezbroj pati na " zhurkite " i po sobite .. levo desno ... Vo Pelagonija imam spieno ( i vo Goce isto ) - Najubav studenski dom! Vo Kuzman imam kafe pieno i deleno flaeri. Zabava ima celo vreme zavisi kako kje si ja napravish...
    Idi vidi sigurno kje najdesh toa shto te interesira nekade...
    Disco zhurki ima vo Goce i vo Stiv. Vtornik i Petok. Neka me popravi nekoj ako se smenile denovite.:angel:
     
    На Momichka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.750
    Пол:
    Машки

    Prijatelot sigurno bara nekoja pussa da mcne.
    Ne mu e do uchenjeto ili do infoto... :)
     
  15. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    907
    Допаѓања:
    4.936
    Пол:
    Женски
    Ако сам си го плаќа студентскиот може цело време да се заебава и да прави што сака, а не вака тато носи - мама меси а ја ќе трошам и ќе се пијанчам... Треба да се има осет :)
     
    На eliesaab, Mr. Right, I I и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.169
    Допаѓања:
    57.157
    Пол:
    Женски
    Во Стив сега е во четврток. :)

    Инаку, јакото е што темава е во категорија образование а тој за забави се интересира. Или на вакво образование мисли:
    image.jpg


    Не се лути @Enko1 , да се нашалиме. :D
     
    На Momichka, Prijatelot и Victorian им се допаѓа ова.
  17. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.750
    Пол:
    Машки
    Kako e vo Stif?! Shabanarija i 50 Cent seushte in tha Mix??:)
    Ne sum otishol odamna na zhurka studentska.
    Vo Goce imalo mnogu zezanja otkacheni totalno...:drunk:
     
  18. Enko1

    Enko1 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2016
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    38
    Kaj ima najdobri zabavi vo koj studentski
     
  19. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    2.231
    Ох мори мајко, пак тој забави, абе ти да не си бараш место за искачање а не за седење??
     
    На eliesaab и Victorian им се допаѓа ова.
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    5.380
    Ако ти е толку до забави, па и не мора во Македонија, оди до студенскиот во Софија, речи им еве ја дојдов на журка, убавиот помин е загарантиран. :D
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.