Како иде процедурата за изгубен индекс, за колку време одприлика се вади нов? Дали оценките ги внесуваат на студентски или треба да се иде кај секој професор посебно ?
Има се на предходната страна од темава пишано. Прво го пријавуваш во службен весник, купуваш нов индекс, и потоа ги собираш сите потписи и оценки кај секој професор каде што си полагал.
Здраво дечки, јас мојот индекс вчера го полив со кафе и околу 3 страни се извалкани...Се исуши веќе,ама се познава жолта флека....Дали ќе ми прават проблем за ова и дали треба да вадам нов индекс?
Мислев ќе цркнам од стрес коа го изгубив индексот. Ама па не знам што се потресував толку кога знаев дека ќе се отпишам од тој факс .
А можеш да се отпишиш ако имаш изгубен индекс? И дали може да се запишиш на приватен доколку не си отпишан од државниот?
Уф не знам искрено, за отпишувањето дека јас го најдов па потоа се отпишав. Инаку имам другарка што во прв семестар се запиша на државен факултет кај нас но во истиот семестар подоцна заминала да студира во друга држава и не се водела понатака како отпишана туку најверојатно како во мирување да е. Не знам како е за приватен факултет..
Што ке се случи ако индексот веќе нема повеќе празни странициза запишувајне на нов семестар, ке ти дадат нов индекс или?
колку пари ке е да се купи нов, и дали ке треба да пополнувам одново (во смисла, потписи стари итн) или ке продолжам со новиот како продолжение на стариот, 2та ке се валидни?