Студентски пленум

Дискусија во 'Образование' започната од Dragongirl, 12 февруари 2015.

  1. Dragongirl

    Dragongirl Нов член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Забележав дека постои разработена тема за екстерното тестирање на студентите, но со оглед на последниве случувања и окупацијата (односно ослободувањето) на фактултетите, решив дека би било добро да постои одделна тема за Студентски пленум.

    Последниве неколку години од ден на ден ми стануваше се' потешко да пронаоѓам светли точки во нашата напатена држава, па пред неколку месеци цврсто одлучив да заминам во странство, не гледајќи тука никаква иднина за себе. НО, денес за првпат по кој знае колку време почувствував НАДЕЖ. Надеж дека мојата држава сепак има иднина. Иако долго време ве читам, понесена од позитивните чувства собрав храброст да ви се придружам, а во мојот прв пост би сакала со вас да ги споделам видеата поради кои ми се врати вербата во нашето општество:





    Студенти, ВИ БЛАГОДАРАМ! Ви благодарам што ми ја вративте вербата во силата на младината, во моќта на интелигенцијата. Ви благодарам што ми ја вративте вербата во Македонија.
     
    На LoganForever<3, Someonespecial, iskraFem и 5 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.939
    Допаѓања:
    66.112
    Пол:
    Женски
    СТУДЕНТСКИ ПЛЕНУМ: ОВАА ВЛАДА ПОВЕЌЕ НЕ Е ЛЕГИТИМНА, ГИ НАПУШТАМЕ ПРЕГОВОРИТЕ

    Оваа Влада повеќе не е легитимна и студентите едногласно изгласаа излегување од работните групи за Законот за високо образование и прекинување секаква соработка со Министерството за образование и наука, соопштија денеска од Студентскиот пленум.

    Студентите на вчерашниот генерален пленум, поради крахирањето на политичките процеси и демократските вредности во земјата, што ги зголемило нивните сомнежи во капацитетот на Владата и нејзините добри намери, донеле одлука целосно да ги прекинат преговорите со Владата и МОН.

    „Со други зборови, за студентите повеќе оваа Влада не е легитимна. На вчерашниот генерален интерен пленум, студентите едногласно изгласаа излегување од работните групи за Законот за високо образование и прекинување секаква соработка со Министерството за образование и наука, а исто така и со останатите институции. Студентскиот пленум верува дека единствениот начин сега е изразување на револт на мирен начин и масовно. Затоа ги повикуваме сите заедно, да излеземе на мирни протести, да бидеме разумни и да не потпаѓаме под туѓи провокации. Студентскиот пленум верува дека иднината е во заедништвото а не во делбите. Работната група во рамките на УКИМ, заедно со Професорскиот пленум ќе продолжи да работи на тој закон, но сфативме дека не можеме да работиме со нив бидејќи последните случувања укажуваат дека тие не се доследни на нашите договори. Тие неколку пати веќе ги навредија студентите и Студентскиот пленум реши да отстапи од овие преговори во знак на револт“, изјавија денеска од пленумот, пренесе А1он.

    Студентите изразија и сочувство до семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили во Куманово.

    „Се надеваме дека вакво нешто нема да се повтори. Студентскиот пленум исто така го осудува изрекувањето наредби кои се косат со човековите права и слободи, утврдени со Уставот на РМ. Наредби кои доведоа до упадот на специјалци во читалната „Браќа Миладиновци“. Од осумте луѓе кои беа приведени, двајца се студенти, кои во текот на ноќта беа повикани на информативен разговор, приведени, изнесени пред судија, при што им беше изречена мерка притвор од осум дена“, изјави Марко Христов од пленумот.

    Според Студентскиот пленум постои селективна правда за да се заплашат граѓаните и повикаа на мирни протести како дел од движењето „Протестирам“.

    http://www.radiomof.mk/studentski-p...kje-ne-e-legitimna-gi-napushtame-pregovorite/

    Браво Пленумци.
     
    На Abrakadabra, crimson и Summerlover им се допаѓа ова.