1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студентски прашања

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 9 јануари 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.499
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно како може до сега да нема ваква тема. Па ова е изворот на најголемите фрустрации на студентите(на државните), каде се осеќаме како се, освен како студенти. кога ќе ти го фрли индексот со едно презриво -Немаш дата, и пропратно ќе ти се издере- Кај гледаш и Зошто воопшто си се запишал?

    Ме интересира дали барем на некој му се погодил фин човек на ова студентскиве? Или сите се правени по истиот терк?
    Па повелете, споделете(фрустрирачки)искуства :)
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Јас морам да ги пофалам жените кај мене на факултет(Машински). Вработени се 4 и сите до една се толку љубезни, те прима дури и на пауза и јадењето го остава за да ти заврши работа. Сега кога ми требаа документи за стипендија, не бев баш информирана и може 3 пати бев за истата работа, ниту ми пререкоа, ниту криво ме погледнаа.
     
    На cresa-jagoda, somebady и ana-banana им се допаѓа ова.
  3. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    А дали воопошто се вработени правилни луѓе на тие места !? :o
    Според мене воопшто не се, знаат само да се дерат и да се обраќаат така дрско и невоспитано, како да не смееш да отидеш и да прашаш нешто . |( |(
    А нив тоа и им е работата, да знаат како да се обратат на студентите, бидејќи тоа е установа за едукација.
    Каде што треба да грее од култура и пристоен однос со студентите!
    Јас имав лично такво искуство и верувајте милион пати се покајав што отидов да прашам, но сепак на бруцошите треба подетално да им се објаснуваат работите зарем не !? Од кај јас да знам што каде треба да напишам, па се случуваат грешки, луѓе сме сите !
     
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Лелеееее тоа што се прави на Економски во Скопје мислам дека го нема нигде!
    Одиш со пријави пред студентски, чекаш ред од 9 саат сабајле, пошо отвараат во 10 те буткаат од сите страни, сите испотени, ни ред ни ништо. Во случај да имаш работа па да дојдеш покасно - мисли му ја...
    Ќе си чекаш ред со саати додека теткиците "работат", па ајде ќе стигнеш некако на ред уште ќе ти се развика дека не ти биле правилно свиткани пријавите,во сета гужва те тера да ги превиткуваш, а од позади мрчат дека си се влечкала, а во најлош случај може да ти го фрли индекост и да ти се раздере, па да чекаш уште цел саат најмалце. Јас еднаш закаснив со пријавување 4-5 дена и плаќав по 400 денари од испит (казна). Нивните студенти си гу пуштаат преку ред и за нив нема казна, а ние обичните смртници и ќе чекаме и ќе плаќаме...абе трагедии.
    Исто кога треба да земеме потпис од професор за семинарска е патешествија....зошто ти го пишал овде, па ова не е соодветно место, па нели гледаше ти кога ти потпишуваше, па ај сега оди да го бараш професорот за уште еден потпис за позитивно оценета семинарка..... :x
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Немам некоја особена критика за вработените на Филолошки во Штип. Задоволна сум и од нивниот пристап, и од информациите што ми ги даваат љубезно секогаш кога ќе прашам нешто. До сега не сум имала некое непријатно искуство.
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Отсекот за реторички прашања при Филолошкиот факултет Блаже Конески ми ја направи најголемата каша во животот, поради ситна административна грешка, која скапо ме чинеше - неколку изгубени сесии, милион пролеани солзи и еден тон живци! :@
    Не ми се ни зборува, еднаш имам пишувано и се наежив и сега од мака, а помина толку време...
    НЕ, не сум задоволна, има дури една пријатна и воспитана женичка на Студентски прашања, меѓутоа нејзината трпеливост и добрина е капка во морето навреди и ароганција.
    Сфаќам дека има и безобразни студенти, мрзеливи и ќорловци, пред нив влепено соопштение, а препрашуваат по 100 пати, ама овие бре не ги разбираат ни работите за кои апсолутно никој нема одговор на Факултет, а се должни да го знаат сето тоа и убаво да го објаснат.

    Упатувам пофалба до Деканот и тој административен дел од Факултетот,
    отсекот за Реторички прашања (сам прашуваш - сам си одговараш) на чело со Шефот е убедливо најужасниот дел од факултетскиот живот.

    Неорганизација, невоспитаност, ароганција, хорор.
     
  7. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Офф леле сите со своите факултетски маки :( Кај мене на факултет идеш во студентски а од таму те праќаат директно да си видиш на огласна табла,пустите стаиле огромна огласна табла а на неа што се вика информации од 1999,нити резултати има нити ништо,има резултати само од времето на татко ми :P Катастрофа,мислам дека вакво нешто не постои на другиве факултети :^)
     
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Студентски прашања на Правен факултет = хорор филм!
    Тренираш издржливост на живци и физичка издржливост кога има гужва и турканици, така да во периодот кога се пријавуваа испити или се заверуваше семестар само најхрабрите преживуваа :). Незнам колку пати ми ја затвориле вратат пред нос, си чекам поштено од 10:00, зошто нели од 11:00 до 13:00 работат со студенти, и баш кога ќе дојдеш на ред - оп ќе ти ја затворат вратата зошто им завршило работното време. Утредента истата песна :@ . Она што најмногу ме изреволтира е кога дипломирав и ми фалеа верувале или не ,,само,, 8 пријави :( . Па трчав две недели да ги најдам професорите и ајде 7 некако најдов, ама еден професор никаде го нема. Им ги носам пријавите на тие тетките од студентски и им кажувам дека имам 7 пријави, а еден професор никако неможам да најдам. Кога се пушти таа едната да вика, неможело тоа така, немало да ми се издаде уверение, еј како да е моја кривица што лично тие ми ги изгубиле пријавите. Им викам дека јас уредно сум си го пријавила испитот и дека вината е нивна,дека сега професорот никаде го нема, а таа едната ми вика да одам и да го барам професорот во парламент :o . Ми пукна филм и право кај деканот. Не дека деканот ме прими, ама неговата секретарка беше душа жена. Леле кога им се јави на тие од студентски каша попара ги направи. Ми го зема индексот и непотполнетата пријава и ми рече дека ќе исконтактира со професорот и ќе му пренесе кога ќе дојде на факултет да сврати кај неа за да потпише пријави. Леле луѓе кога извади од фиоката цел куп пријави, ми олесна, не сум била само ја проблемот :lol: .
    Ова е само дел од маките на студетски прашања. Ако пишувам за се, треба три дена да пишувам ;)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    ^ Мхм, ова звучи многу познато. ;)
    Едно женчуле има кај вас на Студентски ... така ниско, бесно, страв и трепет за сите студенти, а богами и професори... :D
    Не ми текнува на името, другарка ми често ја споменува. :lol:
     
  10. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Иииии Тренди!!! :x Толку се строги казните кај вас? Обично кај нас на Економски кога ќе фатат дека некој препишува го казнуваат 2 сесии мислам...
     
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    :@ ДОНКА :@
     
    На IronLady и bubuu им се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Не, јас никогаш не сум препишувала.
    Мене ми ја погрешиле групата во компјутер.
    Кога биравме под Б во втора година, ми напишале еднопредметна, а јас си земав албански јазик.
    Собирав потписи, ми заверуваа семестри без проблем демек...
    Кога отидов во четврта, таа ме направи ненормална на Студентски.
    Ме убедуваше дека таква група не постои, џабе сум собирала потписи, џабе сум полагала некои испити...
    Ми рече со цел памет - Де бре девојче, што се нервираш, 5 ќе ти поништиме САМО, имаш и онака уште 6-7 со твојата непостоечка група, а оваа која што си (во компјутер) имаш само уште 12.
    Место 6 испадна 12 испити да полагам.
    :^)
    Па фино лепо молба кај Деканот, па после 3 месеци молење, убедување, штракна печатот и се исправи ситната грешкичка.
    После тоа изгубив и нерви и мотив за полагање и така си пропаднаа добри 3-4 сесии...

    @ BoaVista - Донка, да, ДОНКА!!! :lol: :devil:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Се согласувам со Трендафилка за на Филолошкиот факултет Блаже Конески.
    Среќа пријавувањето на испити беше електронско, којзнае што ќе доживеев таму. Секогаш дрски, нервозни, крајно нељубезни и исфрустрирани, мрзливи, неорганизирани и со добри гласни жици - ете такви беа. Ретко одговараат на прашања, те шетаат ваму-таму за на крај да испадне дека тоа е нивна задача и одговорност за која не знаеле или не сакале да знаат :fubar: . Да не зборувам за тоа кога дојде време пријавите да си ги средам за да добијам Уверение. Хаос. Цело досие каша-попара :devil: :sweat:
    Сепак има ЕДНА светла точка. Имав голем проблем со еден професор, отидов кај шефот на студентски, тој најстрашниот. Бев ептен наелектризирана и нервозна, со жалбата во раце, се објаснив во детали и прашав: Што сега? За првпат внимателно ме ислуша, културно и без дерење ме упати во Деканат каде со помош на Продеканот за настава, а во консултација со Деканот го средив професорот. Им благодарам.
    Студентски прашања - отсек страва и ужаса :D
     
  14. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Aххх... Донка од студентски на правен... За среќа не сум била нејзина жртва, секогаш ме прима еден многу љубезен чичко. Ама при секое мое влегување таму, мора моите уши да страдаат од нејзиното урлање. Кога запишуваме семестри тоа е хаос невиден, се туркаме со еден куп листови во рака, се бориме за да стигнеме до шалтерот.
    За среќа не пријавуваме испити и колоквиуми на студентски, туку се' оди електронски, па во таа просторија влегувам на секои 6 месеци што не е толку страшно. Страшно било порано кога се' одело преку студентски, сега нам ни е олеснето.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Јас пак воопшто не можам да се пожалам од студентски прашања кога студирав. Луѓето беа фини, културни и љубезни. Инциденти не паметам од нивна страна, тоа обично се случуваше кога ќе дојдеа некои т.н студенти кои одвај да се појавуваа на факултет, па им беше тешко да заверуваат семестри, да собираат потписи и да пријавуваат испити. Но како и да е, никогаш сум немала проблем, од прв до последен ден секогаш биле тука, дури и вон работно време (во смисла, работно време со студенти и странки) ако имало потреба.
     
  16. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Јас незнам што е работата, ама досега на студенстки прашања не сум налетала на некој фин човек. Сите прават понашања, фрлаат индекси, викаат, мрзе ги да работат, па те враќаат по 100 пати за една работа што можат одма да ти ја направат. Па тие се таму за да ги услужат студентите и да им одговорат на секое прашање љубезно, а не вака. И кај само 3 саати работат со студенти и тоа не им е погодено :@
    А, еве една интерсна случка која се случи на студентски прашања, се изнасмеавме сите што бевме таму.
    Доаѓа еден студент и разговара со тој што работи на студентски. Требаше да објасни дека уплатил уплатници, ама незнам нешто прооблем се јавил. И студентот збунет вика: Јас ги уплати утакмиците наместо уплатниците, и овој од студентски му вика утакмиците а? реал - барса? :rofl: :rofl: :rofl: Леле се изнасмеавме сите што бевме овде.
     
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    За време на моето студирање немав некои посебни тешкотии со вратите наречени студенски прашања. Не дека се фини, далеку од тоа, но очигледно кога ќе ми текне јас сум имала дебели живци. Ајде 1 година им дозволуваш да ти вршат тортура, втора им учиш цака, трета малку ги заебаваш ти, четврта можам да ви кажам дека си станавме пријателчиња. Само затоа што секоја година ни се менуваше одговорниот т.е. кај нас на факс си имаше вработен кој не тераше преку цела година. Ако не се спријателиш со некој од нив си го е**л ежот :lol: :lol: Затоа 4та решив да се спријателам со нашиот шалтерист и затоа навреме ми ги средуваа документите и за дипломската т.е. средувањето на тие документи. Сама си го отворив досието и си бркав работа. Но во целост студенски прашања се смрт во цело студирање ;)
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.499
    Пол:
    Женски
    Јас додека чекав, пред мене беше еден дечко. И му го дава индексот со пријави и ваљда нешто не запишал ко што треба, кога му го фрли индексот, па почна пред сите да му се дере дали бил писмен и како воопшто станал студент. А детево изгледа прва година беше, се збуни целото, поцрвенe и фати магла.

    Јас кога бев прва заглавив на еден предмет. И кога се распрашувавме на студентски за услов, за кредити и се тоа, тие не ни ни кажаа дека, всушност, еден предмет ни бил изборен и сме можеле да не го полагаме. Цела година нерви губевме и испадна дека било за џабе.
    Друга работа е што да отидеш и сите истото да ги прашаш, различно ќе ти одговорат. И они немаат поим за некои работи....
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Една од предностите на студирање на приватен факултет се немање нервози околу студентски прашања.
    Секогаш биле фини, расположени, секогаш помагале, баш секогаш. Си има рокови ги истакнуваат секаде, твое е ако згрешиш нивно не. Не губит ич пријавни, испитни листови.
    Од таа што мене ме водеше на правниот факултет си имав и мобилен, па кога се вработив за се што требаше и се јавував на телефон да ја прашам за да не одам до факултет. Никад ме нема одбиено.
    Ама малку има разлика порано помалку студенти беа, сеа се премнооооогу, така да воведоа малку подруг ред нема од 8 до 4 да ги замараш него 11 до 4 така нешто aли пак и тоа е добро. Како и да повеќе од 15 минути нема шанси да чекаш, се брзо се завршува.
    За секое битно известување ни праќаат писма, а ако нешто во досието не е во ред и ни се јавуваат на мобилен :)
     
  20. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Значи единствена олеснителна околност на Медицински факултет се Студентски прашања. Може факултетот нерви ни искина ама чичко Аце и чичко Пеце на студентски срциња се. Дури и жал ми е за нив. Од 11-13 часот не знаат кај им е главата, еден тон народ ама тие глас не пуштаат и плус мајтап си прават на своја сметка. Не знам колку пати ако им барам нешто што не им е блиску или треба да бараат, ми викат ај влези барај тука, ко ке најдиш кажи ми ќе ти средам. Буквално ко и тие да се студенти па се сочуствуваат со нас, за се можат да ти се најдат. Сум била еднаш на економски со една другарка, навистина не знам како се расправате со тие исфрустрирани теткици, навистина не се за во јавност да ги пуштиш а камоли на шалтер да работат.
     
    На mode-kristina и 2012 им се допаѓа ова.