Ова ми се појавува на iknow, а ги имам сите оценки и потписи за 7 семестар, а за 8 семестар ми фали уште еден за да биде 50%?
Дали презапишуваш предмет по 3 пат? Ако е да тогаш те префрлат во кофинансирање, или немаш положено пола од запишаните предмети, за потпис не се префрлува во кофинансирање
Не презапишувам предмет, видов дека ми фалат оценки во iknow што во индекс ги имам најверојатно тоа е.
Подобро кога ке си во можност оди со индекс на факс и од таму да ти сменат И мене не ми е јасно зошто толку го гледаат iKnow кога професорите воопшто не се уклучуваат и не потполнуваат... Мене ми имаат ставено оцени само по 2-3 предмети во еден семестар иако ми се положени сите до сега, некои професори воопшто никогаш се немаат ни вклучено на iKnow
Системот е убаво осмислен, проблемот е што некои не се ажурни и на време не внесуваат оцени и затоа не функционира добро како што треба да функционира. Може да е многу функционален и корисен, да го користеа сите како што треба.
Здраво, дали некој знае како да направам нова пријава на iKnow? На првиот факултет не бев примена и сега сакам да се пријавам на втор уписен рок на друг, дали треба да си направам нов акаунт или? Зошто не ми дава опција ни за нов акаунт, да се регистрирам…тргната е
Дали има некој што се запишува на втор уписен рок и знае зошто не постои веќе опција “регистрирај се” на iKnow?
Здраво, дали некој знае да ми објасни како се пресметува цената која треба да ја уплатам за повторно запишување на предмет кој не сум го положила? Пишува дека се пресметува според ЕКТС од предметот. ЕКТС х 1000 денари или..?
Изгледа секој факултет различно. Кај нас е по 400 кредит во приватна квота, 200 во државна. Пр. 400×5=2000
Како 600/400 или 1000? 400/200 треба да биде За државна квота се плаќа 6000 по семестар, се запишуваат 30 кредити, 6000/30=200. За приватна квота се плаќа 12000 по семестар, се запишуваат 30 кредити, 12000/30=400. Кредит во државна квота е 200, а во приватна 400. Се останато нема логика и е легална кражба
Така треба да биди, ама нее така. Кај нас 600ден 1 ектс во приватна за презапишување, летниов семестар за 1 предмет од 8ектс платив 4800.
Да сфатив, муабетот ми е дека секој си прави како сака, а не како треба, на некој ќе му текне и 2000 од кредит ќе наплаќа. Си лупаат цени од ракав, а не како е логично и правилно.