Прашањево мое повеќе е за втор циклус на студии. Стигната сум до самиот крај односно потребно е да го изработам магистерскиот труд, но поради тоа што останав бремена, а сум со ризична бременост (само лежење ми е дозволено) и не можам да се фокусирам за ништо на светов сакам да знам дали можам да ги ставам во мирување студиите веќе кога сум дојдена во оваа фаза? Ако знае некој би била благодарна на одговорот.
Каде треба да пријавам комисиски испит? Веќе по 6ти пат ме паѓа, секоја сесија у 2 декади идам и никако да ме положи, при што сега се обиде и будала да прави од мене ми покажува задачи на увид кои ги немам пишувано јас, односно се изменети има нешто допишано или избришано, а веќе неам нерви да полагам еден ист предмет што не ми е ни од струка туку ни е уфрлен за он да има фонт да зима плата.
Здраво.Дали некој знае кога започнуваат предавањата од летниот семестар на технички факултет Битола?Испитната сесија е до 15 фебруари.
леле смешав мислев за комисиски полагање на испит дали се плаќа, не само потврда за редовен, моја грешка
Овде слабо има одговори, особено за втор циклус. Можеш да прашашмна студентски задолжени за втор циклус на тој факултет за да ти кажат најпрецизно, па можеш и да споделиш што ти одговориле. Со среќа
Колку што знам најпрво треба да ти се внесени 5ки во систем за да имаш право (некои професори намерно не внесувале). Ако ти се внесени, провери дали ти излегува некоја опција во iknow. Во секој случај, секогаш можеш да прашаш на студентски што ти треба, но веројатно само некое барање/молба да доставиш.
Еве инфо ако на некого му затреба, мирување на студии може да се побара во секој момент кога ќе се исполнат услови според член 79 од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв и втор циклус на студии на Уким. Се поднесува барање како и документација за причината за исполнување на еден од условите.
А имаш уредно пријавувано полагање до сега? Офф, не знам како би било, само имам слушнато дека со 5ки внесени имаш право да побараш комисиско. Прашај на студентски ако не.
Да да, се ми било пријавувано до сега. На студентски ми рекоа дека од декант ќе треба да ми одобрат при што ќе треба да се формира комисија од 3 члена, ама проблем било што тој предмет не го предава никој друг и не знаат кој би влегол во таа комисија. А и се чудеа како ми било дозволено да полагам еден ист предмет повеќе од 3 пати.
Нема што да се чудат кога самите професори даваат можност на секој рок да се појавуваш... И што ако не ти дозволи, ќе те отпише од студент?! Се надевам дека ќе оформат комисија и ќе положиш за брзо. Пиши што ќе биде.
Пополнувам пријава за испит и нешто ме буни хаха Овој предмет не го положив во првиот семестар и сега во третиот го презапишав предметот. „Семестар и учебна година кога се слушал предметот“ Дали треба да напишам први семестар 2021/22 или дека го презапишав трети семестар 2022/23? „По кој пат се полага испитот“ првиот испит лани не го положив, треба втори пат да напишам или прв пат за оваа учебна година? Ова со пријавите е хаос ама сакам да разберам како функционираат испитите за презапишаните предмети, сепак им плаќам многу за овие предмети
Првиот пат на слушање ќе го пишеш т.е 2021 зошто сега тие презапишан и не мораш да го слушаш пак чим еднаш тие ислушан и имаш потпис од тој семестар т.е првиот, така да 2021год зимски семестар а по кој пат се полага ќе пишеш нормално колку пати го полагаш во случајов втор пат. Иначе тие т.е професориве не го ни читаат многу многу тоа што пишува на пријавата. едит: кога ќе заверуваш семестар треба повторно да го внесиш во индекс предметот и пак потпис без разлика на потписот од првиот семестар, професор/ката треба да внеси повторно потпис, не ти прават проблем за тоа пошто веќе тие ислушан во прв.