Пишуваше дека и останатите е препорачливо да не работат тие денови. На 29.11 ќе бил работен до 12 часот. На мојот факултет утрото ќе имаме предавања, а после онлајн. За во четврток ни кажаа дека ќе нема предавања.
Дали некој знае како се пријавуваат испити на iknow? и дали тие положени од колоквиум исто така се пријавуваат?
Кога ќе се најавиш на својот акаунт, одиш во прозорецот Пријави од лентата горе. Ќе ти излезат предметите. Ќе ги селектираш оние предмети кои сакаш да ги прикавиш за полагање и потоа ќе стиснеш Пријави. Треба да ти се појави табела со пријавени испити за јануарската сесија. Предметите положени на колоквиуми исто така се пројавуваат, бидејќи во спротивно професорот нема да може да ти внесе оценка.
Како поактивна тема тука ќе прашам иако можеби не му е место на прашањето. Прв пат правам Семинарска работа, во неа ако цитираме нешто од книга треба да ни биде обележано. Како треба да биде обележано? Како индексче до реченицата?
Зависи како ви бараат на факс. Јас правам вака: Бла бла бла бла бла блаа. (1) и после во најдолниот дел имам Цитации: цела страна и кореспондентно со бројчето имам целосна цитација. Можеш и вака: Бла бла бла бла бла блаа. (Марковски et al.) и после имаш пак на крај целосни цитации ама во овој случај идеш со цитации по азбучен ред.
Кога ќе го вметниш цитатот или реченицата во заграда ќе го ставиш изворот на цитатот, пример, Втората светска војна заврши со испалувањето на атомската бомба на Соединетите држави врз Хирошина и Нагасаки, принудувајќи ја Јапонија да објави капитулација и да се започнат преговори за мие. (Марксизам и самоуправување - Блаже Марковски) И на крајот од семинарската ќе ги напишеш сите извори на цитати, како што ти кажаа погоре.
За меркава доделување на пари за превоз на студентите, се однесува ли само на тие што користат месечна карта?
Можно е да има промена, или да направат исклучок. Тие од студентарија се сретнале со претставници на министерството, не зборуваат од памет.
Нема потреба од месечен билет ниту таа потврда што ја кажуваат и издаваат превознициве и што барале пари. Доволно е да ја сликаме фискалната од картата или пак screen shot од ценовникот на веб сајтот на автобуската. И повеќе пати да се прикачат за да ни ги пресметаат по 1200.
Има релации каде картата е помалце од 600ден. Пример ако е 200денари, треба да се прикачи 6пати за да испадни 1200. Од МОН рекле дека сите студенти ќе земаат по 1200, само на апликацијата треба да се прикачат повеќе пати картите со фискална додека се постигни приближно сумата од 1200.